Љутков: Целосно се неточни и неосновани тврдењата за злоупотреба на службената положба, никој од вработените во културата не е обесправен - Канал 5

Љутков: Целосно се неточни и неосновани тврдењата за злоупотреба на службената положба, никој од вработените во културата не е обесправен

Тврдењата за злоупотреба на службената положба се целосно неосновани. Ниту во еден момент не сум попречил остварување на какво било работничко право загарантирано со Уставот и со закон.

Љутков: Целосно се неточни и неосновани тврдењата за злоупотреба на службената положба, никој од вработените во културата не е обесправен

Напротив, моја обврска е да обезбедам систем каде што правилата важат еднакво за сите, без привилегии и без исклучоци, изјави денеска на прес-конференција министерот за култура и туризам Зоран Љутков, откако Синдикатот на културата објави дека поднел кривична пријава против него, за злоупотреба на сопствената положба и овластување и повреда на права од работен однос.

-Во јавноста во изминатиот период се појавија различни тврдења, инсинуации и обвинувања поврзани со мојата работа како министер за култура и туризам. Во последните денови, од страна на Синдикатот на културата беа изнесени тврдења против мене што се неточни и паушални. Сакам недвосмислено да нагласам дека како министер секогаш стојам на страната на учесниците во културата и се залагам за заштита на нивните права. Никогаш не сум постапувал самоволно, ниту сум ускратил законски загарантирани работнички права. Сите одлуки што ги носам се во согласност со законските рамки и со принципот на еднаков третман за сите вработени во културниот сектор, нагласи Љутков.

Тој потсети дека во државава се применува Општ колективен договор за јавен сектор, а вработените во културата имаат и грански колективен договор во кој е уредена пресметката на плата.

-Општиот колективен договор предвидел покачување на платите во јавниот сектор за 10 отсто од месец септември 2023 година. Во таа смисла, заради усогласување, од страна на Министерството за култура било понудено склучување Анекс на колективниот договор, што Синдикатот го одбил. Па, сега Синдикатот тужи за пресметка на плати според начин кој доведува вработените во културата да имаат повисока минимална плата за пресметка на платата од објавената минимална плата во согласност со закон во државава. За да ви биде појасно, во 2025 година минималната плата во јавниот сектор на Република Македонија за пресметка на основната бруто-плата изнесуваше 36.037 денари, а барањето на Синдикатот за култура беше пресметката на основната бруто-плата да се прави на износ од 39.641 денар, што е спротивно на минималната плата објавена во согласност со закон, рече Љутков.

Тој додаде дека минималната плата за сите вработени во државава е иста, таа е уредена со закон и јавно се објавува секоја година.

-Ако со покачувањето на минималната плата во 2025 година сите вработени во јавниот сектор добија покачување во нето-износ од 1.800 денари, вработените од установите од областа на културата добија покачување во нето-износ од 1.738 денари за најниското работно место до 4.391 денари за највисокото работно место. За какво намалување на плати зборуваме?, запраша министерот.

Тој исто така потсети дека за надминување на оваа состојба, по задолжение од Владата беше изработено упатство за пресметка на платите на вработените во установите од областа на култура, коешто е во согласност со законите и предвиденото во колективните договори и каде што е вградено покачувањето од 10 отсто.

-Целта на ова упатство е да се обезбеди усогласеност со законската регулатива, транспарентна пресметка на платите, точност и континуитет во примената на методологијата и контрола врз наменското трошење на буџетските средства за плати, истакна тој.

Љутков нагласи дека во ниту еден момент и ниту со едно дејство не се прекршени работничките права ни во согласност со Уставот ни во согласност со закон ни во согласност со Колективен договор.

-Да бидам докрај прецизен, ова значеше разлики во пресметката на платите од Министерството и желбата на Синдикатот во износ од 471 до 1.330 денари по работно место во согласност со висината на платата. Односно, за да ѝ биде појасно на јавноста, ако нето-платата за највисокото работно место според пресметките на Синдикатот изнесуваше 84.896 денари, според пресметките на Министерството ваквата пресметка на нето-плата изнесува 83.563 денари, т.е. разлика од 1.333 денари. За најниското работно место, пресметката на Синдикатот изнесуваше нето-износ од 30.670 денари, а според пресметките на Министерството од 30.199 денари, или разлика од 471 денар. Тоа е основна нето-плата на вработените без додатоци на плата (минат труд, прекувремена работа итн.). Ваквата разлика резултираше со 800 тужби од вработени во културата, постапки што се во тек и не се правосилно завршени, појасни министерот.

Потенцира дека унапредувањето на македонската култура бара иницијатива за нови идеи, нови проекти, соработка и регионални поврзувања. Сѐ во културата е поставено да биде во функција на унапредување на културата и можностите за креативно и културно изразување на вработените – вршители на дејноста.

-Во функција на тоа, речиси целиот програмски буџет на Министерството во рамките на годишните програми, кој годинава изнесува над 1 милијарда денари, е распределен за проекти на уметници и културни работници од сите дејности, кои во најголем дел се вработени во установите. Ова го кажувам токму за да ги илустрирам заложбата и посветеноста на државата, а тука, секако, и на Министерството за култура и туризам, за поддршка и остварување на културата на сите чинители како исклучително важен сегмент во едно општество, рече тој.

Љутков исто така појасни дека Колективниот договор беше потпишан во 2019 година, а започна да се применува од 1 јули 2020 година.

-Досега требаше да биде склучен нов колективен договор со кој уште повеќе ќе се унапредеа правата на сите чинители во културата. Но, сите обиди за преговори за нов колективен договор се неуспешни, токму поради непостоење волја од страна на Синдикатот на културата. Министерството за култура и туризам е партнер во социјалниот дијалог за гаранција и унапредување на правата на вработените во културата. За жал, партнерскиот однос изостанува од другата страна, а тоа, впрочем, и доведува до ситуации што се неповолни за сите што се вклучени, а најмногу за вработените во културата, кажа Љутков на прес-конференцијата.

Кога јавноста е збунета, додаде тој, и кога инсинуации се пласираат како факти, обврската на секој одговорен носител на функција е да ја осветли вистината – јасно, аргументирано и без прикривање.

Повтори дека се неосновани тврдењата за злоупотреба на службената положба и овластување.

-Напротив, мојата определба е да обезбедам праведен систем, каде што правилата важат еднакво за сите, без исклучоци и без привилегии. И токму тука се наметнуваат суштинските прашања: Дали е во ред одредени групи да бараат поволности што не би важеле за сите вработени во културата? Дали е оправдано да се инсистира на решенија што би значеле привилегии за едни, а исклучување на други? Дали е прифатливо, како што бара раководството на СКРМ, администрацијата да биде исклучена од овие решенија, а притоа да не се преземаат чекори бидејќи, како што велат тие, ќе се плашат дека ќе се загрози бројот на нивното членство во Синдикатот? Дали поднесувањето кривични пријави служи како средство за синдикална борба или претставува начин за вршење притисок врз институциите? И конечно, дали станува збор за вистинска заштита на работнички права или за наметнување политички ставови под превезот на синдикално дејствување?, запраша министерот.

Сите овие факти и прашања, рече Љутков, водат кон еден јасен заклучок, а тоа е дека јавноста не смее да се доведе во заблуда.

-Никој од вработените во културата не е обесправен, напротив, сите се третираат според законите и правилата, без исклучоци, додека привилегиите што ги бараат одредени групи се надвор од законските рамки. Мојата обврска останува непроменета: да обезбедам транспарентен, праведен и еднаков систем за сите учесници во културниот сектор, каде што правдата и еднаквоста се неприкосновени, а културата секогаш ќе биде во служба на сите, заклучи министерот на прес-конференцијата во Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер