Литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ приредена од Олга Панкина - Канал 5

Литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ приредена од Олга Панкина

 Во организација на поетесата Олга Панкина - позната руска македонистка и преведувачка, во Москва, Русија, се одржа литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во рамки на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!”.

Литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ приредена од Олга Панкина

Проектот што доследно го реализира од 2014 година, се покажал како многу успешен, појаснува Олга Панкина, која има преведено и препеано на руски околу 300 македонски автори – поетски, прозни, драмски, критичко-есеистички творби презентирани во рамките на антологиски избори, панорами и одделни објави.

-Ми се појави идеја да ги презентирам во Русија редовно, системски, во рамки на еден литературен проект. Го насловив „Читај ја Македонија!” Под тоа мото одржав многу литературни настани – промоции, книжевни разговори, омажи и изложби на книги, претставувајќи ја современата македонска литература како богата и разнолика – жанровски, стилски, тематски, генерациски. Во изминатите десет години jа претставив на разни терени и разни градови – најмногу секако во Москва и на најблиското подрачjе Подмосковjе, но и во градовите Внуково, Зеленоград, Долгопрудниј, подалеку – во Твер, Санкт-Петербург, Пjатигорск, Ханти-Мансијск, како и на помали места – на пример во станицата „Новопесковска” на Краснодарската покраина, вели Панкина која е посветена на популаризација на македонската култура во Русија.

Низ цела година таа одржува литературни и културни настани, а оваа година, вели, му е посветена на академик Влада Урошевиќ по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата за 2023 година и 90-годишнината од раѓањето.

На настанот Олга Панкина го претстави Влада Урошевиќ како поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач. Неговото богатото творештвото, додава таа, им е познато на руските читатели благодарение на романите „Невестата на змеjот”, „Дива лига” и „Маџун”, на расказите „Сабја”, „Кукла”, „Вишнов ликер” и други.

Посебно во своето излагање таа се задржа на поетската збирка „Пејач во кулата” за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија “Златен витез” и на поновата, насловена „Jужна sвезда”, која лани ја објави Центарот за книга „Рудомино”. Двете поетски книги се проследени со исклучителни колажи на авторот.

Олга Панкина го презентира и мартовскиот број на најреномираното руско списание „Иностранаја литература” чие мото е изреката “Запознај ги утрешните класици!” каде се објавени песни на Влада Урошевиќ во нејзин препев. Панкина напиша и кратка белешка за него како поет, изразувајќи надеж дека читателите и преку превод ќе jа почувствуваат убавината на поетскиот израз на овој голем македонски автор.

Таа најави дека во јунскиот број на „Иностранаја литература” ќе бидат претставени низа раскази на Влада Урошевиќ, а на есен исто така во нејзин превод ќе излезе од печат нова книга – избор раскази на Влада Урошевиќ. Таа го наслови „Дирижабл над поле со пченки”. Книгата, вели таа, ќе биде подарок на Влада Урошевиќ за роденденот, но пред се – на руските читатели кои високо го ценат неговото извонредно творештво.

Артисти на театарот „Город” на литературна вечер посветена на академик Урошевиќ рецитираа песни и извадоци од негвоите романи на македонски и на руски јазик.

Присутните на настанот му испратија на Влада Урошевиќ видеоснимката со честитки за јубилејот, наведува Панкина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер