Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
2Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
КултураЛитературна манифестација „Денови на македонска литература за деца 2023“во КИЦ на РСМ во ЗагребВо Културно информативниот центар на Македонија во Загреб денеска ќе се одржи литературната манифестација „Денови на македонска литература за деца 2023“.На манифестацијата ќе биде презентирана монографијата и литературата за деца како императив во десетгодишното работење на „ЕДУКА МАК“, а ќе бидат промовирани неколку понови книги за деца. Како што е најавено, обраќање ќе има директорката на КИЦ на РСМ во Загреб, Наталија Поповска и програмскиот уредник на проектот, Ели Маказлиева. Книгата за деца „Во светот на децата“ избрана на конкурсот за наградата „ Пишувалки – Патувалки“ ќе биде промовирана од страна на дел од членовите на жири комисијата присутни на настанот, а на авторката Марија Богатиновска ќе ѝ биде врачена плакета. На другите учесници и соработници во проектот ќе им бидат доделени признанија и благодарници. Програмата за оваа манифестација е богата со настани и програмски активности што ќе се реализираат и во текот на наредниот ден на 1о.11.2023. Во рамки на манифестацијата, која ќе трае до 11 ноември, меѓу другото учесниците ќе посетат една детска градинка и ќе разменат искуства за користење на литературата за деца, ќе го посетат Македонското културно друштво „Охридски бисер“ и ќе разменат искуства како и ќе остварат средби со хрватски издавачки куќи на Меѓународниот саем на книгата „Интерлибер“, каде ќе реализираат меѓусебни договори за размена и превод на книги за деца. Како што соопштија организаторите, преку проектот „Денови на македонска литература за деца 2023“ во КИЦ на РМ во Загреб се афирмира домашното литературно творештво и се придонесува за збогатувањето на културната размена меѓу Македонија и Хрватска. За таа цел планирано е да се потпише Меморандум за меѓусебна соработка до цел размена на лиценци и превод на книги за деца на хрватски и македонски јазик. Проектот е поддржан од македонското Министерство за култура и од издавачката куќа ЕДУКА МАК од Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаИсториски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“. They did it! SpaceX has just caught their Starship rocket for the first time ever, marking the first recovery of a conventional orbital rocket upper stage in history! This is one of the greatest engineering achievements in history. Congrats to the entire @SpaceX team! 🚀 https://t.co/9KAzAcd3e8 — Sawyer Merritt (@SawyerMerritt) November 14, 2026 Успех во сенка на неуспехот Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот. Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“. „SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот. НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс. Извор: Индекс.хрТагови: SpaceX Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаПретрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПолета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата. Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час. Тагови: електричен авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter