3Меланија разговарала и со Путин и со Зеленски, Трамп ја испофали: Подобра е од професионалец (ВИДЕО)
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаЉупчо Димовски со народни пари плаќал во златари, цвеќари , туристички агенции, хотели со пет ѕвездиЛуксузни хотели , ресторани низ светот и земјава, цвеќари и продавници за накит. Поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Димовски – трошел за се и сешто од службената картичка, објави ТВ 24 вести .Димовски со државни пари платил 11 илјади денари во скопска продавница за накит. А со народни пари трошел и во цвеќара, каде платил нешто помалку од 50 евра. Службената картичка не ја штедел ниту за плаќање на телефонски сметки и полнење гориво. Во неколку наврати плаќал и во туристички агенции. Само во една туристичките агенции платил 90 илјади денари. Но, со службената картичка, во март 2010 година Димовски потрошил приближно 15.000 денари кои ги уплатил во агенција за недвижности Импул во Капиштец. Често го посетувал ресторанот Оливе 1976 каде што сметките почнувале од 10.000 денари и достигнувале и до 18.000 денари. Посетувал луксузни хотели. Во Радисон блу Ројал Хот потрошил 1.000 евра. Најчесто патувал за Русија и го посетува Голден ринг, каде плаќал од 1.600 до евра 3.000 евра за неколку ноќевања. Во хотел во Стокхолм платил скоро 1.100 евра, и уште 380 во друг хотел. Екс министерот во повеќе наврати бил во позната пивница во Берлин, каде за само еден ден потрошил 110 евра. Но во истата пивница одел повеќе пати. Димовски не сакал за ова да зборува за 24 вести . Во телефонски разговор рекол дека службената картичка не ја користел за купување во продавници за накит и во цвеќарници и дека не сака да коментира. Министерството за земјоделство го тресат скандали, пишува ТВ 24 вести . Неодамна беа објавени информациите за трошењата на поранешниот министер за земјоделство Михаил Цветков и неговиот заменик Ванчо Костадиновски кои осен што се луксузирале по хотели и ресторани си купувале и облека од државна сметка. Против овие двајца функционери неодамна винарската визба Повардарие поднесе кривични пријави до ОЈО обвинувајќи ги дека правеле злоупотреби и притисоци за време на пред изборието лани. Сепак, функционерите од Министерството за земјоделство не се единствени во луксузирањето на државна сметка. Во јавноста беа обелоденети и трошењата од службените картички на екс функционери од МВР, одбрана и Министерство за труд и социјална политика. Засега од Основното јавно обвинителство нема информација дали се започнати постапки за евентуални злоупотреби на службените картички, дали некоја институција доставила документи, или пак можеби самото обвинителство отворило истраги по допрен глас. / ТВ 24 Вести . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЛеонардо Дикаприо и Џенифер Лоренс заедно во новиот филм на Скорсезе Следната година ќе одбележат точно шест децении од првиот игран филм на Мартин Скорсезе.Тоа беше драмата „Кој ми тропа на врата“, направена во независна продукција, но и прв од 26-те филмови на еден од најголемите режисери на денешницата. Сепак, Скорсезе не запира - заврши со снимање на ново дело, кое според последните информации би можело да се најде во кината во текот на следната година. Станува збор за филмот „Што се случува ноќе“. Реализацијата се базираше на истоимениот роман на американскиот писател Питер Камерон. Реализацијата е најавена како готски психолошки хорор, а актерската екипа вклучува голем број големи имиња - предводени од Леонардо ди Каприо, Џенифер Лоренс и Мадс Микелсен. Како што е наведено во синопсисот, приказната се фокусира на американски пар кој патува во мал европски град за да посвои бебе. Колку повеќе се борат за тоа, толку помалку знаат за себе. Филмот се снимаше во првата половина на годината во Чешка и во Швајцарија, а последните информации говорат дека Скорсезе ја завршил и постпродукцијата.Тагови: Леонардо ДиКаприо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЈокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени Денвер Нагетс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс по продолжението, но натпреварот беше обележан со остра порака од Никола Јокиќ до дел од домашната публика. За време на натпреварот, тимот загуби со 23 поени разлика од тим кој се смета за меѓу најслабите во лигата, поради што навивачите во салата почнаа да ги исвиркуваат. Иако Јокиќ ги предводеше Нагетс до пресврт и победа со трипл-дабл во кој имаше 35 поени, 15 скока и 10 асистенции, тој беше многу критичен кон однесувањето на навивачите. Тој верува дека тимот, кој бркаше голем дефицит, требало да добие поддршка од трибините. Јокиќ: Кој и да нè исвиркуваше не е добредојден Зборувајќи со новинарите по натпреварот, Јокиќ беше директен. „Мислам дека навивачите кои нè исвиркуваа повеќе не се добредојдени тука, ако мене ме прашувате. Ако нè следите, знаете дека никогаш не се откажуваме и се вративме од многу полоши ситуации. Што се однесува до мене, тие повеќе не се добредојдени“, рече тој. За „Нагетсите“, ова не е прв ваков камбек на домашен терен. Во февруари 2020 година, тие исто така го надминаа дефицитот од 23 поени против „Сан Антонио Спарс“, но потоа ја обезбедија победата во регуларниот дел. Сомнежи за силата на тимот на почетокот на сезоната Победата против „Пеликансите“ е прва за Денвер во сезоната, по поразот од „Оклахома Сити Тандер“ во првиот натпревар, па тимот сега е 1-1. Дури и пред почетокот на сезоната, се поставуваше прашањето дали раководството на клубот составило висококвалитетен тим околу Јокиќ за борба за титулата во силната Западна конференција. Нестабилниот почеток на сезоната, и покрај победата, сугерира дека ваквите проценки биле основани и дека „Нагетсите“ ги очекува барателно продолжение на натпреварувањето.Тагови: Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Македонија„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ Утревечер во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот. Утре вечер на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter