3Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
КултураЛитванска вечер на „Охридско лето“ со пијано дуото Зубовас и Девејките – ЗубовиенеЛитванска вечер на „Охридско лето“ со пијано дуото Зубовас и Девејките – Зубовиене и Уметничка изложба на дела на Микалојус Контантинас Чиурлионис.Седмиот ден од годинешната програма на Фестивалот „Охридско лето“ резервиран за Литванска вечер на музика и уметност со концерт на пијано дуото Рокас Зубовас и Соната Девејките – Зубовиене, како и Уметничката изложба на репродукции на слики од Микалојус Контантинас Чиурлионис. Пијанистите Соната Девеикуте-Зубовиене и Рокас Зубовас започнуваат да настапуваат заедно во 1997 година. Обајцата се победници на меѓународни натпревари, а се образуваат на Литванската музичка академија, како и во Швајцарија (Институт „Хајнрих Нојхаус“, Цирих), и во САД (Универзитет „Де Пол“, Чикаго) каде студираат под менторство на Повилас Стравинскас, Јургис Крнавичиус, Естер Јелин, Андриус Купервичиус, Едвард Ауер и Дмитри Паперно. Дуото Зубовас има остварено настапи во „Палатата на нациите“ во Женева, во Кралската палата во Варшава, како и на меѓународни фестивали во Литванија, Норвешка, Франција, Италија, Германија, Холандија, Украина, на турнеја во Јужна Америка (Аргентина и Уругвај), во САД и Канада и низ Европа. Покрај стандардниот репертоар за две пијана, особен интерес на дуото се делата за четирирачно пијано оригинално напишани од Моцарт, Бетовен, Шуберт, Шуман, Брамс, Регер, Дебиси, Равел, Форе, Рахмањинов, Кориглиано и други, како и транскрипции за пијано на симфониските опуси, како на пример „Посветување на пролетта“ од Стравински, Бранденбуршките концерти на Бах, „Шпанската рапсодија“ на Равел, „Пролет“ и „Море“ од Дебиси, како и гудачкиот квартет од Чурилионис и неговата симфониска поема „Во шумата“, дела од Гершвин и др. Дуото настапува со симфониски оркестри во Литванија и надвор од неа, а досега им се посветени бројни дела од литванските композитори. Уметникот Микалојус Константинас Чиурлионис (1875-1911) важи за највлијателна уметничка фигура во Ливанија – композитор и сликар чие визионерство остава значајно наследство и покрај неговиот трагично краток живот. Неговите иновативни дела во кои се спојуваат музиката и визуелната уметност продолжуваат да инспирираат и да ја одушевуваат публиката насекаде низ светот. Чиурлионис има уникатно место во европската уметност и во историјата на музиката. Како пионер на симболизмот и модерната уметност, тој воведува нови мистични и космички теми кои се во контекст со модернистичкото движење во Европа. Во сферата на музиката тој ги проширува границите на хармонијата и традиционалната структура како еден вид предвесник на иновациите кои ќе следат во делата на композиторите од почетокот на 20 век. Токму спојот на визуелното и аудитивното доживување го прават да биде еден од водечките авангардни уметници на неговото време, значително поместувајќи ги границите на европската уметност. Во 1902 година кога се запишал на уметничката школа „Каузик“ во Варшава на 27- годишна возраст, Чиурлионис веќе бил етаблиран композитор со дипломи од конзерваториумите во Варшава и Лајпциг. Неговиот композиторски опус до тогаш го сочинувале неколку крупни дела за симфониски оркестар, камерна музика, хорски дела, кантата за хор и оркестар, дела за соло пијано и други дела. Веќе неговите први слики кои датираат од 1903-1904 год. ја покажуваат тенденцијата на Чиурлионис да ја збогатува визуелната експресија со музички елементи. Овие рани дела често имаат музички имиња (Погребна симфонија), или пак отсликуваат звучни пејсажи (Шумолењето на шумата), или пак имаат временска инстанца како циклусот „Ден“. Чиурлионис честопати размислувал како композитор додека сликал, на тој начин креирајќи симболични пејзажи кои се поврзани со звук и време. Во неговата слика „Вести“, треперливата свеќа и пеперутката во лет која ја набљудува фигурата во сенка – создаваат атмосфера на резонантна, прогонувачка неизвесност. Во 1907 година Чиурлионис започнал со создавање циклуси кои се засноваат на структурата на соната во музиката. Овие специфични циклуси на визуелизирана музика во целост ги интегрираат техниките на компонирање во јасен визуелен јазик. Секоја слика е насловена според ставовите во класичната соната (Allegro, Andante, Finale) и дава специфично чувство на „визуелно темпо“ и инкорпорира техники како развој на тема, тонален контраст, прогресија која одговара на развојните делови во сонатната форма – експозиција, развој и рекапитулација. Целта на оваа изложба е посетителите да ја истражат оваа неверојатна синтеза на звук и слика која Чиурилонис успешно ја постигнува и на тој начин создава неверојатно доживување во кое сликите „звучат“ како симфонии, а тишината говори во хармонија. Концертот и изложбата ќе се одржат во Катедралната црква „Света Софија“ во стандардниот термин од 21 часот. Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГренланд ќе ја промени временската зонаКако што пренесува гренландскиот весник „Сермитсиак“, до крајот на 2027 година, поголемиот дел од Гренланд ќе се врати во својата претходна временска зона, GMT-3.Ова следува по одлуката донесена вчера од локалниот парламент за промена на начинот на сметање на времето. Од 31 октомври 2027 година, временската разлика помеѓу Гренланд и Копенхаген ќе се зголеми за еден час – на четири часа – додека разликата во однос на Вашингтон ќе се намали за еден час – на два часа. Гренланд и понатаму ќе го применува летното сметање на времето. Прашањето за тоа кон која временска зона треба да припаѓа овој арктички остров со години е предмет на дебата на Гренланд. Дури во 2023 година, поголемиот дел од Гренланд премина во временската зона GMT-2, со цел да го усогласи своето време со Данска и остатокот од Европа. Иако Гренланд е дел од Кралството Данска, тој ужива висок степен на автономија. Собрани околу 4.000 потписи како поддршка за промената Во парламентот, гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен се спротивстави на враќањето во претходната временска зона, предупредувајќи на можни негативни економски последици, со оглед на тоа што најважните трговски партнери на Гренланд се наоѓаат во Европа. Тој исто така истакна дека промената ќе го скрати временскиот прозорец во кој здравствениот систем на Гренланд може да се консултира со медицински специјалисти во Данска, а предупреди и на можни компликации во авионскиот сообраќај кон и од Европа. Сепак, според „Сермитсиак“, многу жители на Гренланд се залагаат за враќање во претходната временска зона. Граѓаните собраа околу 4.000 потписи како поддршка за оваа промена. На Гренланд живеат околу 56.000 жители. Извор: Индекс.хрТагови: Гренланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕпидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртвиДемократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај. Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход. За овој сој не постои одобрена вакцина или третман Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“. Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда. Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter