Љубовни недоразбирања и љубомора се мотивите за свирепото убиство на 79 годишната штипјанка - Канал 5

Љубовни недоразбирања и љубомора се мотивите за свирепото убиство на 79 годишната штипјанка

Мотивите за убиството на 79 годишната жена од Штип се љубовни недоразбирање и љубомора на 74 годишниот Д.А, кој на свиреп начин ја има убиено во неговиот дом. 

Љубовни недоразбирања и љубомора се мотивите за свирепото убиство на 79 годишната штипјанка

Од обвинителството за МИА потврдуваат дека на случајот се уште се работи и се чекаат дополнителните анализи од предмети и траги од крв. Во дворот на Д.А е пронајден трупот на убиената жена, но се уште не се пронајдени нејзината глава и раце. Од вештачењето на трагите од крв утврдено е дека станува збор за убиената Б.Н, а на трупот има фрактури на ребрата, но нема убоди од нож. Според исказот на осомничениот откако ја убил 79 годишната Б.Н и ги сечел деловите од телото, за да ги сокрие трагите од монструозниот чин. Истражните органи се уште ги бараат остатоците од телот на свирепо убиената 79 годишна штипјанка.

Министерството за внатрешни работи вчера преку пишано соопштение објави дека СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против 74 годишниот Д.А од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 и „противправно лишување од слобода“ по член 140 од Кривичниот законик. Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел 79 годишната Б.Н. од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала, по што телото го закопал во дворот.

-Имено, на 24.10.2025 во СВР Штип, Д.О.(84) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината сестра Б.Н. По преземени мерки, а поради сомнение дека противправно ja држел во неговиот дом, на 10.11.2025 со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени повеќе предмети и траги од крв. По претресот, тој бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор во траење од 96 часа и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово. По дополнително преземени мерки и добиено вештачење на одземените траги и предмети, во СВР Штип повторно е извршен разговор со Д.А. во кој тој детално го појаснил начинот на кој го извршил убиството, се вели во соопштението на МВР објавено на 16 ноември.

По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а Д.А. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер