„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
1„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
2Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
КултураЉутков: Не помина тендерот за изградба на Универзална сала, има жалба во однос на изведувачотМинистерот за култура, Зоран Љутков информираше дека тендерот за изградба на новата Универзалната сала не поминал. Вели дека вакво известување добил од Комисијата за жалби, откако според него, имало одредена жалба во однос на изведувачот. Тагови: Љутков Универзална сала Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНови превирања околу изборот на македонскиот судија во Стразбур Продолжуваат конторверзите и превирањата околу изборот на нов судија во Стразбур, откако Советот на Европа по втор пат врати еден од предлозите на националната комисија – адвокатката Ана Дангова – Хуг..Поранешната уставна судијка – Наташа Габер – Дамјановска која беш дел од пријавените кандидати, но не влезе во потесниот избор, во објава на социјалните мрежи ја нападна Комисијата, која според неа не ги спроведува постапките соодветно. „За да се враќа листата толку пати, значи Комисијата не си ја завршила работата како што треба, според Упатството на Советодавниот панел. Срамота.“ – Стои во нејзината објава. Иако не го наведоа името на Дамјановска – Габер, од Комисијата сепак и одговорија. Оваа практика на враќање на листи не е невообичаена во Стразбур, велат од таму и посочуваат дека Експертскиот панел немал никаква забелешка за работата и постапките на Комисијата. Па, оттаму додаваат, неприфатливо е кандидат кој е незадоволен од нивната работа, истата да ја квалификува на недостоен начин. -Во таа смисла, доколку и Комисијата одговори на истиот начин, одговорот би бил дека тој кандидат е подобро да се соочи со срамот од неговата работа, кој е нотиран во извештај на Државниот завод за ревизија, наместо да дава неумесни квалификации за работата на Комисијата. – стои во реакција на Комисијата од каде алаудираат на извештајот на ДЗР за утврдените состојби во Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година, каде меѓудругото, пороблематични беа некои исплати на надоместоци, процедури за јавни набавки и контролата на трошењето на јавните средства, во време на директорувањето со Академијата на Габер Дамјановска. Инаку, Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа оценил дека предложената кандидатка Дангова – Хуг не ги исполнува во целост критериумте за судија во Стразбур, па на нејзино место едногласно била предложена адвокатката Јелена Ристиќ, кандидат кој за Канал 5 го потврди претседателот на Уставен и на комисијата за избор – Дарко Костадиновски. Хуг беше предложена, на местот на адвокатот Јордан Апостолоски, кој исто така беше вратен како несоодветен предлог. Свен Ристиќ, во игра остануваат и адвокатката Наташа Бошкова и деканот на Правниот факултет – Сашо Георгиевски, а конечниот избор се очекува најдоцна во јануари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска два нови пожари, ер тракторите се на теренВо текот на вчерашниот ден имало 30-тина пожари на отворен протстор.Речиси сите се изгаснати или ставени под контрола информира Ангелов Пожарот на Китка е ставен под целосна контрола, последната огнена бикта на кракот кон Палиград е ставена под контрола, чадење има само уште во еден дол, но е опкружен од сите страни и очекува денеска да го прогласат за исгазнат. Денешен ден има 2 нови пожари, во с.Копаница- Сарај кон Тетово, на планината Жеден, ер тракторите се на терен, линијата е голема и поради ветрот и сувата вегетација има шанси да се прошири Втор голем пожар е во Тетовско некаде кај православните гробишта и се шири кон Шар Планина, на терен се тетовски пожарникари и полицискиот хеликоптер и се очекува наскоро да биде ставен под контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
МакедонијаНов план за проширување на ЕУ – ќе се спречат ли нови билатерални условувања?Не се предвидуваат нови критериуми за членство во Унијата во планот кој еврокомесарката Марта Кос го претстави пред Конференцијата на амбасадори во ЗагребНе се предвидуваат нови критериуми за членство во Унијата во планот кој еврокомесарката Марта Кос го претстави пред Конференцијата на амбасадори во Загреб, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тоа што е наша обврска надвор од билатералните услови ќе го испорачаме и ќе бидеме најдобри во тоа, уверува тој. -Нема нови критериуми кога станува збор за пристапување кон Европската унија на земјите кандидатки, сега за сега, ќе видиме што ќе се случува понатаму. Има неколку предизвици кои што стојат на располагање и се пред нас не само како држава туку и на самата Европска Унија,- -Христијан Мицкоски, претседател на влада. Планот на Кос за сеопфатна реформа на проширувањето за Македонија подразбира етапен процес на интеграција каде од нас се бара целосна усогласеност со европските политики и активно исполнување на реформската агенда, оценува аналитичарот Тони Поповски. Според него, не се работи за предлог кој предвидува т.н. членство од втор ред, туку како што вели, се нудат можности за постепено интегрирање до финалната цел – подготвеност за полноправно членство. -Европската комисија прави напор да формулира еден концепт кој би овозможил некакви заштитни механизми во услови на т.н постепено интегрирање на државите кандидатки за членство. Истовремено се тангира и процесот на одлучување од причина што Комисијата смета дека на тој начин би се зголемила ефикасноста во носењето на одлуките што за нас е особено значајно бидејќи како што сите знаеме, не само за нашата држава, има процеси каде што постојат тенденции за билатерални условувања,- - Тони Поповски, Аналитичар. Според Поповски иако за нас новиот план нема да го промени условот за уставни измени, сепак, тој може да предвиди политички механизам кој би спречил билатерални условувања надвор од Копенхашките критериуми. Во таа смисла , може да се дадат политички насоки, да се овозможи повлијателна улога за Европската Комисија како чесен брокер и оценувач на напредокот на секоја држава кандидат и кога ЕК ќе препорача да се отвараат поглавја од преговорите па се до финалето, тие препораки да се примарно испочитуваат,- - Тони Поповски, Аналитичар. Според планот еврокомесарката Кос кој се очекува да биде усвоен кон крајот на следниот месец, ЕУ треба да се прилагоди на идното проширување, преку внатрешни реформи во Унијата, посилни заштитни механизми против назадувањето на демократијата во новите земји членки , како и поамбициозен пристап кон постепената интеграција за земјите-кандидатки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56