Љубомир Гајдов и Џевдет Хајредини во „Само Вистина“

Почитувани сограѓани, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Љубомир Гајдов и Џевдет Хајредини.

Ќе се поништи ли амнестијата за Хашките случаи, ќе го послуша ли правосудниот систем барањето на Советот на Европа?

Имињата на претседателските кандидати -енигма, консензуален или секој со свој кандидат на избори?

За прв пат во историјата на Македонија на политичката сцена има здружена албанска опозиција, ќе падне ли конечно бастионот на Мала Речица?

„Победник со победник“ или нешто помеѓу, по кој принцип ќе се прават постизборните коалиции?

Како државата може да им се оддолжи на граѓаните за хаосот со личните документи?

Вечерва во Само Вистина Александар Видиновски со Љубомир Гајдов и Џевдет Хајредини, веднаш по вестите.

(СТАВ) Прашање до сите правници и професори во Македонија и Грција...

Знаете ли што значи правната фраза - ERGA OMNES? Доаѓа од латинскиот израз кој означува - ЗА СИТЕ. Ако договорот од Преспа во чл.1, точка 3 вели дека е ERGA OMNES, однос важи за сите, како тогаш...  

...не важи за сите граѓани во Македонија и во светот ( според правното значење на erga omnes )?

Ако го погледнете договорот од Преспа кој е депониран во Обединетите Нации, ќе видите дека ERGA OMNES-от сепак не е „ERGA OMNES“, односно во чл. 1, точка 3, подточка f вели дека користењето на името Северна Македонија НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за оние правни и физички кои не се основани со некој државен закон и не добиваат финансиска поддршка од државата за своите активности!

Дали договорот меѓу Грција и Македонија има сериозни правни недоследности, или едноставно кажано е - дефектен?

Ужас во Букурешт: Тинејџери до смрт претепуваат човек (Вознемирувачко видео)

Камера во возило кое вчера се движело низ центарот на Букурешт го снимило моментот кога момче (16) и четири години постар негов другар, со стапови до смрт претепале маж (46).

Сѐ се случило во понеделникот околу 17 часот и 30 минути среде улица, пред многумина минувачи.

На грозоморното убиство му претходела расправија меѓу маж и двајца тинејџери во парк. Според романските медиуми, жртвата дошла во паркот за да ја заштити својата поќерка која наводно била нападната од девојките на осомничените за убиството.

Предупредување: вознемирувачка снимка

Наводно, девојките закажале пресметка во паркот, а секоја од нив повикала некој свој на помош. Убиениот е очув на една од девојките во конфликтот. Кога пристигнал во паркот, започнала вербална расправија со тинејџерите, а потоа тие грабнале стапови и почнале да го тепаат до смрт.

Несреќниот маж успеал да побегне од паркот до улицата, но осомничените го стигнале и продолжиле да го тепаат. Според очевидци, тие го удирале по глава додека не престанал да се движи, а потоа побегнале.

Иако медицинските екипи пристигнале брзо, човекот не можел да се спаси. По два часа полицијата успеала да ги лоцира и уапси осомничените за убиството, а тие на распитот наводно го признале делото и биле приведени.

Шпанија не дозволи брод со 27 тони експлозив за Израел да запре во нивно пристаниште

Шпанија не дозволи брод што носи оружје за Израел да се закотви во југоисточното пристаниште Картагена, изјави министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

Албарес ги потврди извештаите дека бродот Marianne Danica превезувал оружје во Израел и дека побарал дозвола да се закотви во Картагена на 21 мај.

Тој рече дека забраната за шпанските пристаништа е во согласност со политиката на Шпанија да го забрани извозот на оружје во Израел од почетокот на војната во Газа во октомври.

„Одбивме да му дозволиме да се закотви и тоа ќе биде конзистентна политика со секој брод што носи израелско оружје што сака да се закотви во шпанските пристаништа“, рече Албарес.

Бродот превезувал речиси 27 тони експлозивен материјал од Мадрас, Индија, објави Ел Паис. H. Folmer & Co. Компанијата која управува со бродот, не одговорила веднаш на барањето за коментар. Извештаите доаѓаат во време на спор меѓу владејачките социјалисти и нивните тврдолеви партнери околу дозволувањето транзит на бродови со оружје до израелските пристаништа.

притисни ентер