Љутков: Многу лоша состојбата во Конзерваторскиот центар - Канал 5

Љутков: Многу лоша состојбата во Конзерваторскиот центар

Многу лоша состојбата во Конзерваторскиот центар, неопходно обезбедување повеќе средства и вработувања, оцени Љутков

Љутков: Многу лоша состојбата во Конзерваторскиот центар

Многу е лоша состојбата во Националниот конзерваторски центар (НКЦ), и од кадровски и од технички аспект, поради што е неопходно итно обезбедување повеќе средства и нови вработувања, рече денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Љутков се сретна со в. д. директорката Ангелина Поповска и вработените. Откако разговараше за тековните проекти, беше констатирано дека нивната реализација не е почната делумно поради недоволно издвоените средства, а во голем дел поради неажурноста на претходното раководство.

-НКЦ има надлежност во областа на заштитата на недвижното културно наследство на територијата на 32 општини во државава и неопходна е сериозна поддршка и внимание, што во изминатиот период евидентно отсуствувало, како и во сите други установи. Од 2025 година е подобро да се фокусираме на одредени проекти што ќе бидат затворени од прва до последна фаза. На тој начин се надевам дека ќе реализираме голем број проекти, рече Љутков.

Тој информираше за дефицитот на стручен кадар, административни и помошно-технички лица во Установата, нагласувајќи дека Владата и Министерството за култура и туризам многу сериозно гледаат на овој проблем.

На средбата стана збор за повеќе теми, меѓу кои и дека следната година ќе се доделат средства што ќе бидат доволно за да се финализира проектот за конзервација и реставрација – препокривање на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче. Стана збор и за другите проекти, меѓу кои и проектот за реставрација, санација и ревитализација на конакот во Лешочкиот манастир „Св. Атанасие“ (шеста фаза), за кој овој месец се очекува финално завршување на предвидените позиции во согласност со договорените обврски. Стручните екипи на НКЦ го изработија и конзерваторскиот проект за конзервација и реставрација на 20-те икони илегално изнесени во Албанија и вратени кај нас дома, кој е испратен во УЗКН со цел формирање комисија.

Министерот Љутков ја посети и Конзерваторската лабораторија при НКЦ, каде што се реализира проектот за конзервација и реставрација на 122 ликовни дела (слики, цртежи и акварели) од Спомен-куќата на Лазар Личеноски. Досега се реализирани првите две фази со вкупно 27 реставрирани дела, а при посетата беше најавено дека во наредниот период ќе бидат опремени и осовременети конзерваторските лаборатории со воведување современи стандарди. При посетата на НКЦ, министерот Љутков се запозна и со релативно лошата состојба во која се наоѓа зградата на НУ НКЦ – Скопје, за што најави дека следната година ќе бидат издвоени средства за надминување на ваквите затекнати состојби со објектот на НКЦ. .

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски на Свечениот собир со припадниците на Армијата и вработените во одбраната

Во пресрет на роденденот на македонската Армија, министерот Мисајловски упати благодарност до сите вработени.

Мисајловски на Свечениот собир со припадниците на Армијата и вработените во одбраната

Денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, по повод 18. Август - Денот на Армијата, се одржа свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, на кој се обратија министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Во пресрет на роденденот на македонската Армија, министерот Мисајловски упати благодарност до сите вработени и нагласи: „Вашиот труд, вашата посветеност и професионалност која ја покажувате секојдневно ни овозможува да бидеме една од најорганизираните институции во државата. За сите нас, за Македонија, успехот ќе ни биде загарантиран само ако продолжиме посветено да работиме, да продолжиме да функционираме како едно големо семејство кое го обединува заедничка цел: Македонија да продолжи да се развива и да изградиме подобра држава за следните поколенија“.

Мисајловски на вработените им порача дека ќе продолжат да бидат вреднувани затоа што тие се столбот на одбраната. „Кон секој предизвик пристапувавме од исто стојалиште и иста перспектива – се поддржувавме во секој момент и за доброто на секој војник, подофицер, офицер и вработен во одбраната. Носиме одлуки кои ќе нè направат посилни и токму затоа сакам да нагласам дека работиме и на повисоки плати и подобри услови за работа“, рече Мисајловски.

Началникот на Генералштабот, Генералот Лафчиски во своето обраќање пред присутните, истакна дека 18 Август е „денот кога ја славиме Воената професија, професија која се темели на чест, дисциплина, одговорност, лојалност, професионализам и патриотизам. Тоа се вредностите по кои секојдневно се препознаваме – вредности кои се во кодот на секој Армиски припадник. Генералот Лафчиски наведе дека изминатата година беше година на значајни резултати и потврда дека Армијата продолжува да ги развива своите способности и да ги исполнува највисоките национални и НАТО стандарди, истакнувајќи „Зад секој од овие резултати стои многу работа, соработка, координација, планирање, реализација и извршување“.

Во рамки на свеченоста, делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот, предводена од министерот Мисајловски, заедно со семејствата на загинатите бранители, положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на загинатите бранители пред зградата на Министерството, оддавајќи им почит за нивната храброст и пожртвуваност. Претходно, на градските гробишта во Бутел, владина делегација предводена од министерот положи венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта и на вечните почивалишта на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и на генералот Михаило Апостолски.

На свечениот собир на вработените Министерството за одбрана и Генералштабот присуствуваа и заменикот министер, Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, вработени во Министерството и Генералштабот и останати гости.

Централната свеченост по повод Денот на Армијата ќе се реализира утре 18. Август во Центарот за обука на вода - Биљанини извори во Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Зошто се крие документ за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

СДСМ со денови јавно бара владата на Мицкоски да објави официјален документ, анализа, резултат кој потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење.

Борозан: Зошто се крие документ за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

Прашањето е зошто се крие официјален документ за водата во Гостивар?

Зошто не се објавува?

Бадијала се повиците на Мицкоски кога не се објавува и се крие од луѓето.

А знаеме криењето на резултати до каква катастрофа доведе.

Од почетокот на кризата со труењето во Гостивар - нема ниту едно стручно лице да излезе и да ги соопшти резултатите за водата.

Власта нема објавено ниту еден официјален документ за водата.

Граѓаните не видоа ниту една институција ниту одговорно лице што стои зад исправноста.

Мицкоски од екскурзија ја „пушти“ водата за пиење во Гостивар ама документ за исправност на водата сè уште нема.

Клековски, кој исто така беше на екскурзија, сè уште не се огласил, иако самиот најави дека првите резултати ќе ги има дури околу 20 август.

Наместо премиерот и министерот за здравство - полицаец држеше здравица и објаснувше колку е „вкусна“ водата во Гостивар.

Прво еден „полицаец“ Тошковски ја хиперхлорираше, потоа друг, Ангелов, ја пушти во употреба со здравица.

Тотална негрижа, срам, брука и неодговорност.

Кој тогаш шири паника? Оној што не сака или не може да покаже официјален документ.

Да работеа институциите како што треба и на јавноста да ѝ беа достапни документите, како и стручните и овластени лица, немаше да има нервоза ниту паника.

Така што, единствено паника создава Мицкоски и неговата криминална екипа, нестручна и неспособна.

Граѓаните на Гостивар кои 5 недели пиеја загадена вода, каде има над 5.000 заболени, не заслужуваат ваков однос.

Бидете барем еднаш одговорни и сериозни објавете документ:

Која институција направила анализа на водата и какви се резултатите?

Кој го потпишал извештајот и кој со својот потпис гарантира дека водата е безбедна?

За здравјето и животите на луѓето се работи.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се зголемува цената на горивата: Дизелот поскап за 6,50, бензините за 4,50 денари по литар

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,00 ден/лит.

Се зголемува цената на горивата: Дизелот поскап за 6,50, бензините за 4,50 денари по литар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85% во однос на одлуката од 10.8.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 8,983%, кај дизелот за 10,979%, кај екстра лесното масло за 9,801% и кај мазутот зголемувањето е за 0,871%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2247%.

Во денешната Одлука е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 18.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 93,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,726 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 4,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,188 ден/кг. и сега ќе изнесува 43,726 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер