Лишени од слобода седум лица кои држеле шест мигранти во заложништво во Студеничани - Канал 5

Лишени од слобода седум лица кои држеле шест мигранти во заложништво во Студеничани

Шест мигранти полицијата открила вчеравечер во скопското село Студеничани кои биле држени во заложништво во објект во сопственост на 50-годишник со иницијали М.Ш. од Студеничани.

Лишени од слобода седум лица кои држеле шест мигранти во заложништво во Студеничани

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека по преземени мерки и активности и по претходно добиени сознанија, полициските службеници вчера во 19.30 часот ги откриле и ослободиле мигрантите кои, како што наведува, „со употреба на сила и закани биле држани во објектот“.

-Во врска со настанот, а поради сомнение дека сториле кривично дело по член 418б од Кривичниот законик, од слобода бил лишен сопственикот и Ќ.Ш.(25), У.Ш.(26) и А.Ш.(59), тројцата од с.Студеничани, како и Б.Б.(28), А.Б.(55) и А.Б.(32), сите од Скопје. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

НБА плејоф: Минесота поведе, први победи за Орландо и Милвоки

Кошаркарите на Минесота поведоа во серијата до четири победи во плејофот на Западната конференција во НБА лигата со триумф над Лос Анџелес Лејкерс, додека Орландо и Милвоки ја намалија негативата на 1-2 во плејофот на Источната конференција.

НБА плејоф: Минесота поведе, први победи за Орландо и Милвоки

Минесота поведе во серијата со 2-1, откако синоќа во Минеаполис го победи ЛА Лејкерс со 116-104 во третиот натпревар од плејофот на Западната конференција. Џејден Мек Дениелс постигна 30 поени, а Ентони Едвардс го заврши натпреварот со поен помалку.

Леброн Џејмс беше најефикасен во редовите на Лејкерс со 38 поени, а Лука Дончиќ додаде 17 поени со осум асистенции и седум скокови.

Орландо намали на 1-2 во серијата по победата над Бостон со 95-93 во третиот натпревар од првото коло од плејофот во Источната конференција. Франц Вагнер беше најдобар стрелец на Орландо со 32 поени.

Милвоки, исто така. го намали дефицитот на 1-2 во серијата до четири победи откако на домашен терен беше поуспешен од Индијана со 117-101.

Гари Трент Јуниор и Јанис Антетокунмпо постигнаа по 37 поени за Милвоки, а Трент постигна девет тројки во 12 обиди и со тоа го израмни рекордот во плејофот на франшизата поставен од Реј Ален во финалето на Источната конференција во 2001 година. /МИА

Нафтена индустрија на Србија доби трето одложување на воведување санкции од САД

Нафтена индустрија на Србија (НИС) доби трето одложување на воведување санкции од САД поради мнозинскиот руски капитал во таа компанија. 

Нафтена индустрија на Србија доби трето одложување на воведување санкции од САД

Овојпат, воведувањето на санкции беше одложено за дури два месеца, односно до 27 јуни. Рокот на претходно одложените санкции изминува в понеделник - 28 април.

„Добри вести за граѓаните на Србија. Србија успеа да добие ново одложување на санкциите за НИС, овојпат за два месеца, до 27 јуни. Благодарност до нашите американски партнери за разбирањето на ставот на Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил buducnostsrbijeav.

Во средата, компанијата НИС поднесе ново барање до Министерството за финансии на САД за издавање посебна лиценца со која се одложува целосното спроведување на санкциите, а целта е да се овозможи компанијата непречено да работи и по 28 април.

Прв пораз сезонава на ПСЖ во Франција

 Надежите на ПСЖ дека ќе ја заврши актуелната сезона во француското фудбалско првенство без пораз завршија, откако синоќа претрпе шокантен пораз од Ница на домашен терен со 3-1.

Прв пораз сезонава на ПСЖ во Франција

Гостите поведоа преку Морган Сансон (34 минута), а Фабијан Руиз до крајот на полувремето израмни за ПСЖ (41), но Ница во продолжението постигна два гола преку Сансон (46) и Јусуф Ндајишимије (70).

Со ова заврши серијата на ПСЖ од 30 натпревари без пораз во француското првенство, во кое клубот од Париз веќе ја одбрани шампионската титула.

Пораз од Ница за составот предводен од Луис Енрике доаѓа пред полуфиналниот дуел против Арсенал во вторник во Лигата на шампиони. /МИА

притисни ентер