Љутков: Македонското културно наследство не е само наше богатство, тоа е дел од европската културна меморија - Канал 5

Љутков: Македонското културно наследство не е само наше богатство, тоа е дел од европската културна меморија

-Македонското културно наследство не е само наше богатство, тоа е дел од европската културна меморија, дел од заедничката приказна на човештвото.

Љутков: Македонското културно наследство не е само наше богатство, тоа е дел од европската културна меморија

Овој собир не е само професионална платформа, тој е израз на нашата определба културното наследство да го третираме не само како сведоштво на минатото, туку како жив, динамичен ресурс, клучен за развој на нашата заедничка европска иднина. Македонија, како земја со длабоки културно историски корени, го сведочи тоа преку бројни споменици, археолошки локалитети и традиции: од праисториското светилиште Кокино, преку античките градови Хераклеја, Стоби и Скупи, до духовното и културно богатство на Охрид, неговите цркви, икони и писмена традиција. Ова културно наследство не е само наше богатство, тоа е дел од европската културна меморија, дел од заедничката приказна на човештвото, тоа е темел на иднината што ја градиме заедно.

Ова е пораката што ја упати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на отворањето на дводневниот настан „Транснационален настан посветен на унапредувањето на културното наследство преку европска соработка: Мрежи, мобилност и можности за финансирање од ЕУ“.

Тој смета оти во време кога предизвиците стануваат се покомплексни, соработката, размената на знаења и обединување на ресурсите претставуваат клуч за зачувување на ова вредно богатство.

-Затоа денес сме тука не само да говориме за наследството, туку да го ставиме во нов контекст -како двигател на современиот културен и општествен развој. Наследството не смее да остане тивко сведоштво. Нашата задача е да му дадеме нов живот преку дигитализацијата, иновативните пристапи во интерпретацијата, преку образованието, туризмот и, најважно преку вклучувањето на младите генерации како негови идни носители, рече министерот Љутков.

Затоа, смета тој, токму во овој контекст европските програми: Креативна Европа, Еразмус+, Хоризонт Европа и друг вид инструменти на ЕУ како: ИПА, Интеррег, играат суштинска улога бидејќи овозможуваат, не само финансиска и техничка поддршка за поместување на географските и секторските граници преку можностите за вмрежување, размена на знаења, мобилност на професионалците, туку и ни отвораат нови хоризонти поттикнувајќи нови креативни и иновативни пристапи за одржлив развој.

-Горди сме што се поголем број македонски музеи, заводи, истражувачки и образовни институции, универзитети и граѓански организации, се активни и успешни партнери во европските проекти. Нивниот успех е резултат на посветеност, професионализам и визија дека културното наследство и културата се најмоќниот амбасадор на секоја земја. Тие не само што го афирмираат нашето културно богатство надвор од границите, туку и внесуваат нова енергија и иновативност во секторот, истакна министерот за култура и туризам.

Тој додаде дека институцијата со која раководи активно ја следи Европската агенда за култура и ја поддржува вклученоста на нашите културни институции и организации во европски мрежи, платформи и проекти кои придонесуваат за унапредување на европската културна соработка. Затоа, тој ги охрабри да се обратат до Одделението за Креативна Европа, кое делува како информативна и советодавна канцеларија за Програмата Креативна Европа, обезбедувајќи и техничка поддршка при подготовка на нивните предлог проекти.

Дополнително, преку новата веб-страница на Канцеларијата за Креативна Европа, имате можност да пристапите до сите релевантни информации и ресурси потребни за успешно аплицирање.

-Нашата визија е јасна: да ја засилиме европската димензија на македонската културна продукција, да го поттикнеме учеството на младите професионалци, и да го поставиме културното наследство како движечка сила на одржливиот развој, туризмот, образованието и меѓународната соработка. Културата е јазик што сите го разбираме, без разлика на потеклото, границите или различностите. Таа е сила што не обединува, ни овозможува да градиме мостови, да го прошириме видикот и да ја осознаеме вистинската вредност на заедништвото. Културното наследство е токму таа основа врз која се гради довербата, почитта и долгорочна соработка меѓу народите. Но, во ерата на дигитализацијата и климатските промени не е доволно само да го зачуваме културното наследство туку и да го оживееме, да го приближиме и да го направиме достапно до сите европски граѓани, вели министерот Љутков.

Тој верува дека „Европскиот културен простор“ не е само визија, туку реалност што сите ние заеднички ја обликуваме.

-Ги охрабрувам сите културни институции, организации и поединци во нашата земја активно да се вклучуваат во европските иницијативи. Да ги искористиме можностите за соработка, размена и развој. Нашата култура има што да понуди, а Европа има што да добие од нас. Културното наследство не му припаѓа само на минатото туку и на иднината што ја создаваме денес. Затоа да ја создадеме таа иднина заедно, со гордост, со одговорност и со визија, порача министерот за култура и туризам.

Билјана Прентоска, раководител на Канцеларијата за Креативна Европа МК, истакна оти денешниот настан е посветен на унапредувањето на културното наследство, но, преку европската соработка. Европската соработка, рече, е најважното нешто кога сакаме нашите корисници претставници на културните институции, институциите од областа на културното наследство сакаат да аплицираат до европските фондови.

-Овој настан не го посветуваме на програмата Креативна европа која е дирекно наменета за корисниците од културните и креативните сектори, туку, исто така, го посветуваме и на програмата Рразмус и на Хоризонт Европа бидејќи огромни се можностите за нашите организации и институции да аплицираат и за овие фондови. Целта на овој настан е да укажеме на слабостите кои ги забележуваме во нашите културни и креативни сектори вклучувајќи го и културното наследство, градење на јаки партнерства со европските организации и институции, значи едни одржливи партнерства. Затоа сакаме да ги упатиме што повеќе да членуваат во европските мрежи да се вмрежуваат со нивните колеги на земјите членки на креативна европа и на европските програми, рече Прентоска.

Така, додаде таа, навистина ќе можат да разменат идеи, да бидат во тек со актуелните политики на ЕУ во конкретните ресори, во случајот културното наслество. Тоа ќе им помогне да ги конципираат нивните идеи и да создадат поуспешни европски проекти особено заради троа што конкуренцијата на европското ниво е многу голема.

Настанот е во организација на Министерството за култура и туризам на Македонија (Канцеларија на Креативна Европа), во партнерство со: Делегацијата на Европската Унија и Европската куќа во Скопје, Министерството за образование и наука, Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, НУ Завод и музеј – Битола, НУ Археолошки музеј на РС Македонија, НУ Стоби, Филозофски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Центар за нови иницијативи во уметноста и културата – Локомотива, Скопје.

Покрај домашните професионалци од институциите и организациите корисници на овие програми на Унијата, на настанот ќе учествуваат и европски експерти во областа на културното наследство, и тоа: Маргерита Сани, вонреден професор на Универзитетот во Болоња, координатор на проектот LEM во рамките на NEMO (Мрежа на европски музејски организации), проф. Пјер Џакомо Сола, виш истражувач во европската мрежа „Michael Culture“ од Италија и д-р Кришна Чандрамули, Венека ЕУ, од Велика Британија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.

Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби.

Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички.

Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.

Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот.

Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер