Љутков: Обезбедени се речиси 24 милиони денари за санација на Универзитетската библиотека - Канал 5

Љутков: Обезбедени се речиси 24 милиони денари за санација на Универзитетската библиотека

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, информира дека завршени се сите процедури и обезбедени се скоро 24 милиони денари за санација на блок 3 и 5 како и кровот на универзитетска библиотека „Св. Климент Охриски“-Скопје.

Љутков: Обезбедени се речиси 24 милиони денари за санација на Универзитетската библиотека

Министерот на денешната прес - конференција во библиотеката посочи дека избран е надзор за проектот и дека почнува санацијата.

-Лани неполна година направивме увид на состојбата на библиотеката и она што го видовме беше во очајна состојба. Ветивме големи чекори за санација и од тој период до сега заедно со директорот ги звршивме сите процедури. Конечно заврши јавната набавка и обезбедени се скоро 24 милиони денари за санација во првата фаза, а тоа се блоковите 3 и 5 и поправка, конкретно на покривот за да нема протекување во објектот. После долги години првпат се случува ваква санација во овој објект и се надевам во идниот период после завршувањето на овој зафат, мислам дека тоа е некаде за околу шест месеци, до крајот на оваа година треба да заврши, ќе продолжиме со санација и на другите делови и останатите фази. Избран е и надзорот за проектот, сите фази се завршени и почнуваме со санација, изјави Љутков.

Директорот на библиотеката Јовица Ничевски информира дека ова е само првата фаза од проектот.

-Со ова би ја завршиле првата фаза, бидејќи се состои од три фази. Втората опфаќа замена на плафонските стакла и третата фаза е рестарвација на фасадната површина на мермерните блококови, но тоа би било согласно владината програма, рече тој.

Во однос на новиот дел во библиотеката кој бил пуштен во 2009 година Ничевски посочи дека долги години не е во функција поради запоставеност.

-Новиот дел кој е пуштен 2009 година, за жал, и тоа е еден дел кој е оставен без нормално греење и ладење и системот долги години не е во функција, не е сервисиран не е доволно одржуван. Но ние прваиме напори односно сме во фаза на отворање мултимедијална читална и за кратко време околу септември планираме да ја отвориме таа мултимдијална читална и дел од таа зграда веќе би бил во употреба, соопшти тој.

Одговорајќи на новинарско прашање за дистрибуцијата на правописот, рече дека тоа е исто така една од тековните работи за кои се обидуваат да ги завршат што поскоро.

-Правописот е исто така една од тековните работи кои ветивме дека ќе ги завршиме можам да кажам дека повеќе од 50 отсто е дистрибуирано и тоа во најголем број од библиотеките, дел од факултетите, имаме договор со агенцијата за иселеништво и преку нив дистрибуираме во странство како што веќе знаете имаме договор со ЗЕЛС за да ги опслужи основните училишта, следни се министерставта и се надевам до септември целосно ќе завршиме, изјави тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски градоначалник почина среде состанок- телото му го извлекле низ прозорец

Градоначалникот на Графинг во близина на Минхен, Кристијан Бауер, почина ненадејно на 57-годишна возраст за време на состанокот на градежната комисија во вчера вечерта.

Германски градоначалник почина среде состанок- телото му го извлекле низ прозорец

Според извештаите на германските медиуми, Бауер ја изгубил свеста и се струполил за време на состанокот. Членовите на одборот кои биле присутни веднаш му укажале прва помош, а набрзо пристигнале болничари и лекар од брза помош.

Обидите да се реанимира биле неуспешни. Според „Еберсбергер Цајтунг“, Бауер починал во болницата „Еберсберг Минхен Исток“.

Бауер бил во брак со сопругата Андреа повеќе од 30 години. По него останале две ќерки и еден син.

Според „Минхнер Меркур“, Бауер го отворил состанокот како и обично. Сепак, без никаква очигледна надворешна причина, тој одеднаш ја изгубил свеста и се струполил.

Во драматичната ситуација, пожарникарите процениле дека најбрзиот начин да го извлечат Бауер од градското собрание е преку голем прозорец, па затоа користеле ротирачка скала.

Ресусцитацијата продолжила за време на транспортот со брза помош. За градоначалникот што побрзо да биде однесен во болница, пазарот во Графинг беше затворен.

Меѓутоа, и покрај сите напори на лекарите и службите за спасување, помошта на крајот пристигна предоцна.

Според медиумските извештаи, Бауер неодамна се опоравил од пневмонија. Се вели дека сакал лично да претседава со состанокот на градежниот одбор, бидејќи неговиот заменик исто така бил болен во тоа време.

Бауер го започна својот втор мандат како градоначалник на Графинг на почетокот на оваа година. Градот се наоѓа околу 30 километри југоисточно од Минхен.

Пред да стане градоначалник, Бауер работеше како благајник во Графинг 22 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владо Мисајловски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Владо Мисајловски  во „Само интервју“

Коските што му се припишуваат на Самоил од Солун кон Софија ќе патуваат ден по посетата на Фон Дер Лајен, каква порака ни праќаат соседите, а што ќе ни донесе претседателката на Европската комисија?

Извесен ли е старт на нашето „европско патување“ преку постепена интеграција и уставни измени со одложено дејство?

Што купува армијата и колку тоа ја чини земјава, со какво темпо се модернизира?

Имаме ли војска согласно НАТО стандардите? САД или ЕУ – што ќе избереме ако се продлабочи јазот во Алијансата?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полова сегрегација во Лондон- мажи и жени посебно чекаат во ред во маркет поради попуст на масло (ВИДЕО)

Еден британски азиски супермаркет стана вирален откако се појавија снимки на кои се гледа родова сегрегација, или одвојување на редовите за мажи и жени.

Полова сегрегација во Лондон- мажи и жени посебно чекаат во ред во маркет поради попуст на масло (ВИДЕО)

Снимката е направена за време на неодамнешна промотивна продажба, објави Дејли Меил.

Снимката, направена во супермаркетот Масала Базар во Ромфорд, прикажува жени, многу од нив облечени во традиционална муслиманска облека, како чекаат со деца од едната страна на продавницата за да земат масло за готвење.

Снимката од супермаркетот во источен Лондон потоа се движи низ долг ред покриени замрзнувачи за да открие посебен ред мажи од другата страна, кои чекаат на истиот производ.

Масала Базар, кој е специјализиран за халал месо и јужноазиски производи и состојки, управува со продавници низ цела Велика Британија.

Снимката е направена додека трговецот на мало ја прославуваше третата годишнина од својата филијала во источен Лондон минатиот месец. Одделни редови за мажи и жени беа формирани на 28 август, додека на клиентите им беа делени шишиња растително масло.

Во текот на следните неколку дена, повторно се формираа редови, исто така во голема мера поделени по пол, додека персоналот делеше она што изгледаше како парчиња месо и замрзната риба.

„Им кажавме на клиентите дека мора да чекаат во ред, но не можевме да ги контролираме. Луѓето автоматски почнаа да формираат ред, со мажи од едната страна и жени од другата. По околу една минута, сите беа повторно заедно“, рече менаџерот на продавницата.

Ромфорд некогаш беше една од најпознатите области на белата работничка класа во Лондон, но во текот на изминатите неколку децении претрпе длабоки демографски и културни промени.

Таканаречениот „бел егзодус“ во соседниот Есекс го намали процентот на бело население во градот од 95,2 проценти во 2001 година на 75,3 проценти денес. Во истиот период, процентот на жители кои се идентификуваат како Азијци се зголеми од 2,1 процент на 10,7 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер