Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник - Канал 5

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

 Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило. 

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

Од нив шест управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол, соопшти МВР.

По две лица во Тетово и Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во Гевгелија и Прилеп. Едно од лицата во Скопје кое управувало возило во Скопје е малолетник. По едно лице во Прилеп и Скопје управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана, додека еден возач во Кавадарци управувал возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелскиот министер Кац во судир со воениот врв

 Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го разреши командантот на Централната команда на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генералот Ави Балут.

Израелскиот министер Кац во судир со воениот врв

Промената уследи по спорот предизвикан од одлуката на тој офицер да изрече административна мерка против израелски доселеник осомничен за напади врз Палестинци, пишува денеска израелскиот весник „Марив“, повикувајќи се на извори кои ја оцениле одлуката како политички мотивирана, бидејќи Балут наводно не ја спровел политиката на Кац.

Весникот наведува дека конфликтот меѓу военото раководство и министерот за одбрана бил предизвикан од одлуката на Балут – кој е надлежен за окупираниот Западен Брег – да спроведе административна мерка против доселеници обвинети за насилство врз Палестинци.

Кац ја објави одлуката за замена на Балут во телевизиска емисија на „Канал 14“, наведувајќи дека на негово место ќе биде назначен Дадо Бар Калифа. Според весникот „Марив“, овој потег предизвикал незадоволство во израелската армија, каде што дел од офицерите сметаат дека одлуката е политички мотивирана.

Началникoт на Генералштабот на ИДФ, генерал Ејал Замир, изјави дека одлуката на Кац не е во согласност со неговите планови и дека тој нема намера да врши промени на командантите на клучни позиции во овој период. „Марив“, повикувајќи се на воени извори, наведува дека ниту Балут, ниту неговиот наследник не биле однапред информирани за одлуката на министерот, туку за неа дознале дури по јавното соопштување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Коло Муани во Јувентус

 Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус објави дека постигнал договор за ангажман на францускиот напаѓач Рандал Коло Муани (27) од ПСЖ.

Коло Муани во Јувентус

Тој потпиша договор со важност до летото 2031 година. Обесштетувањето изнесува 38 милиони евра. Со тоа, Коло Муани се враќа во клубот каде што помина половина сезона како позајмен играч во текот на пролетта 2025 година.

Во тој период, тој постигна 10 гола на 22 натпревари за Јувентус. Претходната сезона ја мина на позајмица од ПСЖ во англискиот клуб Тотенхем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велс прв официјално ја повлече поддршката за Инфантино

Фудбалскиот сојуз на Велс стана првиот сојуз што официјално ја повлече својата поддршка за реизборот на Џани Инфантино за претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за мандатот до 2027 година.

Велс прв официјално ја повлече поддршката за Инфантино

Се известува дека Велс испратил писмо до ФИФА во кое се наведува дека ја изгубиле довербата во Инфантино и неговото раководство по обидот за продажба на натпреварувањето што се одвива под покровителство на ФИФА.

„Неодамнешните неуспеси во областите на доброто управување, лидерството, вредностите, односите со засегнатите страни, комуникацијата и разумното одлучување нè доведоа до ситуација во која Инфантино ја изгуби довербата на Фудбалскиот сојуз на Велс за да остане на чело на светскиот фудбал“, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Велс.

Се нагласува дека тоа што интересите на фудбалот не се ставени на прво место претставува пропуст што не може да се прифати.

„Скај“ наведува дека соопштението на Фудбалскиот сојуз на Велс е дел од координирани активности на Европската фудбалска унија (УЕФА), која претходно побара одговорност поради обидот за продажба на Светското првенство. Во саботата, УЕФА упати критики за „тајните планови што се спроведуваат со забрзано темпо, осмислени од анонимни поединци и чија корист за самиот спорт е сомнителна“, и најави дека работи на план „за да се осигури дека вакво нешто нема да се повтори“, при што не исклучи ниту една опција. Се очекува и други фудбалски сојузи да го следат примерот на Велс и да го засилат притисокот врз Инфантино да се повлече, без потреба од иницирање гласање за недоверба. Инфантино, кој е на чело на ФИФА во изминатите 10 години и планира повторно да се кандидира, добил повеќе од 200 писма за поддршка од членките на ФИФА – вклучително и од 52 од вкупно 55-те што ја сочинуваат УЕФА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер