3Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“
Црна хроникаЛишен од слобода кумановец, пронајдени пиротехнички средства, следува пријаваПолицијата одзеде пиротехнички средства од автомобил на кумановец кој продавал овошје и зеленчук, соопшти денеска СВР Куманово.Вчера, во 12:20 часот во Куманово, полициските службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Д.(58) од село Тромеѓа, Кумановско. -Постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на улица „Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1 100 разновидни пиротехнички срредства, соопшти СВР Куманово. Тој е задржан во полициска станица и по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Тагови: кумановец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСи Џинпинг следната недела ќе ја посети Северна Кореја Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе го посети Пјонгјанг на почетокот од следната недела, на покана на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, објавија денес севернокорејските државни медиуми.Кина, исто така, ја потврди посетата на Си Џинпинг на Пјонгјанг во понеделник и вторник, 8 и 9 јуни, објави Јонхап. Ова ќе биде прва посета на Си Џинпинг на Северна Кореја по речиси седум години. Кинескиот претседател последен пат беше во официјална посета на Пјонгјанг на 20 и 21 јуни 2019 година, што беше негова прва државна посета на Северна Кореја откако ја презеде функцијата кон крајот на 2012 година. Претседателите на двете земји последен пат се сретнаа во септември минатата година, кога Ким Јонг Ун го посети Пекинг по повод 80-годишнината од Денот на победата на Кина, каде што присуствуваше на воена парада. Ким Јонг Ун го посети Пекинг пет пати откако ја презеде власта по смртта на неговиот татко, Ким Јонг Ил, во декември 2011 година.Тагови: Кина Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПредлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура Во собранието вчера почна расправата за предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..Пратениците уште на почетокот се судрија за начинот како да се гласа за предлогот, но надвладеа мнозинството тој да се носи со мал, а не со голем Бадентер. Тоа, значи дека предлог – законот треба да се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците на немнозинските заедници. На расправата во Комисијата за политички систем и односни меѓу заедниците, пратениците на европскиот фронт обвинуваа дека законот се коси со рамковниот договор, додека влен, дека ги штити правата на етничките заедници.. Седницата заврши со гласање на кое беше одлучено за предлог законот да се одржи јавна расправа..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“Во Тиват денеска се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската унија и Западен Балкан“, при што главен акцент ќе биде ставен на процесот на проширување на унијата.Инаку Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан со самитот ќе претседава Антонио Кошта, кој во изминатиот период ги посети земјите од регионот. Домаќин на настанот е претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook