Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
ЗабаваЉубовна приказна – Емотивна средба во старски дом после 30 години! (видео)И двајцата боледуваат од деменција, но не се заборавиле еден со друг.Љубовната приказна на Ненси (86) и Стен (91) од Единбург би можела да послужи како сценарио за филм. Тие се запознале многу млади, но нивните родители не ја одобрувале нивната љубов, а тоа било само почеток на нивната необична приказна. После 30 години се сретнале во дом за стари лица. Средба во старски дом Како што изјавила нивната внука за Дејли меил, и покрај противењето на нивните родители, Ненси и Стен се венчале во 1957 година и ја добиле ќерката Карен, но нивниот брак се распаднал кога Ненси во своите 50-ти години доживеала мозочен удар. Бидјеќи Стен не можел да се справи со последиците на тешката болест на неговата сопруга, решил да се разведе и да замине. - Дедо ми повторно се оженил и ги прекинал контактите со баба ми. Тие не се виделе 30 години. И додека таа живеела сама не сакајќи друг маж во нејзиниот живот, тој имал нова сопруга. Меѓутоа, таа го оставила кога дедо ми добил деменција бидејќи не можела да се справи со неговата болест. На некој начин, ја доживеал судбината на неговата поранешна сопруга Ненси – изјавила нивната внука Сара. Но, судбината си поиграла со поранешните сопружници кога дошле во подоцнежни години. Сега и двајцата се болни и имаат деменција, па ќерката ги сместила во истиот дом за стари лица. Во видеото, снимено од нивната внука, поранешните сопружници се сретнуваат за прв пат после 30 години во домот за стари лица. На видеото се гледа како еден дедо седи во фотелја и изненадено гледа во бабата што се појавува на вратата. Тој боледува од деменција, често заборава на сè, па понекогаш не ја препознава ни сопствената ќерка, но Ненси веднаш ја препознал. Судејќи по нејзината реакција, Ненси сè уште има чувства кон него. - Добро ли си? Сега си стар, мора да се грижиш за себе - се слуша како зборува бабата додека се наведнува кон збунетиот дедо. А, тој не ја симнува насмевката од лицето откако ќе сфати дека таа повторно е покрај него. И двајцата се согласиле заедно да испијат чај и да се присетат на убавите заеднички моменти, што е многу невообичаено особено за пациентите со деменција. Но, се чини дека ниту тешката болест не ги спречила да се сетат еден на друг и на големата љубов што некогаш ја имале. Оваа трогателна средба на поранешните сопружници во старечкиот дом многумина ги потсети на познатиот филм „The Notebook“, иако многумина признаа дека оваа приказна од реалниот живот е уште подраматична и поромантична. Видеото од нивната прва средба после три децении, беше објавено на Tикток од нивната внука и за кратко време стана вирално и освои речиси 3 милиони прегледи. Судејќи по бројните коментари, многумина навиваат да бидат повторно заедно, барем сега во старечкиот дом. - Љубовта никогаш не умира! Погледнете како бабата сè уште е грижлива кон него иако ја повредил. - Љубовта и спомените имаат моќ да ги надминат и најтешките животни околности. - Ова е поромантично од „The Notebook“ и доказ дека љубовта е неуништлива – беа само дел од коментарите. Стен го поминал својот живот во војска и напишал мемоари за својот живот и љубовта кон Ненси со желба засекогаш да го зачува споменот на нивната навидум безвременска љубов. @sarahashleighflorals They both have dementia and have ended up in the same care home after 30 years apart 💔 we were so worried how this would go! It's so good to see them be friends again. Grandad still asks for his sweetheart back home and she is still very much a part of the family, she misses him a lot. Love might not be the same kind of love forever, it is a shape shifter 💖 but it never leaves 🥹 Video is filmed by my wonderful mum (their daughter) for anyone confused! #dementia #alzheimer #romanempire #Scottish #dementia #alzheimer #romanempire #Scottish ♬ original sound - Flower Preservation Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗлатото и среброто бележат раст на светските берзиЦените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари. Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари. Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44