Лишено од слобода лицето кое сквернавеше гробови на гробиштата во Бутел, следува соодветна пријава - Канал 5

Лишено од слобода лицето кое сквернавеше гробови на гробиштата во Бутел, следува соодветна пријава

На 13.06.2026 во 17:50 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода К.К.(24) од Скопје.

Лишено од слобода лицето кое сквернавеше гробови на гробиштата во Бутел, следува соодветна пријава

Имено, на 12.06.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, вработен во Градските гробишта Бутел пријави дека го забележал К.К. како со метален предмет оштетил 11 гробни места и побегнал од местото. По преземени мерки тој е пронајден и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 13.06.2026 во 09:50 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишија од слобода Е.Н.(56) од Гостивар.

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом и помошни простории во Гостивар, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена тврда кафеава материја.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола на подрачје на СВР Битола, санкционирани 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети

На 13.06.2026 во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети. 

Акциска контрола на подрачје на СВР Битола, санкционирани 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети

Притоа, биле констатирани вкупно 80 прекршоци кои ги прават моторциклистите, од кои 44 за неносење на заштитна кацига-шлем, пет прекршоци за управување под дејство на алкохол, седум мерки за измината важност на сообраќајна дозвола, две мерки за измината важност на осигурителна полиса и 22 мерки за останати прекршоци. Додека, 10 мерки се преземени за возачите на електрични тротинети.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче од Карбинци: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени

Тотална негрижа од страна на Владата за сите проблеми со кои што земјоделците се соочуваат, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче од Карбинци: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени

Денеска сме во посета на општина Карбинци каде што разговараме со земјоделците од сите од сите сфери на земјоделството. Едноставно нема некој дел од земјоделството а да нема проблем. Ваков колапс на системот до сега во изминатите 30 и повеќе години во државата немало.

Тотална негрижа од страна на Владата за сите проблеми со кои што земјоделците се соочуваат.

Прво зголемени трошоци за производство, цени на ѓубриво, на вода, на работна рака, неисчистени канали, земјата нема од каде да се наводнува, а има систем кој што е поставен и кој што е поврзан со системот на а езерото Калиманци. Понатаму, немање доволна сума на пари за субвенции. Вкупната сума на субвенции е намалена за 40 милиони евра, освен што е намалена не се исплаќаат,, субвенциите доцнат. И тоа важи исто така за секој сектор во земјоделието како за производство на тутун, како за сточарите, млекопроизводителите, производителите на ориз.

Ланската година го видовме, сега оваа година повторно исто ќе биде со лозарите. Луѓето не можат да врзат крај со крај. Освен што се ниски субвенциите, освен што се доцни со исплата на субвенциите, откупните цени се страшно ниски. На млекото откупната цена е намалена за 30% од 36 на 23/24 денари. На оризот практично преполовена под 20 денари. А ниту оризo производителите, ниту производителите на млеко немаат каде да го пласираат своето производство. Едноставно откупните центри се фокусирани затоа што тоа државата им го дозволува да купуваат евтини репро материјали од странство и на тој начин никако не се штити домашното производство.

Значи ваков колапс и ваква негрижа немало никогаш во земјата. Огромни трошоци за производство, намалени субвенции, каснење на субвенциите, намалени откупни цени и немање откуп. Јас мислам дека оваа ситуација единствено нешто во однос на млекопроизводителите со што може да заврши, поради тоа што ќе останат тони и тони млеко кое што нема кај да се пласира, а државата не води сметка да им помогне на луѓето, едноставно да го истурат на улиците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер