Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лица
1Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лица
3Реконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до Собранието
МакедонијаЛишен од слобода жител на Камењане, Скопско, поради инволвираност во борби со кучињаПрипадници на Министерството за внатрешни работи лишиле од слобода лице осомничено за кривично дело „мачење животни“.-На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“, го лишија од слобода С.Р. (38) од истото село поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик, односно поради инволвираност во борби со кучиња, соопшти МВР. Оттаму додаваат дека ова приведување е во врска со настанот објавен во вчерашниот извадок од дневни настани, дека на 10.04.2026 на локалниот пат кон с.Камењане, во патничко возило „голф“ било пронајдено повредено куче, а од слобода биле лишени три лица. С.Р. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРуските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лицаРуските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, при што загинаа најмалку 10 лица, соопштија официјални лица.Неколку населби беа евакуирани откако беа нападнати станбени згради низ градот, неколку часа откако украинскиот претседател Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за „масовен“ напад. Деца беа меѓу „значајниот број“ жртви, рече Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на киев.„непријателот повторно намерно ги таргетира станбените области и убива цивили“ рече тој . Руското министерство за одбрана тврди дека ги таргетирало енергетските објекти како одговор на неодамнешните украински напади.Тагови: русија Украинка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПремиерот мицкоски во посета на Општина НеготиноПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Неготино каде ќе ја пушти во употреба реконструираната улица „29 ноември“ и ќе изврши увид во Градежните активности за изградба на кружен тек на спојот на улицата „Маршал Тито“ со улиците „Партизанска“, „Даме Груев“ и „Христо Ботев.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРеконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до СобраниетоВладината реконструкција влегува во завршна фаза. Познати се имињата и на министрите од ВРЕДИ кои ќе седнат во министерските фотељи во рамки на владината реконструкција.Од партијата за Канал 5 потврдуваат дека Јетон Шасивари ќе биде предложен за нов министер за правда, а Седат Сулејмани за култура. Но според нашите извори во ВРЕДИ се уште се кршат копјата околу изборот на Агон Ферати, на местото на Иван Столковиќ во министерството за односи меѓу заедниците. Предложените пресонални решенија се прифатливи и за премеирот Христијан Мицкоски. ВРЕДИ по реконструкцијата на владата ќе има едно вицепремирско место. Беким Сали останува прв вицепремиер и министер за европски прашања, а на партијата ѝ остануваат и секторите животна средина и економија и труд. Вицепремиерската функција за добро владеење, која ја извршуваше Арбен Фетаи нема да постои во реконструираната влада, а овој ресор ќе се покрива од кабинетот на премиерот. Кадар на знам пак ќе раководи со министерството за земјоделство, каде Димитриевски го номинира Борче Серафимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook