КултураЉутков: Наследивме култура со долгови, без стратегија и девастирани институции, денес зборуваме за целосно ресетирање и рестартирањеДенеска не зборуваме за исполнување тековни обрвски или административни извештаи, туку за целосно ресетирање и рестартирање на културата и туризмот. Ова е времето на нови пристапи, на стратешки реформски определби, на професионалци и стручни тимови со енергија и желба за просперитет. Вака министерот за култура и туризам, Зоран Љутков ја почна прес-конференцијата на која дава отчет за сработеното во изминатата една година. Како што напомена Љутков, буџетот за културата за 2025 година е зголемен за 55 милиони денари. Со правилно планирање на средствата, видно зголемување на програмите има во драмската програма за околу 40 отсто, за меѓународна и заштита на аудиовизуелните добра зголемувањето е 30 отсто, за визуелни уметности, архитектура, дизајн, библиотечна и издавачка дејност за 25 отсто, а прв пат се воведени и делегирани буџети во 18 установи. -Во 2024 година наследивме култура без стратегија, без утврдени приоритети и акциски план, годишна програма со скратени средства, инвестиции сведени на минимум без динамика на рализација и целосно девастирани институции. Наследивме долгови од 273 милиони денари само по основ на плати во националните и локалните установи кои ги оебзбедивме веднаш со ребалансот на Буџетот. Дополнително, обезбедивме и 71 милион денари за програмски активности и преку 78 милиони за проекти за општините. Од денешна перспектива можеме да кажеме дека културата повторно е во фоксуот на јавната сцена и јавниот живот, добива политки кои носат реални резултати, иституциите добија нова енергија, а граѓаните квалитетна богата културна понуда, напоемна министерот. Информира и дека е реализиран реформски годишен конкурс за поддршка на проектите од национален интерес во културата, како и дека прв пат се донесени посебни акти поврзани со постапката за спроведување на годишните конкурси. Љутков: „Стоби“ и „Универзална“ ќе добијат плата кога ќе достават пресметки според договореното Од 124 институции само во две управните одбори ги уважиле жалбите на мал дел од вработените, едната е НУ Археолошки локалитет „Стоби“ која е под Министерството за култура и туризам, а другата е Универзална сала, каде само ги исплаќаме платите, а директор и управни одбори назначува Град Скопје. Тие доставија нови пресметки на плати, им вративме дека ќе мора да ги направат пресметките така како што сме се договориле, според Законот за култура, според Колективен договор, според Општиот договор. Се надевам дека во наредниот период ќе ги исправат пресметките и ќе ја добијат платата во најбрз можен рок. Претпоставувам дека тие беа првите и последните институции кои доставија ваква пресметка на плата и во иднина нема да постои ваков проблем, рече денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Одговораќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за сработеното во изминатата година, Љутков информира дека Инспекторатот за македонски јазик е формиран, назначен е и директор, а во тек е систематизацијата која треба конкретно да дефинира какви работни места се потребни. -Кога ќе заврши таа фаза, ќе почнеме со вработување и во Инспекторатот, но и на лектори во сите институции согласно Законот за македонски јазик, потенцира министерот. Во врска со чистењето на Калето, нагласи деека очекува целиот процес да биде заокружен до крајот на годината. -Ја направиме динамиката за да нема повторно застој. Она што видовме што се случува беше мал процент, потоа викнавме стручни екипи кои увидоа многу поголеми проблеми создадени од активното неодржување на Калето и во двата музеја. Од таа причина се создаде поголем вакуум простор за реализација, но фазата е при крај, почнуваме со чистење, а по ребалансот ќе продолжиме непречено да работиме и се надевам дека до крајот на годината ќе биде готово. истакна Љутков.Тагови: Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агендаДенеска се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда.Денеска се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда, на кој се разговараше за тековните активности, постигнатиот напредок и следните чекори во реализацијата на предвидените реформи. Нашата определба останува јасна, доследно исполнување на преземените обврски, забрзување на реформските процеси и создавање поефикасни институции, посилен систем и подобри услови за живот на сите граѓани, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏони Деп некогаш заработуваше милиони, а сега е задоволен со многу помал хонорар (ВИДЕО)Џони Деп ќе добие хонорар од пет милиони долари за неговата улога во новиот филм „Ебенезер“, што е значително помалку од сумата што ја заработувал во Холивуд. Извор близок до продукцијата тврди дека актерот се согласил на таков договор затоа што верува во проектот и сака да има удел во сопственоста на филмот. „Тој се согласил на креативниот договор затоа што се грижи за проектот и сакал да обезбеди значителен дел од заработката. Не станува збор за потенцијален бонус, туку за фактичко сопствеништво на филмот“, рече изворот. „Ебенезер“ е нова адаптација на познатото дело на Чарлс Дикенс „Божиќна приказна“. Се претставува како потемна, готска верзија на приказната и ќе биде режирана од Ти Вест, позната по хорор филмовите „X“, „Pearl“ и „MaXXXine“. Некогаш заработувал толку многу што Форбс го прогласил за најпреплатениот актер Деп некогаш беше меѓу најплатените холивудски актери, но списанието Форбс во 2015 и 2016 година го прогласи за најпреплатениот. Причината беше разликата помеѓу неговите хонорари и заработката на филмовите во кои глумеше. Според анализата на Форбс, филмот од 2016 година „Алиса низ огледалото“ заработи само 2,80 долари на кино благајните за секој долар што му беше платен на Деп. Уште во 2011 година, актерот отворено зборуваше за големите суми што ги добил за улогата на капетанот Џек Спероу. Потоа призна за „Венити фер“ дека прифаќа такви пари поради своите деца, ќерката Лили-Роуз (27) и синот Џек (24), кои ги има со поранешната партнерка Ванеса Паради. „Ако се подготвени да ми платат толку луда сума пари, секако дека ќе ги земам. Морам. Гледате, тоа не е за мене. Го правам тоа за моите деца во овој момент. Звучи смешно, но на крајот на денот, тоа не е за мене. Тоа е за нив“, рече тој во тоа време.Тагови: Џони Деп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаВработени во „Nvidia“ бараат враќање на Џенсен Хуанг по скандалотНекои вработени во „Nvidia“ бараат коосновачот и поранешен извршен директор, Џенсен Хуанг, да се врати на чело на компанијата, откако тој поднесе оставка среде скандал поврзан со вонбрачни афери.Според „Wired“, кои имале увид во внатрешната комуникација, една објава на интерната мрежа – во која се повикува Управниот одбор да го земе предвид мислењето на вработените – собрала повеќе од 1.600 коментари, од кои повеќето го поддржуваат неговото враќање. Објавата била напишана од долгогодишен инженер во „Nvidia“ уште пред оставката на Хуанг, со барање до Управниот одбор да ги сослуша вработените пред да донесе одлука. По неговото заминување, почнале да пристигнуваат пораки за поддршка и повици тој да се врати на чело на компанијата. Вработените бараат да му се даде втора шанса Еден од вработените изјавил дека Хуанг треба да биде вратен доколку компанијата сè уште верува во својата мисија, додека друг напишал дека сите луѓе прават грешки и дека Хуанг, со оглед на сè што направил за „Nvidia“, заслужува втора шанса. Еден вработен отишол и чекор понатаму, испраќајќи е-порака до сите колеги во која побарал транспарентност околу заминувањето на Хуанг. „Застанувам зад Џенсен. Не затоа што верувам дека некој е безгрешен, туку затоа што одбивам да прифатам дека борбата за правда значи дистанцирање од човекот чие лидерство ни значеше толку многу“, напишал тој. Според „Wired“, некои вработени биле изненадени од оставката на Хуанг, бидејќи очекувале Управниот одбор прво да спроведе внатрешна истрага. Еден вработен тврди дека постои значителна поддршка за враќањето на Хуанг и изразува загриженост дека компанијата би можела да се соочи со сериозни проблеми без својот основач. Од „Nvidia“ и од новиот претседател на Управниот одбор, Харви Џонс, немаше одговор на барањата за коментар од страна на „Wired“. Хуанг заминува по откритијата за вонбрачни афери Да потсетиме, Хуанг поднесе оставка откако се појавија информации за негови вонбрачни афери – вклучително и врска со жена за која американските разузнавачки служби се сомневаат дека има врски со кинеското разузнавање. На 8 ноември, Хуанг призна дека ѝ бил неверен на својата сопруга, иако не го откри идентитетот на жената за која станува збор. Подоцна се појавија детали за врска со една од жените на раководни позиции во „Nvidia“, а Ројтерс извести и за трета наводна афера со вработена во компанијата. Хуанг не ги коментираше овие дополнителни обвинувања. Управниот одбор покрена истрага за да утврди дали Хуанг можеби бил цел на операција на странска разузнавачка служба. Досега, „Nvidia“ нема изнесено докази дека деловните тајни на компанијата или националната безбедност на САД биле загрозени. Колет Крес го презема привременото раководство на „Nvidia“ По заминувањето на Хуанг, долгогодишната финансиска директорка Колет Крес – која е дел од компанијата уште од 2013 година – го презеде привременото раководство на „Nvidia“. Таа одигра значајна улога во растот на компанијата и нејзината трансформација во еден од најголемите светски производители на чипови за вештачка интелигенција. Крес ќе раководи со „Nvidia“ сè додека Управниот одбор не пронајде траен наследник на Хуанг, кој беше еден од основачите на компанијата во 1993 година и ја водеше повеќе од три децении. Оставката на Хуанг предизвика голема неизвесност меѓу инвеститорите и вработените. Од почетокот на скандалот, „Nvidia“ изгуби околу еден трилион долари од својата пазарна вредност. Извор: Индекс.хрТагови: Nvidia Џенсен Хуанг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook