МакедонијаЛишени од слобода четири лица на подрачјето на СВР Тетово,управувале возила со поголема брзина Притоа, соопштија денеска од МВР, поради безобѕирно управување со моторно возило по наредба од јавен обвинител од слобода биле лишени четири лица. Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар вчера во периодот од 14.00 до 20.00 часот, извршиле акциска контрола за пречекорување на максимално дозволената брзина во и надвор од населено место. Притоа, соопштија денеска од МВР, поради безобѕирно управување со моторно возило по наредба од јавен обвинител од слобода биле лишени четири лица. Во 15.00 часот на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, Ф.С.(29) од тетовското село Палатица,управувал патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки со брзина од 177 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 100 километри на час надвор од населено место. Во 15.00 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, Џ.А.(36) од Скопје управувал патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички со брзина од 156 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час надвор од населено место. Во 16.00 часот, се додава во соопштението, на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, Ф.Љ.(25) од Тетово управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 106 километри на час каде максималната дозволена брзина е 50 километри на час во населено место. Во 16.00 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, С.С. (45) од Тетово управувал патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки со брзина од 160 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час надвор од населено место. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик.Тагови: Полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКобила за ождребила на булеварот „Илинденска“Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.Тагови: Илинденска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНовата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифатиМедведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност. Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин. Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите. Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура. Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру. Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.Тагови: москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook