Љубовта не познава граници - Канал 5

Љубовта не познава граници

Осумдесетгодишната Елизабет Валтхелм во декември 2007 година дошла во амбасадата на Руската Федерација во Германија за да побара виза со цел да замине на Сибир, со намера да го посети некојси Иван Бивших, ветеран од Втората светска војна со кој не се видела 60 години и за кого своевремено сакала да се омажи.

Љубовта не познава граници
Тоа било продолжение на една исклучително трогателна љубов помеѓу млада Германка и советски војник.

Необична свадба

Новинарите многу рано почнаа да се собираат пред матичното во сибирскиот град Краснојарск, многу пред почетокот на церемонијата. Ги имаше стотина: од Москва до Берлин, од локалните весници и списанија. Тие до крајот не веруваа дека ќе се случи она за кое треба да пишуваат вест и за кое треба да снимаат прилози. Поранешниот војник на Црвената армија и некогаш обичната девојка од гратчето Хајероде решија да се венчаат, иако сега веќе имаат по осумдесетина години.

Младоженецот и невестата со стил пристигнаа пред Дворецот за венчавки: излегоа од црн „Линколн“. И веднаш почна да се слуша чкрапотењето на фотоапаратите. „Што за вас претставува денешнава свадба?“, довикуваа новинарите од една страна. „Како воопшто се најдовте?“, ги надвикуваа оние од другата страна. Веселбата сè уште не беше почнала, а веќе се имаше претворено во импровизирана прес-конференција...

„Дали вашата одлука да стапите во брак беше искрена и слободна?“, ги прашува матичарката. „Да! Да, секако“, одговара Елизабет со насмевка. Се смееше и од среќа и од тоа што очигледно сè уште не им веруваше на своите очи. Две години траела нејзината бракоразводна парница во Луксембург, потоа не сакале да ѝ дадат виза, за одеднаш сè да тргне на добро. Фрау Валтхелм и Иван Бивших ги разменија венчалните прстени. Она кон што тежнееле во долгите 60 години се оствари за само неколку минути.

Веднаш по свадбата „младиот брачен пар“ се всели во голем стан. Го добија како подарок од поранешниот губернатор на Краснојарскиот крај. Елизабет во Германија добивала солидна пензија, па затоа решила самата да го уреди новиот стан. Купила теписи, садови, кауч и две фотелји. Така започна нивниот нов живот, како да се работи за обичен постар брачен пар. Многу шетаа, читаа и разговараа. А, разговараа главно на германски, оти Иван го памти германскиот уште од времето на војната...

Војната

Кога неговиот полк се разместил во Тирингија, дваесетгодишниот водник Иван Бивших бил поставен за командант во три германски населби: Хејероде, Дидорф и Ајхенриден. Тоа се случило во ули 1945 година. Велат дека Русите и Германците во тоа време не се дружеле, но Иван Бивших тврди дека тоа не е вистина.

Тој многу се дружел со Гинтер, Германец од гратчето Хајероде, кој бил некогашен војник на Вермахтот. Често се гледале, многу разговарале, па Германецот еднаш го запознал со својата помлада сестра Елизабет. На војникот од Црвената армија му било забрането да се гледа со германските девојки, но Иван таа забрана не го спречила. Се вљубил во Лизхен (така тој ја нарекува својата Елизабет) и изнајмил мал стан, каде почнале заедно да живеат. Сите знаеле за неговата врска со Германката, но поголемиот дел му гледале низ прсти, сè дури Иван Бивших не објавил: „Ќе се оженам со Елизабет!“ Тогаш веднаш го вратиле во СССР, а несреќната Лизхен останала во Германија. Тие не знаеле дали повторно некогаш ќе се видат, но во писмата постојано си пишувале за долго очекуваната средба. Нивната преписка траела десет години. Иван Бивших тврди дека во тоа време дури и не гледал по други девојки, а Елизабет не се омажила. „Го чекав Вања, се надевав. Мислев дека сè ќе се среди кога ќе умре Сталин“, изјави таа во едно интервју.

Преписката ја прекинал Иван Николавич, кога во 1956 година надлежните органи го повикале и побарале од него да ги прекине „тие глупости со Германија“. Му се заканиле дека ќе го депортираат на Север. Тој тогаш ѝ напишал на Лиза проштално писмо, собрал сили и ѝ го испратил. Набргу потоа се оженил, а Елизабет се омажила. Но, кога во старост останал сам, краснојарскиот пензионер почнал често да се сеќава на минатото, особено на неговиот најсветол дел – животот во малиот германски стан со својата Лизхен.

Средба

Колегите го замолиле Иван Николаевич да се избричи и да облече свечен костум, зашто наводно требал да се види со важна личност која се интересирала за неговата работа во Историско-генеалошкото друштво. Дошле по него со автомобил рано наутро и го одвеле некаде. „Не сум дете вака да ме возите. Што е ова?“, мрморел Иван Николаевич. „Кажете ми веќе еднаш каде одиме!“ Колата застанала пред некоја непозната зграда. „Сега убаво качете се“, го замолиле организаторите на изненадувањето. На катот покрај прозорецот стоела една постара дама со седа коса и со пријатен изглед и му мавтала. Сè било како на сон. Ниту Иван, ниту Елизабет долго не можеле да си поверуваат на своите очи. „Како ме најде?!“, се чудел тој. Излегло дека колегите на Иван Николаевич веќе одамна добро ја изучиле неговата биографија и знаеле за Елизабет, па ја нашле во Европа, ѝ се јавиле и ѝ предложиле да дојде во Краснојарск...

Елизабет Валтхелм умрела пред 4 години. Се разболела и заминала во Германија на лекување. Оттаму му се јавувала на Иван Николаевич секој ден по неколку пати. „Ќе се вратам дома за еден месец, најдоцна за два“, му ветувала таа на својот сопруг. И одеднаш престанала да се јавува. По една недела му се јавила нејзината братучетка и му рекла: „Лиза е неподвижна“. По неколку дена стигнала веста за нејзината смрт. Иван Николаевич не заминал на погребот на Лиза. Не го пуштиле децата, плашејќи се дека неговото старо срце нема да ја издржи возбудата. „Јас ја сакам како и порано“, вели воениот ветеран. „Многу, многу ја сакам“. /Преземено: Руска реч/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Кримскиот мост нема да остане на своето место

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи Кримскиот мост за префрлање голема количина воена опрема на тој полуостров и додаде дека мостот „нема да остане на своето место“.

Зеленски: Кримскиот мост нема да остане на своето место

Во интервју за „Ен-Би-Си њуз“ (NBC News), одговарајќи на констатацијата дека Путин го изградил мостот како доказ оти Крим засекогаш ќе остане дел од Русија, Зеленски изјави дека „не треба да им се придава значење на изјавите на рускиот лидер“.

„Не е важно што вели Путин за нашата земја и за Крим. Ова е наша земја. Таа е привремено окупирана. Тоа покажува целосно непочитување кон територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. Токму вака тој почна да се однесува по 2014 година“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека Украина ќе продолжи да одговара на руските напади врз украинските објекти, додавајќи дека Москва мора да разбере оти Кримскиот мост нема да опстане.

Зеленски изрази надеж дека ќе се најде дипломатски начин за ставање крај на војната, но порача дека Украина ќе ја оствари таа цел „дипломатски или воено“.

Тој повтори дека Киев никогаш нема да ги прифати окупираните украински територии како дел од Русија, ниту пак ќе се согласи на натамошна милитаризација на својата земја. Кримскиот мост повторно беше нападнат во текот на ноќта на 19 ноември, по што железничкиот сообраќај преку него беше прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран постави „црвени линии“ за Трамп; подготвени се за договор, но...

 Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денеска изјави дека Техеран сè уште верува оти дипломатијата би можела да ја стави крај на војната со Соединетите Американски Држави.

Техеран постави „црвени линии“ за Трамп; подготвени се за договор, но...

Арагчи изјави за државниот весник „Иран“ дека Техеран бара „договор со кој ќе се осигура дека нема да има повеќе војна“ и дека, пред преземањето на натамошни чекори, бара гаранции оти Вашингтон сериозно пристапува кон преговорите, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Иран со посредниците разговарал за формата и природата на мерките за градење доверба. Како една од „црвените линии“ за Иран, тој го наведе задржувањето на збогатениот ураниум во земјата, но изрази уверување дека е можно да се постигне „праведно решение“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Иран сака договор, но не под услови што би биле прифатливи за него. „Тие сакаат договор, но не сакаат договор што би бил прифатлив за мене“, рече Трамп на прес-конференција .

Катарски и ирански претставници се сретнаа во вторникот на разговори насочени кон „усогласување на ставовите и намалување на разликите меѓу предлозите изнесени на терен“, изјави портпарол на катарското Министерство за надворешни работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Харден испиша историја: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант!

НБА ѕвездата  Џејмс Харден одигра еден од најдобрите натпревари сезонава досега во најсилното светско првенство,  и со дури 51 поен го предводеше тимот на Кливленд Кавалирс до победа над Индијана Пејсерс со 128:119, во натпревар од НБА Лигата.

Видео: Харден испиша историја: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант!

На тој начин, искусниот бек стигна до својот 26-ти натпревар во НБА кариерата на кој постигнал најмалку 50 поени, со што го надмина легендарниот Коби Брајант и го зазеде третото место на вечната листа на најдобри стрелци според овој критериум во НБА. Сега, пред Харден се наоѓаат само легендите Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан.

Ова беше и неговиот прв натпревар со 50 или повеќе поени по 22 ноември 2025 година, кога постигна 55 поени против Шарлот Хорнетс, настапувајќи за Лос Анџелес Клиперс.

Против Индијана, Харден имаше шут од поле 15 од 26, погоди седум тројки од 11 обиди и беше беспрекорен од линијата за слободни фрлања (14 од 14). Покрај 51 поен, тој забележа и шест скока и шест асистенции.

Ова беше неговиот најдобар поентерски учинок за Кливленд откако му се приклучи на тимот во февруари, а исто така стана и само шестиот кошаркар во историјата на франшизата кој постигнал 50 поени на еден натпревар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер