НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија
1НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија
3Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
1„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
МакедонијаЛишен од слобода пробиштипјанец кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојкаЗа настанот е известен јавен обвинител.На 07.07.2026 во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнудил да му даде пари. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: изнуда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
МакедонијаНАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територијаМакедонската делегација на овој Самит на НАТО во Анкара пред своите колеги ја претставија македонската позиција и посветеност за континуирано унапредување на одбранбените капацитети.Сојузниците остануваат посветени на зацврстувањето на безбедноста и единството на Алијансата, а со зајакнување на соработката, зголемување на инвестициите во одбраната, развојот на европската и трансатлантската одбранбена индустрија и јакнењето на одбранбените капацитети и способности, Алијансата ќе биде уште посилна. Тоа се пораките кои беа испратени од денешниот (8 јули) состанок на Северноатлантскиот совет на ниво шефови на држави и влади, на кој учествуваше и македонска делегација составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, а предводена од претседателката и врховен командант на македонската Армија, Гордана Сиљановска – Давкова. На состанокот стана збор и за заедничката безбедносна и одбранбена политика во рамки на ЕУ зашто „посилна Европа значи и посилно НАТО.“ Дополнително, учесниците разменија мислења и за актуелните безбедносни случувања во Украина и Иран како и за влијанието на Кина. Во заедничката изјава по завршување на состанокот на лидери, министерот Мисајловски посочи дека пораката од сите европски земји е дека имаме заедничката безбедносна и одбранбена политика и дека земјава е дел од оваа европска политика. „Ако во рамките на НАТО сме семејство на исто ниво, тоа треба да важи и за Европската Унија“, рече Мисајловски и додаде дека повеќето држави го поздравија придонесот која нашата земја го прави во поглед на колективната безбедност. Македонската делегација на овој Самит на НАТО во Анкара пред своите колеги ја претставија македонската позиција и посветеност за континуирано унапредување на одбранбените капацитети. Дополнително од страна на министерот Мисајловски било нагласено дека земјава останува да биде одговорен и посветен сојузник кој активно придонесува кон колективната безбедност.Тагови: Анкара НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во деловиод котлината со појава на пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени. Следува период на претежно стабилно и потопло време. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во недела кога ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.Тагови: променливо облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтотМакедонија е кредибилен партнер на НАТО и очекувам да се надмине лавиринтот на патот кон Европската унија – порача претседателката гордана Сиљановска Давкова која откри и дека имала средба со бугарскиот претседател Румен Радев. Шефот на дипломатијата Муцунски пак, од НАТО самитот во анкара информираше за билатералните средби, додека министерот за одбрана Мисајловски побара пораките од НАТО да бидат и за ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook