Љубов и врски: Седум знаци дека партнерот бара друга прилика - Канал 5

Љубов и врски: Седум знаци дека партнерот бара друга прилика

На многу луѓе им е позната состојбата кога некој не нѐ гледа како приоритет, туку како „резервна опција“ - некој што можат „да го земат од полицата“ кога им треба внимание, блискост или (само)потврда. 

Љубов и врски: Седум знаци дека партнерот бара друга прилика

Често за нив се вели дека се „резерва“... Ваквите врски се збунувачки, бидејќи се чини дека постојат, но без јасна намера и насока, пишува порталот „Супержена“.

Следат неколку совети за знаците коишто можеби укажуваат дека партнерот ја држи „саканата“ личност „на полица“, а всушност, затскриено бара „подобра прилика“ за себе.

1. Се појавува доволно, колку „да не го заборавите“...

Партнерот никогаш не исчезнува целосно, но ретко се појавува. Повремените повици и пораки служат за да остане присутен во Вашите мисли и да не се намали Вашиот интерес. Овој вид непредвидливо внимание честопати создава и посилна емоционална приврзаност од постојаната блискост, објави „Јортанго“ (YourTango).

2. Се случува зближување, а потоа одеднаш исчезнува

Во еден миг, се чини дека сте во врска - често се гледате, сè изгледа ветувачки. А потоа, без објаснување, станува недостапен. По некое време, се враќа со „големи гестови“ што ја враќаат неизвесноста кај другата личност во врската.

3. Сè уште не ја преболел „поранешната“

Ако сè уште го носи емотивниот багаж од претходната врска, постои голема веројатност дека Ве гледа како привремена утеха. Можеби му се допаѓате, но приказната од минатото сè уште има предност. Во такви случаи, другата личност во врската е тука за да ја пополни празнината, а не да се изгради нешто ново.

4. Флертува постојано, но дејствува само кога му одговара

Ја одржува тензијата и привлечноста, но иницијативата секогаш зависи од неговите потреби и распоред. Флертувањето служи за да ја одржи опцијата отворена, без обврска и одговорност кон Вашите желби.

5. Зборува убаво, но нема делување

Ветува состаноци, планови, и тоа - „наскоро“, но ништо конкретно не се случува. На крајот, Вие сте таа што го потсетува и ја почнува темата, што јасно покажува дека неговите зборови се само начин да Ве држи во близина.

6. Очекува ваше внимание, но си дава слобода

Сака таа да се сосредоточи на него, додека тој си дава право да истражува други опции. Ако другата личност го прави истото, првата веројатно, би реагирала како повредена жртва. Овој двоен аршин, вообичаено, ја открива потребата за надмоќ и контрола.

7. Ви дава доволно надеж за да останете

Големите изјави и ветувања без вистинска намера - служат само за купување време. Секој мала зрак надеж Ве држи „емоционално врзани“, иако длабоко во себе чувствувате како да стоите во место.

Ако се препознаваат неколку од овие знаци, важното прашање е: Дали сакам да бидам нечиј избор? Бидејќи, секој заслужува врска каде што е приоритет, а не план „за еден ден“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер