Лишени од слобода три лица во Куманово и Кратово, управувале возила под дејство на алкохол - Канал 5

Лишени од слобода три лица во Куманово и Кратово, управувале возила под дејство на алкохол

Лишени од слобода три лица на подрачје на Куманово и Кратово затоа што управувале возила под дејство на алкохол.

Лишени од слобода три лица во Куманово и Кратово, управувале возила под дејство на алкохол

На 27.04.2025, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кратово ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р.(49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л.(60) од с.Страцин, кратовско. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници констатирале дека кај А.М., кој управувал патничко моторно возило „цитроен", биле измерени 1,56 промили алкохол во крвта, а кај А.Р., кој управувал патничко моторно возило „опел", биле измерени 1.55 промили алкохол. Додека, при контрола на патниот сообраќај во Кратово, З.Л. не застанал на знак за запирање и се обидел да побегне, но набргу бил запрен и полициските службеници кај него измериле 2,28 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило".

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи, која може да се добие само преку инвестиции.

Филипче 3 месеци ја лаже македонската јавност. Прво велеше дека нема виза, па потоа призна дека има. Овие менувања на ставови на Филипче, не се нови.

Лаги и менување на ставови на дневна основа, правеше неговиот ментор, Зоран Заев.

Филипче како чирак и ученик на Заев, продолжува по неговите стапки. Ем лаже, ем манипулира, ем златна виза за Дубаи.

Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како дошол до неа? Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи?

Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и криминал.

Филипче, Заев и СДС се синоним за неспособност, криминал и предавство.

ВМРО-ДПМНЕ

Чествување на 195 години од раѓањето на Прличев со промоција на книга од академикот Митевски

 Во книжарницата на „Матица македонска“ денеска ќе се одржи промоција на новата книга на потпретседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Витомир Митевски насловена „Прличев и епската традиција“. 

Чествување на 195 години од раѓањето на Прличев со промоција на книга од академикот Митевски

Со промоција на ова издание во рамките на манифестацијата „Книга во секој дом“, „Матица македонска“ ќе ја чествува 195-годишнината од раѓањето на Григор Прличев.

Промотор на делото ќе биде проф. д-р Ратко Дуев.

– Во суштина, книгата што е објавена годинава претставува синтеза на повеќестрани, споредбени анализи на двете главни поетски дела на Прличев, „Сердарот“ и „Скендербеј“, во потрага по изворната инспирација на поетот. Запазувајќи го строгиот научен пристап во истражувањето, Витомир Митевски длабоко навлегува во тајните на творечката поетска лабораторија и открива двојно влијание во овие две значајни поетски дела. Од една страна, тука е добро познатото влијание на Хомер, а од друга страна се издвојува до сега скоро незабележаното влијание на византиската епска традиција. Пристапувајќи му на поетското дело на Прличев од овие два аспекта, авторот остварува продлабочен увид во генезата на ова клучно творештво во македонскиот XIX век, соопштија од „Матица македонска“.

Манифестацијата „Книга во секој дом“ ќе трае до 15 мај. Покрај промоциите и средбите со автори, од „Матица македонска“ соопштија дека за над 300 книги од странската и домашната продукција е овозможен попуст до 70 проценти.

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до Еди Рама и Социјалистичката партија на Албанија по повод победата на парламентарните избори.

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

„Искрени честитки до Еди Рама и нашата сестринска Социјалистичка партија на Албанија за убедливата изборна победа. Му посакувам успех во новиот, четврти мандат“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека оваа победа е уште една потврда дека граѓаните силно ги поддржуваат социјалдемократските вредности и прогресивните политики.

„Убеден сум дека Албанија ќе продолжи по патот на напредокот, стабилноста и европска интеграција. Со Еди очекувам продолжување на одличната соработка меѓу нашите партии и зацврстување на пријателските односи меѓу Македонија и Албанија“, наведува Филипче во честитката.

СДСМ

притисни ентер