Литванија го ратификуваше договорот за распоредување на 5.000 германски војници во земјата - Канал 5

Литванија го ратификуваше договорот за распоредување на 5.000 германски војници во земјата

Литванија вчера го ратификуваше заедничкиот договор со Германија за распоредување на германска борбена бригада во балтичката земја-членка на НАТО, при што сите 88 пратеници присутни на гласањето го поддржаа планот, јави ДПА.

Литванија го ратификуваше договорот за распоредување на 5.000 германски војници во земјата

Договорот, склучен во Берлин на 13 септември, предвидува распоредување и на германски војници и на цивили од германските вооружени сили во Литванија.

Како одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа по руската инвазија на Украина, Германија одлучи трајно да ја распореди својата борбена бригада во Литванија, која треба да биде подготвена до 2027 година. Планот предвидува распоредување до 5.000 германски војници во земјата, од кои 80 отсто ќе бидат сместени во воената база во Руднинкаи, а останатите во јужниот литвански град Рукла.

Германска командна единица од околу 20 војници дојде во Литванија уште на 8 април, а уште 120 се очекува да пристигнат на почетокот на октомври.

Литванските пратеници почнаа да расправаат за планот минатата недела, откако германскиот министер за одбрана Борис Писториус се обрати во Парламентот. Литванскиот министер за национална одбрана Лауринас Кашунас го поздрави чекорот како „уште еден камен-темелник на стратешкото партнерство“ со Германија.

Германските пратеници исто така мора да го ратификуваат договорот, иако сè уште не е одреден датум. За време на неговата неодамнешна посета на Литванија, Писториус рече дека очекува процесот на ратификација да биде завршен следната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Индустриското производство бележи позитивни движења.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во Движење ЗНАМ

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ - Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. 

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во Движење ЗНАМ

Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните.

Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата.

Новите сопартијци ги пречекаа Генералниот секретар на Движење ЗНАМ, Горан Минчев и претседателот на ОО Движење ЗНАМ - Ѓорче Петров, Славољуб Тотиќ.

ЗНАМ продолжува да ги отвора вратите за сите чесни, искрени и принципиелни луѓе кои сакаат да придонесат за поинаква, одговорна и достоинствена политика.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа?

Ниту еден случај на фемицид,  ова според светските медиуми е билансот во Шпанија, по воведувањето на мерката електронска нараквица за следење на потенцијалните насилници воведена во 2009 година. 

Дали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа?

Од тогаш под заштита биле ставени над 20 илјади жени, а користени биле речиси пет илјади активни уреди.

Според искуствата во Шпанија и Португалија, Електронската алка меѓудруогото создала силен психолошки ефект врз насилникот, а постојаното чувство на надзор го одвраќа од прекршување на забраните. Од друга стана, на жртвата ѝ обезбедува поголемо чувство на сигурност.

Како Ваквиот модел во најава ќе се одрази во Македонија, преку новите законски измени. Психолозите сметаат дека ваквата мерка може да има само позитивен ефект.

,,Сигурно дека ќе се чувствуваат побезбедно ако знаат дека оној којшто го врши насилството е под контрола и дека може да направи нешто што никој не знае. Мислам дека е добра мерка затоа што ние имаме голем број во Македонија каде насилството се повторува повеќе пати, после првите пријави никогаш не запира. Се надевам дека со оваа токму ова мерка дека ќе се намали бројот на можни повторувања на насилството,, – психолог Мирјана

Предложените измени предвидуваат и побрза полициска интервенција. При сериозна опасност, полицијата ќе може да го отстрани насилникот од домот на 48 часа, а судот да ја продолжи мерката до 30 дена. Потребата од дополнителна заштита ја потврдуваат и бројките на МВР – за десет месеци годинава се регистрирани 1.897 пријавени настани поврзани со семејно насилство, дури 70 проценти повеќе од лани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер