ЖивотЉубовни маки: Се оженив со 40 години помлада жена, но ми побегнаФрањо Планинц (85) побарал развод бидејќи неговата 40 години помлада сопруга ниту една ноќ не поминала со него. Уверен е дека ги сакала само неговите пари.Општинскиот суд во Карловац овие денови го поништил петгодишниот брак меѓу Фрањо Планинц и И.Д. (45) на негово барање бидејќи бракот никогаш не бил “консумиран“ нити пак некогаш живеел со сопругата. Фрањо бил единствениот кој се појавил на судот и ги објаснил необичните околности на нивниот брак – него му било потребно некој кој ќе се грижи за него, а на неа и требала материјална сигурност. Бракот го склопиле во тајност, после работното време на матичарот во јули 2010 година. Но, само што го дале судбоносното “да“ родителите на неговата “новопечена“ сопруга ја седнале во автомобилот и ја одвеле во родителскиот дом, а тој после венчавката останал сам. Родителите на втората сопруга на Фрањо му биле кумови на таткото на И.Д. и преку кумството се познавале. Со оглед на тоа дека Фрањо имал проблеми со срцето и белите дробови и два пати е опериран, лекарот му препорачал да најде некој кој ќе се грижи за него 24 часа, а родителите на неговата идна избраничка понудиле тоа да биде нивната И.Д. Таа барала да доаѓа и да му помага за надомест од 5 евра на час. За него тоа било многу со оглед на тоа дека примал пензија од 400 евра, а потоа паднал предлогот да се оженат. „Во животот немав среќа со браковите. Првата жена ми побегна, другата жена ми умре и не можевме да имаме деца, а оваа ме искористува. Со години ги познавам нејзините родители кои бараа да и помогнам бидејќи останала без работи и се понудија таа да ми чисти и да се грижи за мене. После некое време предложив да се венчаме и таа да се грижи за мене, а на неа после мојата смрт ќе и остане пензијата и станот. Така и беше, но после венчавката, таа ниту доаѓаше ниту водеше грижа за мене. За неа добивав додаток од 65 евра по кој редовно доаѓаше“ – изјави Фрањо додавајќи дека на нејзините родители им помагал во отплаќање на кредитите. На суд изјавил дека после венчавката останал сам, дека со сопругата никогаш немал интимен однос, дури никогаш не излегле заедно за да не видат дека се мажи и жена и само неколку пати заедно со нејзините родители биле во град на ручек. Како што заклучил самиот, таа цело време само сакала да дојде до неговиот имот и пензијата. Освен кога доаѓала да го земе 65 евра додатокот од неговата пензија, таа само еднаш, според него, подолго се задржала кај него дома, кога му го исчистила фрижидерот. „Тоа е се што направи за мене во текот на бракот“ – се пожалил Фрањо. Неговата сега веќе поранешна сопруга И.Д, немала коментар, но нејзината мајка изјавила дека Фрањо ги изиграл и нив и нивната ќерка. „Навистина побаравме помош од него, бевме во добри односи со години. Прв предложи брак со нашата ќерка и пред бракот состави тестамент со кој и го остава станот со услов до крајот на животот да се грижи за него – изјави нејзината мајка. Додава дека нејзината ќерка на почетокот секој ден доаѓала и му помагала на Фрањо, но дека сето тоа тргнало лошо кога се вмешала и друга жена. „Со неа имал 25 годишна тајна афера. Мислам дека заљуби во нашата ќерка, но најверојатно се ожени со неа само за да ја направи љубовницата љубоморна. Фрањо ни призна дека љубовницата му наредила дека мора да се разведе, но и дека таа има целосна контрола над неговата банковна сметка – тврди мајката на разведената сопруга на Фрањо. Додава дека тој после две недели од венчавката сакал да се разведе но се откажал. Изјави дека тие во целата ситуација постапиле со најдобра намера, а Фрањо ги измамил. Судиката Анџелка Дуковац го прифатила барањето на Фрањо за развод бидејќи меѓу останатото сопружниците никогаш не биле интимни а со тоа бракот не бил консумиран. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
АвтомобилизамСпортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење. Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите. Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“. Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле. Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени. И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили. Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот. Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“. Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч. Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек. Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека. Извор: Б92Тагови: Sanrivatti One Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНасилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото. Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници. Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел . Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци. Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви. Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти. Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат. The police in Berlin have had enough of those who create chaos in Germany. https://t.co/MOhad35F3m — RadioGenoa (@RadioGenoa) November 15, 2026 Обид за пробивање на полицискиот кордон Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат. Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници. На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење. На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата. Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти. Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам. Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам. Најавен е европски штрајк на младите Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување. На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци. Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин. Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook