Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма - Канал 5

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, кој од 2004 година заедно со останатите театари во земјава  со одлука на тогашната Влада бил пререгистриран во НУ Центар за култура .

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, кој од 2004 година заедно со останатите театари во земјава со одлука на тогашната Влада бил пререгистриран во НУ Центар за култура со што ја изгубил својата примарна дејност театар, со решение од министерот за култура и туризам Зоран Љутков од денеска си го врати стариот статут и име НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес.

На денешната прес-конференција во фоајето на Театарот во Велес присуствуваа и најголем дел од 45-те вработени, а министерот Љутков родум велешанец, кој своите почетоци најпрво аматерски, а потоа и професионално ги правел токму во Велешкиот театар, потенцира дека ваквото решение им го врачува токму на денешниот празник нa нивниот патрон.

-Зошто е посебен овој ден? Бидејќи хронолошки ако гледаме овој театар отсекогаш го носел приматот театар. Никогаш во својата биографија, во својата формула, не користел други дејности од културата, како музичката, ликовната, фолклорната и останатите дејности, освен за тоа што постоел, а тоа е театар и секогаш си останал на своето како театар, потенцира министерот Љутков.

Жарко Спасовски, директор на оваа национална установа потенцира дека денешниот ден за нив е посебен затоа што е денот на нивниот патрон, на кој им се исправа една 20-годишна неправда.

-Да исправиме една неправда направена во 2004 година, а и ние сме функционирале и секогаш функционираме само како театар, но сме имале име Центар за култура. Денеска тоа ни е исправено и повторно сме тоа што сме театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. За среќа имаме човек кој ги знае нашите маки и проблеми, а кои се проблеми на сите институции во културата, нашиот министер за култура Зоран Љутков, потенцира Спасовски.

Министерот Љутков информира дека во овој краток период од шест месеци, во програмите во културата во 2024 од реализираните само 10 проценти на буџетот и програмите успеале да ги зголемат на 78 проценти и во делот на програмските активности и во делот на реформите и во делот на капиталните инвестиции, а и да ги вработат на неопределено 170 уметници кои биле на определено време.

-Со многу брз чекор успеавме на 170 уметници од А категорија во земјава, на кои кон крајот на 2024 година им зависеше нивното работно место, успеавме во последен момент заедно со пратениците во македонското Собрание да ги донесеме измените, да го донесеме Законот и конечно овие 170 уметници - носители на дејност конечно да си го добијат својот статус на уметници на неопределено работно време, што се двете битни работи, потенцира министерот Љутков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс

Попладнево во Њујорк, на маргините на Генералното собрание, министерот Муцунски оствари средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс.

Средба на министерот Муцунски со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс

Во фокусот на разговорите беа стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици, како и натамошното продлабочување на односите меѓу двете земји во рамките на стратешкото партнерство.

Акцентот на средбата беше ставен на реформските процеси, јакнењето на демократските институции, владеењето на правото, сојузништвото во НАТО и заедничкиот придонес кон европската и евроатлантската безбедност.

Соговорниците се осврнаа и на економската соработка, конкретните проекти преку партнерството „влада со влада“ и иницијативите од Берлинскиот процес за поголема регионална поврзаност и економски развој,соопштуваат од МНРиНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телото на убавата Лариса е најдено распарчено во багажник на автомобил- во Франција е уапсен нејзиниот поранешен

Телото на Лариса Брито дос Сантос (25), бразилска манекенка, беше пронајдено распарчено во багажникот на автомобил на автопатот А8, во близина на Ница, Франција.

Телото на убавата Лариса е најдено распарчено во багажник на автомобил- во Франција е уапсен нејзиниот поранешен

Грозоморното откритие е направено за време на рутинска проверка на автопатот, кога царинските службеници прегледале возило управувано од 29-годишен Французин идентификуван како Матие.

Подоцна се дознало дека возачот на запрениот автомобил бил во врска со манекенката. Против него се поднесени обвиненија, иако тој ги негира обвиненијата, според порталот Кларин.

Телото било непрепознатливо и исечено на парчиња кои биле ставени во различни пластични кеси, скриени во багажникот на автомобилот на поранешниот партнер на жртвата.

Мистериозниот случај добива нови детали како што минуваат деновите. Се дознава дека манекенката испратила порака преку WhatsApp до нејзината мајка, која е во Бразил, предупредувајќи ја дека нејзиното поранешно момче е во нејзината куќа.

„Матие е тука“, наводно ѝ пишала нејзината мајка во неделата. После тоа, секаков контакт со неа беше прекинат, сè додека распарченото тело не беше пронајдено во понеделник. Матие е уапсен и обвинет за фемицид.

Според официјални извори, 29-годишниот Французин има неколку претходни пресуди за кривични дела против безбедноста на патиштата, како и за трговија со дрога. Тој е поврзан со трговија со дрога.

Според Дамиен Мартинели, обвинител во Ница, телото имало повреди што се конзистентни со повреди нанесени од нож, а телото наводно било речиси целосно распарчено.

Пријава за исчезнување

Во текот на неделата, маж кој се претставил како пријател на Брита ја известил полицијата во Ница за исчезнувањето на манекенката, наведувајќи дека отишол да ја бара во нејзината куќа и дека видел маж како заминува оттаму со неколку торби што ги ставал во багажникот на автомобил.

Полициската истрага наводно била започната во недела. Подоцна било потврдено дека станот каде што живеела манекенката неодамна бил исчистен.

На истражителите не им требало долго време да ги поврзат двата настани, идентификувајќи ја мртвата жена како истата жена која била пријавена за исчезната. Возачот, нејзиниот поранешен партнер, беше идентификуван како можен убиец.

Властите наредија обдукција за официјално да се утврди причината за смртта. Бразилската амбасада во Франција го информираше семејството дека постапката е закажана за следниот понеделник.

Од Бразил, каде што веста брзо се прошири, весникот „О Глобо“ објави сведоштва од членовите на семејството на жртвата.

Тие наведуваат дека Лариса имала кратка врска со Матие и дека токму таа ја прекинала врската кога открила дека тој наводно е поврзан со локалниот организиран криминал во областа Ница.

Мајката на жртвата, Лилијан Брито Ногеира, потврди дека по раскинувањето, нејзината ќерка се обидела на секој можен начин да се дистанцира од Матие. Жената истакнала дека откако добила предупредувачка порака, се обидела да стапи во контакт со својата ќерка.

Според неа, еден маж ѝ се јавил и ѝ рекол дека Лариса спие. Кога Лилијан му рекла дека ќе се јави во полиција, Матие наводно го блокирал нејзиниот број. „Во тој момент, тој веќе ја убил мојата ќерка“, рекла таа.

Лариса Брито дос Сантос се преселила во Франција во 2023 година, откако претходно работела во ноќни клубови во Сао Паоло.

Додека била во притвор во Ница и на располагање на истражителите, Матие, според локалниот весник „Нас Матин“, ги негира обвиненијата против него. Сепак, истрагата е сè уште во тек.

Сега, семејството на младата жена во Бразил организирало собирање средства за да ги покрие трошоците за репатријација на нејзиното тело.

„Треба да ја видам ќерка ми“, изјави Лилијан за „О Глобо“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Палестинскиот претседател до Трамп: Исполнете ги ветувањата што ни ги дадовте

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ги исполни ветувањата дадени на арапските земји за спречување на раселувањето на Палестинците и анексијата на палестинската земја.

Палестинскиот претседател до Трамп: Исполнете ги ветувањата што ни ги дадовте

Абас го објави ова во претходно снимено обраќање на 81-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, откако не можеше лично да присуствува на сесијата втора година по ред.

Тој ги повика САД да соработуваат со палестинското раководство и меѓународната заедница за спроведување на решение за две држави врз основа на меѓународното право. Абас рече дека Палестинците го поздравуваат мировниот план на Трамп, но не виделе никаков напредок на терен.

Палестинскиот претседател до Трамп: Исполнете ги ветувањата што ни ги дадовте

Тој, исто така, ги предупреди светските лидери за опасноста од повторување на Накба, масакрот и протерувањето што го претрпеа Палестинците во 1948 година. Палестинскиот претседател рече дека неговиот народ се соочува со еден од најопасните периоди во својата историја, наведувајќи убиства, уништување, глад и обиди за присилно раселување во Појасот Газа.

Абас рече дека секој транзициски период на крајот мора да доведе до повторно обединување на Појасот Газа и окупираниот Западен Брег под една палестинска држава со една легитимна вооружена сила.

Тој, исто така, го обвини Израел дека поседува повеќе од 6 милијарди долари палестински имот и побара негово итно ослободување. Абас ги отфрли, како што ги нарече, казнените мерки што му забрануваат нему и на членовите на палестинската делегација да присуствуваат на Генералното собрание, велејќи дека таквите ограничувања ги кршат обврските на САД како земја домаќин на Обединетите нации.

Тој го повика Вашингтон да ги укине мерките и да му дозволи на палестинското раководство целосно да учествува на состаноците на Обединетите нации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер