2Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце - Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град
3Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?
Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
2Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
КултураЛитературата за деца и млади од македонски автори ќе добие антологија „Антологија на македонската литература за млади и деца“ е насловен новиот проект на Министерството за култура, кој ќе ги обедини на едно место најзначајните поетски и прозни книжевни форми што во изминатиот период имаа големо влијание врз развојот на целокупната македонска литература за деца и млади. Проектот денеска го промовираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во рамките на Саемот на книгата. Едицијата, информира, ќе содржи триесет томови и во неа ќе бидат застапени книги со кои сме растеле сите ние, како што се: „Белото циганче“, „Силјан штркот“, „Зоки Поки“, „Големи и мали“, „Втората смена“, „Волшебното самарче“ и многу други. - „Антологијата на македонската литература за млади и деца“, во тематска и содржинска смисла, ќе ја потврди важноста на литературата за деца која, иако навидум едноставна, е една од најкомплексните форми на книжевно творештво. Проектот ќе има исклучително значајна културолошка и воспитно-образовна функција и која верувам дека ќе биде многу позитивно прифатена и од авторите на овој вид литература и од читателската јавност, истакна Канческа-Милевска. Во едицијата ќе бидат застапени и две хрестоматии во кои ќе биде направен селективен избор на највредните остварувања на плејадата македонски писатели за деца од сите генерации кои не се претставени во останатите томови како Глигор Прличев, Волче Наумчевски, Лазо Каровски, Науме Попевски, Васил Пујовски, Јован Стрезовски, Христо Петревски... Иницијативата за изработка на Антологија, додаде министерката, произлегла од македонските автори што се занимаваат со детсак литература. - Уверена сум дека овој проект, кој ќе има повеќекратна и повеќеслојна корист, како за детската читателска публика така и за учениците во основните и во средните училишта, но и за студентите, постдипломците и докторантите на отсекот литература, е остварување на желбите на авторите кои целиот свој творечки живот го посветија на создавањето на овој вид литература, рече Канческа-Милевска. На годинашниот конкурс биле доставени голем број квалитетни проекти, што било причина за 100-процентно зголемување на средствата во споредба со претходната година, односно поддржани се 50 проекти за детско творештво. - Сакам да го изразам моето уверување дека Министерството за култура и во иднина ќе продолжи со реализацијата на проектите кои ќе го стимулираат и ќе го збогатат домашното детско авторско творештво. Ваквите проекти се најдобрата инвестиција во иднината на нашето општество и ние мораме да направиме повеќе за младите генерации, да создаваме здрави, совесни и умни генерации, нагчаси министерката. Таа информира дека ќе биде распишан посебен конкурс за идејно решение за корицата и изгледот на Антологијата. Весна Мојсова-Чепишевска, член стручната редакција на проектот изрази задоволство што макединските автори што пишуваат за деца и млади ќе се вдомат во еден ваков проект. - Сакаме проектот да има убаво визуелно решение, бидејќи денешните деца се вљубуваат прво на поглед преку окото и книгата треба да ги привлече. Ако не посветиме внимание на децата како читатели тогаш неможе да очекуваме да имаме и возрасни читатели, рече Мојсова-Чепишевска. Според авторот Стојан Тарапуза, на македонската лиуетратура за деца и млади и се случува нешто, убаво, ретко и значајно. - Државата мисли и на нас писателите за деца и за нашите читатели, децата, па и за целиот народ, затоа што литературата за деца создава читатели и за возрасната литература. Детето се формира на база на читање и од нас зависи што ќе им дадеме, истакна Тарапуза. Ова е значаен проект и за авторката Оливера Николова и независно во кој период литературата за деца треба да биде поддржувана и постојано да доживува нова афирмација. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Бизарно Скандалозна објава на американскиот претседател: Трамп објави чудно ВИ видео со тигарАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави шокантно видео, создадено со вештачка интелигенција, на кое се гледа како се бори со тигар – истото животно што пред неколку дена усмрти млад човек во една англиска зоолошка градина.Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на социјалните мрежи објави видео генерирано со вештачка интелигенција, во кое се бори со тигар што усмртил човек во зоолошка градина во Англија, пишува „Tchno“. На видеото, објавено на „Truth Social“, Трамп го соборува тигарот на земја, го прегрнува и се смее. View this post on Instagram A post shared by News18.com (@cnnnews18) Видеото претставува обработена снимка од зоолошка градина во Јоркшир, од моментот кога 22-годишниот Вилијам Чапман влегол во кафез со тигар, кој потоа го убил. Несреќата се случил во саботата, на 10 октомври, а зоолошката градина оттогаш е затворена. Алтај, четиригодишен сибирски тигар од зоолошката градина во Јоркшир, нема да биде усмртен, објавија британските медиуми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаУкраинците во очај: Маск воведе драстични ограничувања за „Starlink“„SpaceX“ воведе ограничувања за сателитскиот интернет без претходна најава, што доведе до прекин на клучни теренски операции.„SpaceX“, компанијата во сопственост на Илон Маск, воведе неочекувани технички ограничувања на брзината на пренос на податоци за воената сателитска интернет-услуга „StarShield“, која ја користат вооружените сили на Украина. Според Серхиј Бескрестнов – советник за воени комуникации и експерт познат под кодното име „Flash“ – брзината на протокот на податоци за мобилните единици ненадејно била ограничена на брзина од 100 милји на час (приближно 160 км/ч) без претходно известување. Оваа рестриктивна техничка измена директно влијаеше врз работата на теренската опрема, предизвикувајќи прекини и потешкотии во одредени теренски операции. Аналитичарите истакнуваат дека овој потег на „SpaceX“ не претставува случаен технички дефект, туку прилагодување на услугата направено во светло на тековните политички случувања и притисокот од Вашингтон. Потегот на Илон Маск уследи кратко по предупредувањата од САД во врска со можното запирање на споделувањето разузнавачки информации и укинувањето на пристапот до сателитската мрежа „Starlink“. Претходно, и поранешниот американски претседател Доналд Трамп јавно го критикуваше украинското раководство поради одбивањето преговори и неподготвеноста за компромис, наговестувајќи пошироки промени во однос на обезбедувањето технолошка и воена поддршка. Како потсетник, сателитската мрежа „Starlink“ на „SpaceX“ служи како клучна инфраструктура за комуникација и операции со беспилотни летала на терен. Најновото ограничување наметнато на услугата „StarShield“ повторно го отвори прашањето за зависноста на воените системи од приватните технолошки гиганти и нивната подготвеност да ги променат условите за користење во секој момент. Извор: Б92Тагови: Starlink Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКарик по уште еден пораз на Јунајтед: Навистина сум разочаран што не создадовме повеќе можности“Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, по поразот во Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид (0–2) изјави дека е разочаран што неговиот тим не создал повеќе шанси против шпанскиот клуб. „Чувствата се измешани. Ова е тешко гостување, а почетокот на натпреварот очигледно нè стави во тешка положба. Мислам дека подоцна го фативме ритамот и се консолидиравме. Во второто полувреме воспоставивме одредена контрола, иако не создадовме сериозна закана. Потоа дојде шансата на Бруно, а веднаш потоа и црвениот картон – одлука што ја сметам за погрешна. Навистина сум разочаран што не создадовме повеќе можности“, рече Керик по натпреварот. Тој истакна дека неговиот тим треба да најде начин да остварува победи на претстојните натпревари. „Пробавме нешто малку поинакво. Во одбраната, веројатно пречесто ја менувавме страната на играта. Најважно е што чувствуваме дека победата беше на дофат; можевме и требаше да извлечеме повеќе од овој натпревар. Правиме и некои работи како што треба“, изјави Керик. Ова беше петти натпревар по ред без победа во сите натпреварувања за тимот од Манчестер. Јунајтед следниот натпревар ќе го одигра во недела против Лидс, во рамките на седмото коло од Премиер лигата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook