Божиновска со државниот секретар на Северна Рајна-Вестфалија Кристијан Вирмер: Размена на искуства за енергетската трансформација
2Божиновска со државниот секретар на Северна Рајна-Вестфалија Кристијан Вирмер: Размена на искуства за енергетската трансформација
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
1Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
ЖивотЉубителка на сериски убијци, до смрт го избодела своето момче - осудена е на 23 години затвор На најмалку 23 години затвор е осудена 27-годишната жена од Велика Британија која ги украсила ѕидовите на својата куќа со слики од сериски убијци и го избодела своето момче до смрт.Шеј Гроувс денеска е осудена на судот во Винчестер затоа што му го пресекла грлото на Френки Фицџералд (25), а потоа го прободела 17 пати во градите во јули минатата година. Во текот на судењето, Гроувс тврдеше дека таа била жртвата и дека дејствувала во самоодбрана. Но, подоцна се дозна дека таа го измислила своето алиби и дека користела совети од криминалистички документарци базирани на вистински настани, пишува The Guardian. Гроувс рече дека таа и Фицџералд практикувале врзување за време на секс и дека поставиле камера во нејзината спална соба во нивниот дом во Хемпшир за да можат да се снимаат за време на сексот. Обвинителите изјавија дека таа не го убила своето момче во самоодбрана, туку откако открила дека тој преку Фејсбук испраќал пораки на девојка која тврдела дека има 13 години. „Не забележавте дека Френки ја блокираше веднаш штом рече дека има 13. Всушност, таа имаше 17 години“, рече судијата Џастис Кер. За време на судењето, Гроувс им кажа на поротниците како Фицџералд ја фатил за врат за време на расправијата, а таа не можела да дише или да вреска. Таа додала дека случајно го прободела во вратот, а потоа му го пикнала ножот во срцето за да го замолчи. Обвинетата толку многу сакала да гледа криминални шоуа што на ѕидот од нејзината спална соба врамила портрети на озлогласените сериски убијци, вклучувајќи ги Тед Банди и Џефри Дамер. "Кога ме фати за вратот, не можев да дишам. Имаше чуден поглед. Сфатив дека нема да ме пушти, се плашев за мојот живот. Сакав да грабнам кутија од полицата и да го удрим , но случајно го досегнав ножот“, изјавила Гроувс на судот, а пренесува Дејли Мејл. "Дојде до ѕидот и полека падна на подот. Од вратот му излегуваа меурчиња. Градите не му се мрдаа, се слушаше само чуден звук. Сфатив дека го убив. Сакав да го прекинам тоа шуштење, ја ставив раката на неговиот врат, но не престана, па му забив нож во срцето“, додала таа. Обдукцијата покажала дека Фицџералд имал 20 убодни рани, од кои три во пределот на вратот и 17 во пределот на градниот кош. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаКривична пријава против тројца скопјани за „насилство“ и „изнуда“На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, физички нападнале 28-годишен скопјанец и упатувале закани кон него и неговото семејство.Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против В.А.(26), Д.А.(27) и С.С., тројцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „насилство“ по член 258 и член 386 од Кривичниот законик. На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, физички нападнале 28-годишен скопјанец и упатувале закани кон него и неговото семејство. По преземени мерки обезбедени се В.А. и Д.А., а против С.С. е распишан централен распис. Исто така, обезбеден е и доказен материјал. В.А. и Д.А. се изнесени пред судија за претходна постапка, кој на В.А. му одреди 30 дена мерка домашен притовр, на Д.А. му се одредени мерки за претпазливост, а на С.С. му е одредена мерка притвор во отсуство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаБожиновска со државниот секретар на Северна Рајна-Вестфалија Кристијан Вирмер: Размена на искуства за енергетската трансформација Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје оствари средба со државниот секретар за Европа и меѓународни прашања и портпарол на покраинската влада на Северна Рајна-Вестфалија, Кристијан Вирмер.На средбата беа разменети мислења и искуства за актуелните процеси во енергетскиот сектор, со посебен акцент на енергетската безбедност, диверзификацијата на енергетските извори и развојот на модерна и конкурентна енергетска инфраструктура. Министерката Божиновска говореше за реформите и активностите што ги спроведува Министерството во насока на обезбедување стабилно и сигурно снабдување со енергија, забрзување на енергетската транзиција и усогласување на националната енергетска политика со европските стандарди и политики. Посебен акцент беше ставен на развојот на гасната инфраструктура и регионалното енергетско поврзување, како и на значењето на инфраструктурните проекти што придонесуваат за поголема отпорност и сигурност на енергетскиот систем. На средбата беше разговарано и за искуствата на Северна Рајна-Вестфалија во процесот на енергетска трансформација, имајќи предвид дека станува збор за еден од најзначајните европски индустриски региони, кој паралелно со економскиот развој спроведува процеси на декарбонизација и модернизација на енергетскиот сектор. Во разговорот беше истакнато значењето на размената на знаења, добри практики и искуства, особено во делот на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, модернизацијата на енергетската инфраструктура и создавањето услови за нови инвестиции. Европската соработка и размената на искуства со развиените европски региони се важен дел од процесот на модернизација на македонскиот енергетски сектор. За Македонија е од особено значење да ги користи искуствата на европските партнери кои веќе поминуваат низ комплексни процеси на енергетска трансформација. На средбата беше оценето дека постојат можности за продлабочување на институционалната соработка и за понатамошна размена на искуства во областите од заеднички интерес, особено во контекст на европската интеграција, енергетската транзиција и зајакнувањето на регионалната енергетска поврзаност. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаОпштина Карпош: Заврши ликовната колонија „Нерешки мајстори“Градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Совет, Христо Саракинов, денска присуствуваа на завршниот ден од ликовна колонија ,,Нерешки мајстори”, која се одржуваше во амбиентот на црквата Св.Пантелејмон во Нерези. Во рамки на тридневната колонија, десет реномирани академски сликари создаваа свои уметнички дела инспирирани од духовното, културното и природното богатство на овој значаен локалитет. „Денеска сме сведоци на прекрасни ликовни дела кои произлегоа од талентот, креативноста и вештите раце на уметниците, инспирани од спонтаната атмосфера која ја создава природата и ова величенствено опкружување во црквата Св. Пантелејмон – истакна Лукоровски. Во знак на благодарност и добра соработка, учесниците ги донираа своите дела на Општина Карпош, со што значително ќе се збогати општинската уметничка колекција. По тој повод, градоначалникот Лукровски на сите учесници им врачи благодарници за нивниот придонес и учество на ликовната колонија. На ликовна колонија ,,Нерешки мајстори” учествуваа: Владимир Лазоски, Данчо Ордев, Емилија и Стојче Тоциновски, Даниела Илиевска, Соња Поповска Трајковска, Сара Поповска, Зоран Бошковски, Ахмед Кадри, Христина Стојчевска, Мики Трендафиловски. Општина Карпош, преку Програмата за култура, во континуитет останува посветена на поддршката и афирмацијата на културата и уметноста кои придонесуваат за збогатување на животот во Карпош. ОПШТИНА КАРПОШКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook