Лишени од слобода пет лица поради злоупотреба на службена положба и овластување - Канал 5

Лишени од слобода пет лица поради злоупотреба на службена положба и овластување

На 25.11.2025 година, полициски службеници од Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ги лишија од слобода Н.Р.(51) од Куманово.

Лишени од слобода пет лица поради злоупотреба на службена положба и овластување

На 25.11.2025 година, полициски службеници од Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ги лишија од слобода Н.Р.(51) од Куманово, поранешен директор на Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро Берза“ Скопје, Р.А.(61) од Тетово, поранешен директор на Агенцијата за стоковни резерви Скопје, Т.К.(55) од Скопје, поранешен раководител во Агенција за стоковни резерви Скопје, Т.Д.(58) од Куманово, поранешен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и државен советник во периодот 2021-2022 година и М.П.(68) од Скопје, вешто лице. При што до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.4 во врска со ст.1 од КЗ. Исто така ивршени се претреси на пет локации во Скопје, Куманово и Тетово.

Имено, лицата делото го сториле така што Н.Р., Р.А., Т.К. и Т.Д. во својство на овластени лица ја злоупотребиле својата службена должност со неизвршување на својата службена положба на начин што иако биле должни да ја известат Владата на РСМ за фактичката состојба во Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро берза“ Скопје, односно дека е настанат неоснован кусок на меркантилна пченица и јачмен (период од 2019-2021 година), истите доставиле неточни податоци и информации. Со ова дејствие лицата постапиле спротивно на Законот за стоковните резерви (чл.7 ст.2, чл.9-а, чл.12, чл.13, чл.19, чл.21 и чл.22) и изготвиле записник од 2022 година во кој дале заклучок за прифаќање отпис на кусок во количина од 1.500 тони меркантилна пченица и 500 тони јачмен за сточна храна од складиштето „Агро берза“ Скопје, кој бил доставен со информација до Влада на РСМ заради усвојување на Заклучокот од Владата, знаејќи дека кусокот се однесувал за период од 2007 - 2021 година. Истите знаеле дека нема законска основа да се земе предвид тој период од причина што во 2019 година била извршена целосна обнова на складираната меркантилна пченица и јачмен и во извршените контроли од Агенцијата до 2019 година, секоја година бил вршен надзор и не бил констатиран кусок, а секоја година им било доставувано решение за кало.

Додека, пријавениот М.П. како надворешен соработник, вешто лице ангажирано преку Бирото за процена постапил спротивно на одредбите од Законот за процена (чл.3 и 4) и спротивно на чл.3 од договорот за услуга склучен помеѓу пријавениот и Бирото за судски вештачења, при што изготвил вешт наод во кој внел невистините податоци, не земајќи ги во предвид сите податоци и целокупната документација од Агенција за стоковни резерви Скопје и ЈП „Агро берза“. Вештиот наод бил приложен кон информацијата до Влада и истата била прифатена од страна на Владата, при што Агенцијата за стоковни резерви Скопје била задолжена да изврши отпис на 1.500 тони меркантилна пченица и 500 тони јачмен за сточна храна, во вкупна вредност од 29.112.000 денари или 473.365 евра (во моментот на отписот по цените кои се набавувала пченицата и јачменот во 2022 година, вредноста на истата изнесувала 48.000.000 денари или 780.487 евра), која вредност преставува штета на Буџетот, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски олимпиец загина во војната во Украина

Поранешниот руски велосипедист и двократен олимпиец Сергеј Кучеров беше убиен во војната во Украина на 46-годишна возраст. 

Руски олимпиец загина во војната во Украина

Веста за неговата смрт ја објави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Велосипедскиот сојуз на Тулската област. Кучеров ја претставуваше Русија на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и во Лондон во 2012 година.

„Кучеров беше убиен додека учествуваше во специјална воена операција“, соопшти регионалната велосипедска федерација, користејќи го терминот што руските власти го нарекуваат инвазијата на Украина.

Руските медиуми објавија дека неговиот погреб е планиран за петок, 23 октомври, во неговата родна Тула, на гробиштата каде што се погребани паднатите припадници на руските сили. Не е објавено каде точно загинал Кучеров, во која воена единица служел, ниту под какви околности починал. Веста за неговата смрт ја објавија руските медиуми на 21 октомври, додека се наведува дека починал еден ден претходно.

Настапил два пати на Олимписки игри

Кучеров е роден на 18 јули 1980 година во Тула, а во текот на својата спортска кариера се специјализирал во велодромски велосипедизам, особено во индивидуални и тимски спринтови. На Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, се натпреварувал во екипниот спринт со Денис Дмитриев и Сергеј Полински. Руската репрезентација го завршила натпреварувањето на 12-то место.

Четири години подоцна во Лондон, тој повторно ја претставувал Русија во истата дисциплина. Овој пат настапил со Дмитриев и Сергеј Борисов, а руската репрезентација го освоила седмото место.

Во текот на својата кариера, тој неколку пати ја освоил титулата руски шампион во поединечен и тимски спринт. Тој бил и победник на една етапа од Светското првенство во велодромски велосипедизам, а освоил и медали на натпреварите од Светското првенство во Германија, Кина и Москва.

Руската велосипедска федерација се збогувала со Кучеров, кој го опишал како сигурен колега, голем професионалец и човек посветен на велосипедизмот. Неговата смрт е уште еден случај на поранешен врвен спортист кој починал за време на руската инвазија на Украина, која започнала во февруари 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Денес се наоѓаме во населбата Буњаковец, на улицата „29 Ноември“, денес позната како „Костурски херои“, каде што повторно се отвораат сериозни прашања за урбаното уредување и квалитетот на животот на граѓаните.

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Според информациите за овој објект, не е предвиден соодветен паркинг-простор, се сечат дрвја, а тротоарот е зафатен со градежни активности. Ова е особено загрижувачко во населба како Буњаковец, каде што паркирањето и движењето на пешаците и онака претставуваат сериозен проблем.

Господине Горан Герасимовски, како е можно да се планираат и реализираат вакви проекти без јасни одговори за паркирањето, зеленилото и безбедното движење на пешаците? Кој ги штити интересите на жителите на Буњаковец?

Господине Венко Филипче, заедно со вашиот градоначалник дојдете на терен и погледнете со какви проблеми се соочуваат граѓаните. Во кампањите се ветуваа хумано уредени населби, повеќе зеленило и подобри услови за живот, но граѓаните имаат право да прашаат дали тие ветувања се преточени во конкретни резултати.

Не е доволно само да се зборува за модерен и уреден Центар. Потребно е да се обезбедат услови во кои граѓаните ќе можат нормално да живеат, да паркираат, безбедно да се движат по тротоарите и да имаат пристап до зелени површини.

Затоа бараме Општина Центар јавно да ги разјасни условите под кои се одвива изградбата на оваа локација, дали се почитуваат одобрените планови и како ќе се заштитат пешачкиот простор и зеленилото.

Граѓаните на Буњаковец заслужуваат конкретни решенија, а не само предизборни ветувања. Центар треба да се развива во интерес на луѓето што живеат во него!, рече Стефан Кирков, член на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун прави пустош на Тајван: Стотици повредени, над 280.000 домаќинства без струја (ВИДЕО)

Бројот на повредени лица во тајфунот Чампи во Тајван се искачи на речиси 530, додека едно лице почина, соопштија властите.

Тајфун прави пустош на Тајван: Стотици повредени, над 280.000 домаќинства без струја (ВИДЕО)

Според извештаите, човекот починал во четврток откако бил повлечен во морето од брановите во јужниот дел на островот.

Бурата предизвикала голема штета во некои делови од Тајван. Властите регистрирале речиси 2.200 соборени дрвја и повеќе од 700 оштетени згради. Според извештаите на медиумите, повеќе од 280.000 домаќинства привремено останале без електрична енергија.

Налетите на ветерот достигнале 162 километри на час

Чампи, кој накратко достигнал јачина на супертајфун, оттогаш ослабнал. Тајванската метеоролошка служба објавила постојани ветрови до 126 километри на час во близина на центарот на бурата, со налети кои достигнуваат 162 километри на час.

Се очекува Чампи да се движи кон север и да помине во близина на кинеската крајбрежна покраина Џеџијанг до недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер