Љутков: Куманово, порта на транзитниот туризам, средба со угостители и туристички работници - Канал 5

Љутков: Куманово, порта на транзитниот туризам, средба со угостители и туристички работници

Министерот рече дека угостителите и туристичките работници понудиле инспиративни идеи.

Љутков: Куманово, порта на транзитниот туризам, средба со угостители и туристички работници

Угостителите и туристичките работници во Куманово, денеска се сретнаа со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со директорот на царинската управа, Бобан Николовски, директорот на државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, на која ги презентираа нивните барања кои треба да го развијат транзитниот туризам во Куманово.

Двата сектори ќе добијат поддршка преку Mинистерството, кое ја подготвува програмата и апликациите. Во однос на транзитниот туризам, вклучени се повеќе институции, министерства и во соработка со претставниците на угостителите, на туристичките агенции, установите ќе се изнајде решение за поттикнување на овој вид туризам, чија порта е Куманово. Во изјавата за медиумите, министерот Љутков посочи дека како новоформирано министерство го опфаќаат и секторот туризам и за наредната 2026-та година ја подготвуваат програмата, и освен што го поддржуваат проектите во културата ќе имаа и годишен конкурс и за поддршка на проектите во делот на туризмот.

- Ги слушнавме нивните барања, бидејќи знаете дека културниот туризам е еден од најразвиените во светот, па така ќе биде и во Македонија. И она што е важно во 26-та година го развиваме и транзитниот туризам веќе правиме подготовки, работни групи. Куманово е првата порта на тој транзитен туризам така што најважно е што ќе направи во Куманово да ги слушнеме нивните барања, имавме конкретни предлози, конкретни идеи им кажавме кои се нашите можности ќе се вклучат во целиот овој процес до крајот на годината за да можеме да ги направиме конкретните програми за 26-та година, изјави Љутков.

Министерот рече дека угостителите и туристичките работници понудиле инспиративни идеи, кои ги слушнале и до Државниот пазарен инспекторат, бидејќи од следната година, како што изјави ќе формира и „туристичка инспекција“, којашто ќе функционира во рамките на инспекторатот. Љутков е задоволен од напредокот на процесот.

- Еден дел од прашањата беа упатени конкретно во измените на законот, бидејќи се носи нов закон за угостителска дејност. Тука беа конкретните прашања што ги засегаат угостителите, бидејќи знаете дека сè уште не е во под Министерство за култура и туризам се надевам дека тоа ќе го направиме до крајот на годината ново. Но, имаше поголем дел од работите коишто беа упатени кон министерство, а тоа е какви програми и поддршка ќе имаат од министерството во делот на транзитниот туризам, рече Љутков.

Тој посочи дека ќе се направат апликациите за следната година и затоа сакале да ги слушнат нивните на идеи, дали тоа саем којшто ќе се отвори во текот на летото и би траел во подолг временски период, токму кога транзитните туристи се тука, што ќе биде одлучено заедно со претставниците на овие дејности.

- Ние работиме на една пообемна апликација за транзитен туризам, кај што се вклучени ова поголем број на чинители, тука е вклучена и Царината, МВР, Министерството за транспорт и врски, ЈПДП, бидејќи сите сме вклучени во овој процес да го олесниме тој коридор Е 75. Во таа апликација ќе бидат вклучени и туристичките агенции, ќе бидат вклучени и културни-историските споменици, археолошките локалитети, ќе бидат вклучени сите винарии, вклучени сите угостители коишто имаат и ресторани, но и сместувачки капацитети. Значи буквално сакаме во тој дел на транзит на транзитниот туризам да ги вклучиме сите коишто ќе бидат засегнати или посетени од во туристите, кажа министерот.

Во однос на Кокино, кое се наоѓа во соседната општина Старо Нагоричане, Љутков појасни дека е отворено прашањето.

- Таму нема добра инфраструктура, нема добро осветлување, е под општината Старо Нагоричане значи ќе треба директно да се зборува со локалната самоуправа, и да донесеме едно заедничко решение. Ако не може да помогне локалната самоуправа, се разбира дека целиот тој процес ќе го преземе ние како министерство, изјави Љутков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.

Во Основниот суд во Кочани се одржа првото рочиште во судскиот процес против Ива Михаилова, по нејзиното бегство во Бугарија.

Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.

Таа е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани, а по бегството, судот по предлог на обвинителство донесе решение да и се суди во отсуство и по неа да се распише потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски. Михајло, Ива Михаилова преку тамошните медиуми порача дека нема намера да се враќа во земјава и побара да учествува на судењето преку видео-врска, но судот го одби барањето. Кое е образложението?

Михаилова не планира да се враќа, побара да ја учествува на судењето он-лајн од Бугарија, што е одбиено од судот.

-Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Законите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?

Македонското женско лоби, кое поднесува иницијативи до Собранието за унапредување на правата на жените, остро го осудува фемицидот во Богданци и ги поддржува барањата упатени од вчерашниот протест во Скопје.

Законите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?

Македонското женско лоби, кое поднесува иницијативи до Собранието за унапредување на правата на жените, остро го осудува фемицидот во Богданци и ги поддржува барањата упатени од вчерашниот протест во Скопје за подобра законска заштита од насилство врз жените. Сепак, извршната директорка Даниела Димитриевска, за Канал 5 посочи дека пред да се пристапи кон измени на постојното законско решение, мора да се утврди зошто тоа не ја дало очекуваната заштита и дали институциите доследно ги спроведуваат предвидените мерки.

– Се случува сега со закон да имаме многу повеќе насилство отколку во минатото кога немавме закон за семејно насилство. Што е причината, како да го ставиме во функција овој закон и да се сплотиме да најдеме заедничка платформа за акција,- изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на македонско женско лоби.

Во однос на конкретни мерки за превенција и спречување насилство, Димитриевска вели дека Собранието прво треба да размисли за воведување на електронски алки за насилници – предлог кој од порано не доби зелено светло во законодавниот дом, а за кој пратеничката Моника Зајкова од ЛДП поднесе и петиција истиот повторно да биде ставен на дневен ред.

– Мислам дека не е лоша идеја ова за нараквицата што се споменува – од едноставна причина што на жртвата ќе и даде време да не биде во близина насилникот – ќе и даде време да реагира да повика помош и така натака. Ова случување и сите претходни ни даваат еден индикатор дека ние мораме некако да реагираме,- изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на македонско женско лоби.

Последниот фемицид во Македонија се случи на 3 ноември во Богданци, кога телото на 17-годишната Билјана Ќириќ беше пронајдено во изгореното возило кое било опожарено од 21-годишниот виктор гунтаров, кој потоа и самиот си го одзел животот.

Малолетничката и од претходно го пријавувала насилството, а од обвинителството за Канал 5 велат дека на насилникот не му бил одреден притвор бидејќи било утврдено дека ги почитувал претходно определените итни мерки за заштита од насилство, кои вклучуваат забрана за комуникациај со жртвата. Ова е седми фемицид во земјава од почетокот на годината, а бројките на МВР покажуваат дека од 2021 до 2025 година биле убиени 26 жени.

На вчерашниот протест во Скопје, покрај усвојување на заглавените законски измени во Собранието, присутните побараа и разрешување на сите функционери кои го оправдуваат или нормализираат насилството врз жените.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка наскоро да добие нов сопственик, нагласувајќи дека веќе има заинтересиран купувач. 

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Со тоа вели нема да се реализира сценариото за стечај, за кое според него се залагала опозицијата. Мицкоски посочи дека поминал тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а сега тече десетдневниот рок по кој Народната банка треба да ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Потоа следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Аукцијата, како што најави Мицкоски се очекува кон крајот на месецов или почетокот на идниот.

- И денеска сум голем оптимист дека, за жал, од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно, ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката – тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банка. А тоа е лоша вест за нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај итн.,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Кој е заинтересираниот купувач не е познато, а претходно, гувернерот Трајко Славески изјави дека интерес покажале шест инвеститори, меѓу нив и две домашни банки.

Во меѓувреме, Алта банка од денеска ги отвори вратите и во Тетово и Струмица, за шалтерска исплата до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Од денеска, зголемен е и неделниот лимит за користење на картичките и подигнување пари од банкоматите од 15 на 20 илјади денари.Но првиот ден од проширувањето на шалтерската мрежа не помина без проблеми..Слична слика како и во Битола, денеска имаше во експозитурата во Струмица, редици граѓани пред банката и незадоволство. Дел од граѓаните утрово реагираа дека чекале со часови, бидејки на шалтерите ниту во банкоматите немало пари, па се очекувало тие да бидат донесени од Скопје.

- Внатре немаат пари, ниту пак во банкомат има.

- Од 7 саат чекам тука и што да правам болна жена ако ми стане лошо кој ќе одговара?

- Таму нема на шалтерите, чекаат од Скопје да донесат, а кога ќе дојдат не знам.

Од Народната банка попладнево соопштија дека проблемот бил решен и дека исплатите на сите шалтери продолжиле да се одвиваат непречено. Велат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер