ЗабаваЉубовта цвета и во златните годиниПоранешната секс бомба , која му беше сопруга на Мик Џегер, ужива во љубовта со својот уште постар сопруг.Американската актерка и поранешен модел Џери Хол (62) од февруари 2016 е во брак со австралискиот медиумски магнат Руперт Мурдок (87). За време на празниците се снимени како заљубени уживаат во одморот на плажите на Барбадос. Џери на сопругот му помага да излезе од вода , за потоа Руперт да задреме под сенка. Инаку , Хол 22 години беше во брак со фронтменот на Ролинг Стоунс , Мик Џегер со кого има четири деца. Мурдок , пак пред Џери се женел три пати и има шест деца.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЛекарите апелираат да не се игнорираат евентуалните промени на кожата по летните одмориЛетото е во полна сила и докторите со апел да се носи светла лесна облека и задолжителен висок фактор за заштита на кожата.Секоја промена на кожата, рана која не зараснува две до три недели, пигментација која што не постоела се шири во должина и ширина има крварење, треба да биде аларам за јавување на кожен доктор или на пластичен хирург, со апел доктор Маргарита Пенева од клиниката за пластична хирургија. Најчесто реакциите на граѓаните се по завршување на летото и летен одмор кога кожата е подоложна на сончање. Но прегледите треба да се редовни преку цела година, да се следи фамилијарната состојба доколку има појава на меланом или канцер на кожа, луѓето со светол тен и светли очи треба почесто да се прегледуваат и неколку пати во годината, објаснува доктор Пенева. „Но најдобро е да кожата редовно да се прегледува, да се прават тие превентивни прегледи во текот на којшто се откриваат кожните карциномски промени се откриваат во најрана фаза. Во таа фаза лекувањето е наједноставно за пациентот и за лекарот и прогнозата е најдобра“ вели „д-р Маргарита Пенева Клиника за пластична и реконструктива хирургија. На клиниката за пластична хирургија во голем број случаи граѓаните доаѓаат навреме и резулатите се одлични, но има дел кои доѓаат доцна и многу често користеле одредени надри лекови што дополнително ја комплицираат состојбата, објаснува доктор Пенева. „Пациентите се почесто доаѓаат во порана фаза на кожните карциноми. Иако, го имаме и другиот крај на спектарот кога некои промени се третираат со надрилекарства или пациентот не се јавил подолго време на лекар. Од 3.18 Кога некоја промена на кожата ќе се изгори, потоа и ние да ја отстраниме таа е уништена и не можеме точно да знаеме за каква промена или кожен карцином станувало збор. И тие се тие промени што се случуваат доколку имало лекување со надрилекарство“, објаснува д-р Маргарита Пенева Клиника за пластична и реконструктива хирургија. Летото е во полна сила и докторите со апел да се носи светла лесна облека и задолжителен висок фактор за заштита на кожата, со порака доктор Пенева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
ЕвропаУтре референдумски ден „Д“ за Исланд – ќе тргне ли островската држава повторно кон ЕУ?Исланд утре пред одлука – за или против обновување на преговорите за членство во ЕУ. По повеќе од деценија откако ги напушти амбициите, граѓаните на референдум ќе се изјаснат дали земјата да го продолжи европскиот пат. Ова според проценките е првиот чекор на тамошната Влада која сака да го приближи Исланд кон Брисел. Но пред клучниот ден нацијата е поделена. Според последната анкета резултатот засега е неизвесен. 46 отсто од граѓаните се за продолжување на преговорите, исто толку се против, а околу осум отсто сè уште немаат одлучено. За Исланд едно од најчусвствителните политички прашања е контролата врз сопствените води и рибните ресурси, а граѓаните се поделени и околу воведувањето на еврото како валута наместо исландската круна, како и за трансферот на моќта за донесување одлуки на Брисел. -Според мене мислам дека најважно е дали имаме нешто да кажеме за нашите ресурси и колкава моќ и даваме на ЕУ. Мислам дека е важно да сме свесни што губиме, а што добиваме. - Мислам дека е многу важно што размислуваме, јас барем размислувам, за иднината, за моите деца и внуци. Сакам да имаат можности, помали такси, полесна валута како што е еврото наместо круна. Мислам дека е постабилно за нас. Ние сме мала нација и повеќето од поголемите компании користат евра. Па, зошто да не и јавноста? -Мислам светската клима се менува. Мислам дека вреди барем да се погледне што друго се нуди таму, бидејќи ние сме мала нација, дали може да стоиме сами во менувањето на климата на светот, се дел од ставовите на Исланѓани. Најтешкото прашање во јавноста, сепак, останува рибарството. Рибарската индустрија, столб на економијата на Исланд и симбол на националниот идентитет, се плаши дека Заедничката политика за рибарство на ЕУ ќе ги отвори исландските води за странски флоти. -Имаме 100 посто од профитот во Исланд и сакаме така и да остане. Тоа се нашите загрижености, ако се придружиме во заедничката рибарска политика со ЕУ овој синџир на вредности, кој го генерира целиот овој профит за исландската популација, дека тоа ќе биде растргнато, велат дел од експертите.- Хеидрун Мартејнсдотер – експерт за рибарски сектор Исланд е специфичен кандидат бидејќи веќе е силно интегриран со Унијата. Земјата е дел од Европската економска област, учествува на единствениот европски пазар и е членка на Шенген. Исланд ги напушти преговорите со ЕУ во 2013-та година откако тогашните власти по финансискиот колапс пет години претходно оценија дека економијата закрепнала и островската држава може да се потпре на сопствените сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедум активни пожари во МакедонијаДо 13 часот регистрирани се седум активни пожари, информираат од ЦУК. Гори во општина Сарај кај село Копаница, кај гостиварско Трново, како и во општина Македонски Брод кон селата Битово, Заград и Страјане. Активни пожари има и над село Нежилово во Чашка, во општина Јегуновце кај село Копанце, над касарната во Прилеп и кај старите гробишта каде горат дива депонија и ниска вегетација. Пожар има и во околината на охридските села Велмеј и Брежани.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook