Лисица го поминала Атлантикот како „слеп патник“- по 5.400 поминати километри заврши во кафез - Канал 5

Лисица го поминала Атлантикот како „слеп патник“- по 5.400 поминати километри заврши во кафез

Лисица се протнала на товарен брод во Саутемптон, Англија, и стигнала до Њујорк, каде што потоа била сместена во зоолошката градина во Бронкс!

Лисица го поминала Атлантикот како „слеп патник“- по 5.400 поминати километри заврши во кафез

Властите изјавиле дека првичните тестови покажале дека животното е во добра состојба и го сместиле во кафез.

Неодговорено прашање

Сè уште не е јасно како машката црвена лисица успеала да се качи на брод што превезувал автомобили, како слеп патник и да го направи патувањето од 3.400 милји до Источниот брег на Соединетите Американски Држави и Њујорк.

Бродот отпловил од Саутемптон на 4 февруари и се закотвил во пристаништето во Њујорк на 18 февруари.

Помошникот комесар на Министерството за царина и гранична заштита на САД, Дајана Џ. Сабатино, напишала на X.com дека пристанишните службеници го пронашле „лукавиот слеп патник“ и дека земјоделските експерти се координираат со Службата за риби и диви животни за да најдат нов дом за животното во зоолошка градина.

Се бара долгорочен план

Се проценува дека машката лисица е стара две години и тежи 3,5 килограми.

Директорот на програмата за животни во зоолошката градина, Кит Ловет, рече дека животното се чини дека е добро по сè низ што поминало.

Дологорочен дом за лисицата ќе биде пронајден откако ќе помине дополнителни здравствени прегледи. Ветеринарниот центар во зоолошката градина ја храни со овошје и зеленчук, протеини и производи слични на бисквити.

Видот, познат како Vulpes vulpes, е широко распространет низ Европа, Азија, Северна Америка и делови од Африка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија и покрај осумте нови фудбалери во однос на лошата премиера против Швајцарија, синоќа го доживеа и вториот пораз во новото издание на Лигата на нации. 

Лошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации

На гостувањето во Љубљана по лошото второ полувреме, Словенија славеше со 2-0 .

Избраниците на Гоце Седлоски имаа рамноправно прво полувреме, но повторно останаа без реализација. Словенците го скршија нашиот отпор во вториот дел, постигнаа два гола и стигнаа до победа и три бода.

Седлоски направи дури осум промениво стартниот состав во однос на дуелот со Швајцарија. Македонија добро се постави на теренот и во најголемиот дел од првото полувреме успеваше да му парира на домаќинот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава

Вршителот на должноста шеф во амбасадата на Македонија во Софија вчера  бил повикан во министерството за надворешни работи на Бугарија откако на пратеник во бугараскиот парламент  не му бил дозволен влез во земјава.

Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник  не му бил дозволен влез во земјава

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на бугарското МНР, пишува дека на пратеникот и претседател на парламентарниот комитет за бугарите во странство, Ангел Георгиев на 27 септември не му било дозволено да влезе во Македонија.

Според наведеното, Георгиев како член на бугарска парламентарна делегација требало да присуствува на рочиште од судскиот процес што во Основниот суд во Кочани се води против Ива Михаилова, закажано за следниот ден .

За време на средбата, бугарското министерство за надворешни работи побарало објаснување за причините за одбивањето на надлежните македонски власти да дозволат пратеникот да ја премине границата, особено имајќи го предвид тоа што Георгиев во претходните месеци непречено влегувал во Македонија за истата цел.

Од бугарското МНР велат дека јасно изјавиле оти преземените дејствија од македонска страна ги сметаат за провокативни.

Инаку, на Ива Михаилова ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“

На 29 септември 2026 година, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите, се одржа промоција на книгата на акад. Таки Фити, со наслов „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“.

МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“

Книгата претставува опстојна студија за неолибералните економски модели што доминираат во современиот свет, со посебен фокус врз факторите што го детерминираа подемот на неолибералната економска филозофија, причините за нејзината криза и новите економско-филозофски размисли за изградба на прогресивно и поправедно општество.

Во книгата, во посебна глава е даден опсежен осврт на карактеристиките на македонскиот економски модел и на основните сегменти во кои тој отстапува од стандардите на економските модели на развиените земји, како и на можните пристапи за разрешување на проблемите.

На промоцијата, на присутните им се обрати акад. Владо Камбовски, уредник на изданието, а за содржината на книгата и за препораките што произлегуваат од неа говореше проф. д-р Владимир Филиповски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од Економскиот факултет во Скопје. На крајот на настанот, свое обраќање одржа и авторот на книгата, акад. Таки Фити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер