МакедонијаЛишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи за синоќешното убиство во ШтипКако на филм, 21 годишникот од Турција кој синоќа со неколку куршуми во полно кафуле во центарот на Штип застрела 25 годишен сограѓанин, со бмв со голема брзина се упатил кон Скопје.Како на филм, 21 годишникот од Турција кој синоќа со неколку куршуми во полно кафуле во центарот на Штип застрела 25 годишен сограѓанин, со бмв со голема брзина се упатил кон Скопје, но успеал да стигне само до наплатната рампа Миладиновци, каде што бил уапсен. Со осомничениот во возилото имало уште 4ца лица од Турција кои исто така се уапсени и се сомничат дека му помогнале при бегството. Според она што може да се забележи на самото место возачот најверојатно изгубил контрола и со возилото излетал од патот, притоа удирајки и пробивајки го патоказниот знак до автопатот. Ова е автомобилот со кој што осомничениот за убиството се обидувал да побегне, заедно со уште 4ца. Се наоѓа на 100тина метри од наплатната рампа кај Миладиновци. Но токму овде еден час по пукањето во локалот во Штип полицијата ги наоѓа и апси. Според неофицијланите информации, откако првично не застанал на наредбите од полицијата, било и пукано во обид да го сопрат. Освен осомничениот, од обвинителството соопштија дека пронајден е и пиштолот од кој е пукано, а од лице место обезбедени се доказите и видео снимките, кои уште синоќа се најдоа на социјалните мрежи. Дваесет и пет годишникот од Турција, кој беше застрелан околу 21.30, набрзо потоа починал и покрај обидите да биде реанимиран.. Од Клиничката болница во Штип потврдија дека пациентот кај нив бил донесен со возило на итна помош, но без знаци на живот и во 22 часот и 10 минути била прогласена смрт по што неговото тело е предадено на обдукција. Оомничениот во земјава пристигнал еден ден пред убиството, за кое мотивите се уште не се познати, но се шпекулира дека се меѓусебни расправии или нарачано убиство. Убиениот во земјава бил пријавен како студент, а според информации од полицијата имал неколку пријави за поседување наркотици. Тагови: Полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифтНеколку лица загинаа во пожар на градилиште во Брисел денес, додека потрагата по уште шест исчезнати е во тек, соопштија локалните власти.Телевизијата „VRT“ објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот. Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифтови на голем проект за реновирање на „Place de Brouckere“, каде што пожарот избувна рано утрово. ‼️ Explosion sur la place De Brouckère, les infos que j’ai eu sur place et via les médias … #explosion #incendie #bruxelles #Debrouckère #Incident pic.twitter.com/qaYLaL9hQA — Yusuf Yildiz (@yyildiz1030) July 14, 2026 Сепак, тој не прецизираше за колку тела станува збор. Тој додаде дека сè уште не е јасно дали телата на исчезнатите работници се пронајдени.Тагови: Брисел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПадна Владата на УкраинаУкраинскиот парламент, Врховната рада, денес ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко.Целата украинска влада со тоа автоматски поднесе оставка заедно со премиерката, а 258 пратеници гласаа за нејзино усвојување, објавува Укринформ. Свириденко претходно им се заблагодари на пратениците во своето обраќање пред парламентот за нивната заедничка работа во текот на целата година и на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата што ѝ ја покажаа, објавува агенцијата. Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, вчера објави на Фејсбук дека оставката на премиерката Јулија Свириденко стигнала до украинскиот парламент. „Благодарен сум на Јулија Анатолиевна за нејзината работа на чело на владата во исклучително тежок период за земјата, нејзиниот придонес во зајакнувањето на економијата, поддршката на граѓаните и напредокот на нашата земја на патот кон Европската унија. Ѝ посакувам успех во понатамошната работа“, додаде претседателот на украинскиот парламент. Зеленски претходно најави реорганизација на Кабинетот на министри како дел од спроведувањето на нова политичка стратегија и промената на раководителите на безбедносните и судските институции. На 17 јули 2025 година, Врховната Рада го поддржа назначувањето на Јулија Свириденко за премиер на Украина. Според извори на „Укринформ“, гласањето во парламентот за назначување на нова влада се очекува да се одржи на 16 јули. Дотогаш, првиот заменик-премиер, поранешниот премиер Денис Шмигал, привремено ќе ја извршува функцијата шеф на владата. Фото: ВИТагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа. Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година? Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие. Бране Петрушевски ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter