Љубовен советник: 4 теми за кои секојдневно треба да зборувате со вашиот партнер за да остварите стабилна и цврста врска - Канал 5

Љубовен советник: 4 теми за кои секојдневно треба да зборувате со вашиот партнер за да остварите стабилна и цврста врска

Без добра комуникација нема добра врска и избегнувањето на одредени теми може само долгорочно да му нанесат штета на вашиот љубовен однос.

Љубовен советник:  4 теми за кои секојдневно треба да зборувате со вашиот партнер за да остварите стабилна и цврста врска

Кои се најдобрите теми за разговор кои би било пожелно да ги имате со својот партнер како би имале добра, убава и стабилна љубовна врска.

1.Стресни активности – секојдневно се случуваат непредвиливи ситуации, стрес на работа, кавга со некој член на семејството, или општо тежок ден – споделувајте го со партнерот секојдневието и поттикнете го и тој да ви ги раскаже своите тешкотии. Така развивате чувство на блискост и доверба во љубовниот однос.

2. Цели и планови – отворен разговор за вашите мали и големи цели ќе ве мотивираат без воздржаност да чекорите кон нив. Важно е да не ги чувате во себе затоа што партнерот може да ви биде значајна поддршка во нивните остварувања и обратно. Задолжително планирајте ги заеднички активности, затоа што токму недостатокот на време за заедничко уживање е еден од најголемите причинители за распад на врските и браковите.

3. Здравје – понекогаш ги криеме здравствени проблеми за да не го оптеретуваме партнерот, но здравјето секогаш треба да е на прво место и за него секогаш треба отворено да разговараме. Секоја физичка болка вие и вашиот партнер полесно ќе ја поднесете доколку ја споделите.

4. Убави спомени – стручните лица сметаат дека сеќавањето на убавите моменти поминати заедно би требало да се честа тема на паровите. Таквите разговори создаваат позитивна енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник .

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник од штипско во присуство на негов родител.

На објавеното видео се гледа како тој управува мотоцикл на едно тркало со што го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – вознемирена мајка се јавила во полиција

Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Случајот со Ива Михаилова продолжува да ги влошува односите меѓу Македонија и Бугарија...

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Само неколку дена откако бугарскиот амбасадор во Скопје, Радуков беше повикан во МНР за да му се изрази незадоволство од начинот на кој постапува официјална Софија, сега и самиот тој стана проблем....

МНР сега реагира за неговите изјави, како и за изјавите на бугарскиот министер за внатрешни работи... Деталите ги има Михаило Донев.. Михаило, што точно МНР им забележува на Радуков и Демерџиев?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер