3 Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги
МакедонијаЉутков: Ќе поднесеме амандман овој извештај да се повлече, посветени сме на почитување на препоракитеУНЕСКО предлага охридскиот регион да биде впишан на листата на светско наследство во опасност.Министерот за култура Љутков попладнево изјави дека оваа одлука е директна последица од како што рече негрижата на претходната влада. Владата на денешната седница ја разгледала информацијата и ги задолжија сите членови на институциите кои присуствуваат моментално на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, преку координиран настап, заеднички да се поднесе амандман со цел повлекување на Нацрт одлуката на Комитетот со која Охридскиот регион се предлага да биде ставен на листата на светски природни и културни богатства во опасност. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, на денешната прес - конференција соопштувајќи ја владината одлука, нагласи дека јавноста мора да ја знае вистината дека оваа одлука е резултат на директна последица на години негрижа, неодговорност и институционален распад што, како што вели, го оставила поранешната влада во периодот од 2017 до 2024 година. - Актуелниот Извештај се однесува токму на овој период на владеење на СДСМ и ДУИ. И во тие седум години не само што не беше преземено речиси ништо од препораките на УНЕСКО, тие наместо заштита, гледавме игнорирање на експертски извештаи и системско разнебитување. Секој ден како Влада се соочуваме со историски одлуки, не само да го сопреме уништувањето, туку и да го спасиме и обновиме сето она што другите го запоставија, рече Љутков. Тој потенцира дека Владата работи посветено во координација со сите надлежни интитуции да покаже дека знае поинаку да се однесува кон културното наследтво и оти има капацитет да ги почитува препораките на оваа меѓународна организација при ОН задолжена за образование, наука и култура за Охрид и Охридскиот регион. - Работиме со максимална посветеност во координација со сите надлежни институции, а тука се МТ, МЖСПП, Управата за заштита на културно наследство, МНРиНТ, домашните експерти се со цел да покажеме дека оваа Влада може и знае поинаку да се однесува кон културното наследство. Но, вистината ќе мора да се каже јасно, додека тие ги затвораа очите, ние ќе ги отвораме вратите за спас, додека тие молчеа пред предупредувањата, ние сакаме да зборуваме со дела. Граѓаните имаат право да знаат дека токму тие што го доведоа Охрид на работ на губење на својот статус се истите кои денес држат чекции од опозиција. Историјата нема да ги заборави овие работи, а ние нема да дозволиме нивната негрижа да го чини Охрид со некаква поинакавка иднина. На денешната седница на Владата се разгледа информацијата и се задолжија сите членови на институциите кои присуствуваат моментално на Комитетот за светско наследство и преку координиран настап, заеднички да поднесеме амандман со цел овој Извештај да се повлече и да покажеме дека оваа Влада има капацитет да покаже дека ќе се посветиме на почитување на препораките, посочи министерот Љутков. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион како заштитено наследство на УНЕСКО и се бара исполнување на забелешките на Реактивната мониторинг мисија од минатата година. Во нацрт-верзијата на самата одлука и овојпат се нотираат слабостите за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како природно односно културно наследство прогласени за светско богатство и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од Светската организација, со конкретен предлог регионот да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност. Во документот, меѓу другото, се повикуваат Македонија и Албанија да работат на зајакнување на прекуграничниот дијалог, и на високо институционално и на оперативно ниво, за да се обезбеди ефективно и одржливо управување со регионот. 3Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство. Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци. – Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова. Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степенВремето утре според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСаша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицетоМегапопуларниот српски пејач Саша Ковачевиќ ги објави првите фотографии со наследникот од породилиштето.Зорана Тасовац, партнерката на пејачот Саша Ковачевиќ, се породи и роди здраво машко дете. Гордите родители го добија своето прво заедничко дете, а набргу потоа ја споделија радосната вест на социјалните мрежи. Саша сега објави фотографии со наследникот од породилиштето. Првата слика е направена веднаш по породувањето, додека на втората пејачот не ја симнува насмевката од лицето и позира со бебето во колевката. Тој го покри лицето на синот со емотикон во форма на срце, а глетката ги разнежни неговите следбеници. Ковачевиќ претходно откри дека за доаѓањето на бебето избрале приватна клиника и дека тој сакал да биде покрај Зоран за време на породувањето. „Сакам да бидам таму, како поддршка, но и за да ги почувствувам убавините на татковството уште од првата секунда кога тој ќе дојде на свет“, изјави пејачот.Тагови: Саша Ковачевиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32