Љутков им посака успешна работа на членовите на комисиите кои ќе ги оценуваат апликациите - Канал 5

Љутков им посака успешна работа на членовите на комисиите кои ќе ги оценуваат апликациите

Љутков им посака успешна работа на членовите на комисиите кои ќе ги оценуваат апликациите на годишните конкурси.

Љутков им посака успешна работа на членовите на комисиите кои ќе ги оценуваат апликациите

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ги поздрави членовите на комисиите за оценување на пријавите пристигнати на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата и на нацрт-годишните програми за работа на националните установи од областа на културата. Им посака успешна работа во креирањето на националната програма за култура за 2025 година.

Како што информира Министерството за култура и туризам, на Годишните конкурси, кои завршија вчера, пристигнаа околу 2 илјади и 900 пријави кои ќе бидат оценувани од комисиите што годинава се формирани во согласност со препораките од Државниот завод за ревизија.

Во таа насока, Министерството за култура и туризам првпат изготви Упатство за критериумите за именување на членовите на комисиите во кое е јасно утврдено дека за членови на комисиите може да бидат именувани лица кои имаат најмалку 10 години професионално искуство, потоа лица кои имаат реализирано, организирано или продуцирано најмалку пет проекти од соодветната дејност во која ќе вршат евалуација на проектите, лица кои имаат стекнато стручно звање во согласност со прописите за заштита на културното наследство итн., се вели во соопштението.

Членови на комисиите за секоја дејност одделно се следниве: за музичка дејност: проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, м-р Весна Малјановска и Сарана Адеми, за ликовна дејност: редовен проф. Антони Мазневски, професор во пензија, академски скулптор Томе Аџиевски и Исмаил Мислими, за драмска дејност се актерите: Крсте Јовановски, Рубенс Муратовски и Вулнет Кучи, за издавачка дејност: проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, д-р Марина Мијаковска и м-р Флорентина Фетахи, за фолклор: Филип Арилон, Мирко Стефановски и Емин Гаџа, за музејска дејност: проф. д-р Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ, проф. д-р Елизабета Димитрова и проф. Мустафа Куртиши, за заштита: проф. д-р Драги Митревски, проф. д-р Марјан Јованов и Ерон Белули, за библиотечна дејност: проф. д-р Солзица Поповска, д-р Иван Заров и проф. д-р Шенер Билали.

Министерот Љутков, како што се наведува, изрази уверување дека на крајот ќе добиеме програма која ќе донесе нов и повисок квалитет на културните содржини во државава. Тој истакна дека годинава ресорното министерството изготви и Упатство за утврдување на видовите на проектите, условите за учество, мерилата и критериумите за оцена на проектите во кое јасно и прецизно се утврдени видовите на проектите што ќе бидат поддржани, како и приоритетите за 2025 година, што ќе придонeсe за квалитативно оценување на проектите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

Град Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.

Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед.

- Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит.

- Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес променливо облачно со повремени врнежи

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Денес променливо облачно со повремени врнежи

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 14. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 14. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 14. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ги тргнете од дневенред грижите што ве измачуваа и ќе се посветите на љубовта со доверба. Тоа ќе биде чекор напред.

Кариера

Не заостанувате со свежи идеи, но би сакале промените да се одвиваат побргу. Сепак , се движи во таа насока.

Здравје и совет

Прифатете ја реалноста.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Додека односто со партнерот се одвива мирно и познато, наеднаш ви паѓаат на памет сосема откачени идеи.

Кариера

За да ја збогатите работата или проектот на кој што работите , ќе се послужите со својата интуиција , од каде ќе црпите идеи.

Здравје и совет

Верувајте во себеси.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ја комбинирате реалноста со фантазијата. Така на посебен начин ќе го збогатите својот однос со саканата личност.

Кариера

Кога на некои им оди , им оди. Немате грижи , многу работи се одвиваат и подобро отколку што сте се надевале.

Здравје и совет

Немојте да се препуштате на неодговорноста.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Дококлку сте подготвени да му се препуштите на партнерот и со доверба да му се препуштите на неговите идеи , ќе биде одлично.

Кариера

Веројатно ќе ви предложат нов договор или нови содржини на работното место , а за тоа ќе треба нешто да потпишете. Прво пручете го договорот.

Здравје и совет

Пад на имунитетот .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Она што ви недостига во односот со саканата личност ќе се обидете да го надоместите со фино однесување и љубезност.

Кариера

Ќе има се повеќе работа , а можно е да видадат и нови задачи или некого ќе заменуварте на работното место.

Здравје и совет

Одморајте се редовно.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Добар пријател или пријателка денеска ќе ви предложи нешто интересно што ќе го вклопите во вашата љубовна врска.

Кариера

Главно ќе делувате од сенка. Тоа моментално ви одговара. Шансите за истакнување ќе дојадат подоцна.

Здравје и совет

Послушајте го својот внатрешен глас.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Леснотијата со која ќе се дружите со пријателите ќе биде голема. Некои преку нив ќе најдат нова љубов.

Кариера

И натаму сте во фаза во која не сакате да се истакнувате. Некои од вашите колеги тоа ги изненадува , но вам ви е добро.

Здравје и совет

Опуштајте се редовно.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Се е во рацете на вашиот партнер, а на вас е оставено што подобро да се прилагодувате.

Кариера

Доколку ви понудиле нов договор , земете го овој видекнд за размислување и не носете одлука пред понеделник.

Здравје и совет

Мирувајте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Сметате дека некои потреби на саканата личност се претерани и дека не може да ги исполните. Тоа уште повеќе ќе ве оддалечи.

Кариера

Можно е денеска да работите повеќе од вообичаеното , зашто има многу работа. Нема да ви биде тешко. Другите ќе се опуштат.

Здравје и совет

Пресметајте си што имате на сметката.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денеска ќе покажете луцидност и сентименталност во исто време. Нежната страна на вашиот карактер ќе изклезе на виделина на радост на саканата личност.

Кариера

Веројатно ќе добиете шанса за да го искажете својот талент .Ќе биде кратко , неочекувано и возбудливо , така како што сакате.

Здравје и совет

Радувајте се.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе биде силна потребата за блискост. Ќе се потрудите да бидете сами со саканата личност на место што го сакате.

Кариера

Своите атрактивни идеи ќе успеете да ги вклопите во сивото секојдневие. Ќе најдете за тоа и финансиски средства.

Здравје и совет

Пазете се од провев .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Не се сомневајте во своите љубовни способности. Личноста која ви се допаѓа е исто така заинтересирана за вас.

Кариера

Оние кои сакаат да сменат нешто на работното место, на чекор се до исполнување на тој план. Треба само да одредите на кој начин.

Здравје и совет

Зајакнувате и со духот и со телото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер