Петрушевски: Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?
1Петрушевски: Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?
МакедонијаЛишен од слобода радовишанец, предизвикал пожар додека заварувал МВР информира дека вчера во Радовиш е лишено од слобода лице кое предизвикало пожар додека користело апарат за заварување.Станува збор за Р.И. (45) од Радовиш кој вчера околу 13 часот на местото викано „Градска река“, во атарот на Радовиш, од искрите при заварувањето предизвикал пожар на сува трева. Пожарот брзо се проширил и зафатил нискостеблеста шума, но бил изгаснат по интервенција на Територијалната противпожарна единица - Радовиш. Според МВР, со случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирањето против Р.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?Аферата со Богоев не е обична афера од 2.000 евра мито. Тоа е трагата која носи до многу поголем криминал. Детето на Заев, несудениот негов наследник, Стефан Богоев заедно со Џемо од Прилеп ги искористиле своите влијанија и раководни позиции и си наместиле тендер од 18 милиони денари. Јавноста преку медиумите дозна дека Богац бил подмитен со 2.000 евра од Џемо, а ние од свиркачи дознаваме дека тоа биле првите од илјадниците што требал да ги инкасира пуленот на СДС. Го повикуваме ЈО да истражи дали е точна информацијата дека Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари или во превод 1,8 милиони денари? Почитувани, Богоев беше поставен од СДС. Џемо е човек од СДС. Тендерот е во државна институција. Затоа никој не смее да глуми дека ова е личен инцидент. Ова е партиска шема, создадена од матрицата на СДС. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСерија силни земјотреси во Грција: Граѓаните во паникаСерија силни земјотреси во Грција: Четири земјотреси за само четири минути- Граѓаните во паника.Четири земјотреси, за само четири минути, ја погодија Грција, во близина на Халкида. Најсилниот земјотрес имаше магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Првиот земјотрес бил во близина на Мантуди. Иако првичните информации беа дека бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, EMSC подоцна објави дека бил со јачина од 4,8. За неколку минути, следеа уште потреси. Како што објави EMSC, земјотресите биле со јачина од 4,3 степени, а потоа со јачина од 5,2 и 5,0. Како резултат на земјотресот е предизвикана материјална штета. Нема повредени, а противпожарните служби вршат патроли во поширокото подрачје и отстрануваат камења од патиштата.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правотоПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање на 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава-твоја шанса“, се осврна на европската интеграција за Македонија Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање на 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава-твоја шанса“, се осврна на европската интеграција за Македонија посочувајќи дека тоа не претставува само политички процес, туку директен пат кон подобар живот за граѓаните и воспоставување на владеење на правото. „Европа за граѓаните не значи апстрактен збор во дипломатски извештај. Европа значи поквалитетен и полесен живот. Значи помалку малтретирање и администрација при патувања, поквалитетно образование, сигурност во работата, подобро здравство, повисоки плати. Значи повеќе средства за инфраструктура, железница, енергетска трансформација, чист воздух и локален развој. Значи правила што не дозволуваат министер, директор или партиски шеф да биде над законот. Значи пофер пазар за македонските компании. Значи шанса младите да ја гледаат иднината тука, а не само во аеродромските терминали. Значи владеење на правото, подобри јавни услуги, поголема заштита на работничките и потрошувачките права и посилен отпор кон криминалните и коруптивни мрежи. Европските и прогресивните партнери деновиве јасно порачаа и уште нешто важно: реформите не се прават затоа што така бара Брисел, туку затоа што тие им го подобруваат животот на нашите граѓани и го прават општеството поправедно,“ потенцираше претседателот на СДСМ, проф д-р Филипче. Филипче: Корупцијата цвета а власта го употребува обвинителство за реваншизам Корупцијата цвета а власта го употребува обвинителство за реваншизам, нагласипретседателот претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава – твоја шанса“. Филипче посочи дека во правосудството нема напредок, а власта се обидува да воспостави целосна контрола на овој клучен дел од системот. „Во правосудството нема напредок, напротив власта се обидува да воспостави целосна контрола на овој клучен дел од системот. Не само што не постои борба против коруцијата, туку додека корупцијата цвета, власта го користи обвинителството за реваншизам и напади на опозицијата. Медиумите се во многу загрижувачка состојба, опаѓа слободата на печатот, се зголемува контролата од партиите на власт. Демократијата замира во оваа наша земја“, рече Филипче. Тој додаде зад пораките на власта за стабилност се крие сосема поинаква реалност, во која граѓаните се соочуваат со економски притисоци, институционален застој и чувство на несигурност. „Тоа е вистинската слика на владеењето денес. Скапотија за граѓаните, самоувереност на власта, празен ПР, застој во институциите, контрола на медиумите и конфузија во стратешките прашања. Власт што зборува за стабилност, а произведува несигурност. Власт што се повикува на достоинство, а всушност ја нуди беспомошноста како државна стратегија. Власт што сака да изгледа голема на фотографија, а секојдневно станува мала пред проблемите на луѓето“, рече Филипче. Она што е опасно како што кажа Филипче е што целата слабост, неуспех и неспособност се прикрива со националистичка реторика. „Зашто најлесно е неуспехот да се покрие со врева. Најлесно е тешката реалност да се оттурне со наметнато чувство дека секоја критика е предавство, дека секој разумен предлог е слабост, дека секој повик за храбрa одлука е понижување. Но, држава не се води со инает. Држава се води со визија. Држава не се брани со изговори. Држава се брани со резултати“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Скопје, 07.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook