Љутков: ККИ се мостот меѓу културата и туризмот, последниве години беа маргинализирани - Канал 5

Љутков: ККИ се мостот меѓу културата и туризмот, последниве години беа маргинализирани

Последниве седум-осум години креативните и културни индустрии (ККИ) се некако маргинализирани. 

Љутков: ККИ се мостот меѓу културата и туризмот, последниве години беа маргинализирани

Во 2009 година се првпат формирани ККИ. До 2017-та сме имале некаков развој, се отворале повеќе програми, но од 2017-та наваму до крајот на 2023 година нема развој во креативните индустрии. Затоа сега, со триплирање на буџетот, мислам дека ќе имаме многу голем успех, барем малку да се приближиме до современите европски земји, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков по промоцијата на научниот зборник од 7. Меѓународна научна конференција „Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21. век“.

Според него, креативните и културни индустрии се мостот меѓу културата и туризмот и се исклучително значајни за економијата.

-Владата претендира на локалната економија да и даде повеќе внимание. Креативните и културните индустрии буквално ќе ги обединат младите во локалните средини околу креативни идеи, околу развојот на туризмот, занаетчиството, гејмингот, модата, дизајнот,.. Со тоа ќе си овозможат самовработување, ќе може да ја подигнат свеста во делот на екологијата. Сакаме преку програмите да ги стимулираме младите креативци, да им помогнеме во нивните старт-апи и идеи за да бидат повидливи и да им дадеме можност да останат да творат овде, а не некаде надвор во некоја од европските земји, изјави Љутков.

Промоцијата ја организираше Факултетот за туризам и логистика, на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“

Општина Кисела Вода и Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“ - Скопје, ги повикуваат сопствениците и љубителите на животни на настан во сабота, на 03 октомври, во паркот „Македонија“ пред Домот на култура „Билјана Беличанец“

Во пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“

Под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, настанот се организира во пресрет на Светскиот ден на животните. Дневната програма започнува во 11:00 часот, а просторот во паркот ќе претставува интерактивна зона за посетителите и милениците. Присутните ќе можат да добијат стручни совети од ветеринарен лекар за здравствената грижа и исхраната, додека професионални грумери ќе одржат практични демонстрации, консултации и шишање на кучиња. Во рамките на настанот предвидени се и содржини од пет-шопови, презентации на храна и реквизити. Исто така, сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност на лице место да вдомат бездомни кучиња од стационарот на „Лајка“. Продолжението на програмата следува во вечерните часови, со почеток во 19:00 часот, на истата локација пред киното „Киноверзум“.

Таму ќе се одржи кино проекција на отворено на филмот „Приказната за Силјан“, настан на кој граѓаните можат да присуствуваат во друштво на своите миленичиња.

Општина Кисела Вода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски на средба со претседателот на Судиската комисија на ЦЕВ, Ди Џакомо

Поддршка за развојот на одбојката и унапредување на судиските стандарди.

Ристовски на средба со претседателот на Судиската комисија на ЦЕВ, Ди Џакомо

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претседателот на Судиска комисија на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Артуро Ди Џакомо, кој в сабота во Скопје, ќе биде специјален гостин – предавач на Семинарот за судии и делегати во организација на Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).

Покрај Ди Џакомо на средбата присуствуваа и генералниот секретар на ОФМ, Филип Деспотовски, како и претседателот на СО при ОФМ, Влатко Ристовски и членот на ПСО, Јосип Христов.

„Европските искуства и знаења се важен придонес за развојот на македонската одбојка и унапредувањето на професионалните стандарди. Континуираната едукација на судиите и делегатите е од големо значење за поквалитетни натпреварувања и усогласување со европските стандарди. Министерството за спорт останува посветено на поддршката на иницијативите што придонесуваат за развој на одбојката, унапредување на стручниот кадар и размена на знаења и искуства со европските спортски институции“ - истакна министерот Борко Ристовски.

Како прв човек на Европската судиска комисија, Артуро Ди Џакомо в сабота, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе одржи предавања за новите официјални правила на одбојката, кои беа тестирани во текот на летото, а ќе започнат да се имплементираат во новата натпреварувачка сезона.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Инфлацијата е под европскиот просек, можен е уште еден ребаланс до крајот на годината

Намалените приходи од акцизите и данокот на додадена вредност може да бидат причина за уште еден ребаланс на буџетот до крајот на годинава, најави премиерот Мицкоски.

Мицкоски: Инфлацијата е под европскиот просек, можен е уште еден ребаланс до крајот на годината

Според владините пресметки во буџетот може да недостигаат меѓу 6 и 7 милијарди денари, пред се поради намалените акцизи и ДДВ-то за горивата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер