Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!
1Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!
Шоу бизЉубителите на „Супермен“ шокирани од објавата на Хенри Кавил Актерот Хенри Кавил на својот Инстаграм профил објави дека нема да се појави во новото продолжение на Супермен и со тоа шокираше многуте фанови бидејќи неодамна беше објавено дека ќе учествува во проектот.Режисерот Џејмс Ган прв го потврди тоа. „Питер и јас сме подготвени и не може да бидеме повозбудени. Ќе можеме да споделиме неколку возбудливи информации за нашите први проекти на почетокот на новата година. Меѓу тие проекти е и Супермен. Во почетните фази, тие ќе се фокусираат на претходниот дел од животот на Супермен, така што ликот нема да го глуми Хенри Кавил. Но, само имавме одличен состанок со него и сме огромни обожаватели и разговаравме за голем број возбудливи можности за соработка во иднина“, напиша Ган на Твитер. Peter & I have a DC slate ready to go, which we couldn’t be more over-the-moon about; we’ll be able to share some exciting information about our first projects at the beginning of the new year. — James Gunn (@JamesGunn) December 15, 2022 Веста потоа ја потврди Кавил на Инстаграм. „Имав состанок со режисерите, имам тажни вести. На крајот нема да го играм Супермен. Оваа вест не ми се допадна, особено откако студиото ми кажа да го објавам моето враќање во октомври, пред ангажманот. Но животот е таков. Го почитувам тоа што Џејмс и Питер го градат. Им посакувам многу среќа на нив и на сите вклучени“, напиша Кавил, а потоа директно им се обрати на фановите на Супермен. „За сите оние кои беа со мене во текот на годините, сега можеме малку да тагуваме, но мораме да запомниме и дека Супермен е сè уште тука. Сè за што се залагаше сè уште стои и тој сè уште е пример за сите нас. Моето време на носење наметка заврши, но она за што се залага Супермен ќе остане засекогаш. Многу се забавував со сите подеми и падови“, објавил Кавил. View this post on Instagram A post shared by Henry Cavill (@henrycavill) Илјадници обожаватели му одговорија во коментарите и многумина од нив беа шокирани. Ќе истакнеме некои од коментарите. „Се надевам дека ќе те видам во друг универзум“, рече колегата Захари Леви, кој исто така е дел од DC и го игра Shazam. „Ти секогаш ќе бидеш Супермен, но и многу повеќе од тоа“, му напиша Дени Гарсија. "Ова е многу голем срам. Жал ми е што го слушам ова. Не знам што да кажам", му напишал еден фан. "Веќе не си Супермен, не играш повеќе на Witcher. Ова се темни времиња", му рекол еден фан. „Завршив со DC по оваа непријатна вест“, му напишал еден фан на Кавил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЕлмас: Тешко е да се збори, заслужено победи ШкотскаМакедонската фудбалска репрезентација претрпе нов пораз во Лигата на нации, откако загуби од селекцијата на Шкотска со 0-2 на домашен терен.Гостите покажаа поголема решителност во завршницата, додека нашата репрезентација и по три одиграни кола останува без постигнат погодок. -Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска, многу тежок момент, на сите играчи им е тешко и на мене. Треба да научиме од оваа ситуација. Мораме да се кренеме од ова, изјави Елиф Елмас -Примивме многу рано гол, мислам дека тоа беше еден од кличните моменти. Требаше да ја држиме повеќе топката и да ги тераме да трчаат- вели Бојан Миовски.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!Ресен и Преспанскиот регион повторно се соочуваат со земјоделска неизвесност. Индустриското јаболко се откупува за само 4 денари за килограм, додека производствените трошоци надминуваат 10 денари по килограм. Тоа веќе не е земјоделство, туку принудна работа со однапред пресметана загуба. „Апсурдот станува уште поголем кога ќе се земат предвид трошоците за бербата. За една дневница од околу 3.000 денари, овоштарот треба да продаде дури 750 килограми индустриски јаболка, без да ги пресмета горивото, ѓубривата, средствата за заштита на насадот и целогодишниот труд. Владата не може повеќе да се крие зад пазарните услови и да се однесува како да нема никаква одговорност кон производителите на јаболка. Нејзина обврска е да создава услови за одржливо производство, фер пазар и навремена поддршка на домашните земјоделци“, вели во својата изјава Илија Чилиманов, правен експерт и член на ИО на Либерално-демократската партија (ЛДП). За подобрување на условите, Чилиманов од надлежните побара носење на итни и конкретни мерки: - Итна финансиска поддршка за производителите на индустриско јаболко, со цел да се намали јазот меѓу производната и откупната цена. - Навремена исплата на сите заостанати субвенции, без дополнителни административни одолговлекувања. - Транспарентен систем на откупни цени и јавно објавување на понудите од откупувачите. - Поддршка за преработувачките капацитети и домашната индустрија, за производството да добива дополнителна вредност во Македонија. - Долгорочна стратегија за овоштарството, со посебен акцент на Преспанскиот регион и на заштитата на малите и средните земјоделски стопанства. „Земјоделците не бараат милостина и сожалување. Тие бараат фер услови за сопствениот труд и можност да живеат од својата работа. Доколку Владата не може да го заштити домашното производство, тогаш во истиот момент да престане да зборува за економски развој и рекорден раст, бидејќи цели земјоделски региони се борат за гол опстанок“, посочува Чилиманов. На земјоделците од Преспанскиот регион не им требаат празни ветувања и фотографирања со гајби јаболка. Нив им требаат конкретни реформи, инвестиции и институции кои што ќе ги заштитат. „Крајно време е земјоделците да престанат да бидат последната алка во синџирот и конечно, да станат рамноправни економски партнери. ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и обезбедување на бесплатна правна помош“, заклучува Чилиманов во својата изјава. ЛДПТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“ Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка. Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога. Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените. Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter