Лишен од слобода 69 – годишник по пријава дека допирал малолетничка - Канал 5

Лишен од слобода 69 – годишник по пријава дека допирал малолетничка

Родители во полиција пријавиле сосед дека ја допирал нивната ќерка по што пријавениот е лишен од слобода. Настанот се случил вчера околу 20 часот.

Лишен од слобода 69 – годишник по пријава дека допирал малолетничка

-Вчеравечер во 22.10 часот на ул.„Тодор Циповски-Мерџан" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.К.(69) од Тетово, затоа што околу 19.45 часот допирал по телото малолетничка од Тетово, негова сосетка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Тетово.

Во друг случај во Вејце полицијата бележи пријава за физички напад меѓу соседи. Педесет и седумгодишниот З.Х. вчера пријавил дека утрото околу 7:30 часот, во близина на неговата куќа, физички бил нападнат од 30-годишниот сосед Б.С. Се расчистува и документира случајот и против пријавениот Б.С. ќе следува соодветен поднесок.

Лишен од слобода возач во Пробиштип, управувал возило по дејство на алкохол

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип, ноќеска 10 минути по полноќ во Пробиштип, го лишиле од слобода О.Т. (39) од Пробиштип.

Лишен од слобода возач во Пробиштип,  управувал возило по дејство на алкохол

Како што соопшти МВР, при сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Стоилковиќ со честитка по повод 21 Мај – Светски ден за културна различност за дијалог и развој

Нека овој ден нѐ потсети дека со вреднување на различноста, придонесуваме кон изградба на праведно, инклузивно и демократско општество, а со почит кон секоја култура – чекориме заедно кон поинклузивно и хармонично општество. 

Стоилковиќ со честитка по повод 21 Мај – Светски ден за културна различност за дијалог и развој

Во чест на 21 Мај, денот кога се одбележува Светскиот ден за културна различност за дијалог и развој, кога ја одбележуваме убавината на различноста која нè обединува, нè инспирира и нè збогатува упатувам искрени честитки како потсетник за значењето на културната разновидност како суштинска вредност на секое општество. Токму таа разновидност нека биде мост кој гради разбирање, почит и заедништво помеѓу луѓето, зашто во свет исполнет со различни традиции, јазици и вредности, нашата сила лежи токму во прифаќањето и негувањето на разликите, порача потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ.

Затоа, додава Стоиљковиќ, овој ден нека биде можност да се афирмира важноста на меѓусебното почитување, разбирање и соработка како предуслов за одржлив развој, социјална кохезија и мир. Културната разновидност, вели, не претставува само богатство, туку и сила што ги поттикнува креативноста, толеранцијата и заемното почитување.

-Нека овој ден нѐ потсети дека со вреднување на различноста, придонесуваме кон изградба на праведно, инклузивно и демократско општество, а со почит кон секоја култура – чекориме заедно кон поинклузивно и хармонично општество. Нека културата биде наш заеднички јазик, вели вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците со честитка по повод 21 Мај – Светски ден за културна различност за дијалог и развој.

Неколку лица избодени во напад во Холандија

Повеќе лица се повредени во напад што се случи утрово во Холандија, јавија локалните медиуми.

Неколку лица избодени во напад во Холандија

Итните служби интервенирале кусо пред 6 часот наутро на улицата „Фани Бланкерс-Коенлан“ во градот Хофдорп, откако бил пријавен напад.

Еден полицаец е пренесен во болница, а на полициското возило била забележана крв.

Полицијата во соопштение на X информира дека околу 6 часот примила дојава за напад на улицата „Фани Бланкерс-Коенлан“.

- Повеќе лица се повредени, меѓу нив и еден наш колега. На терен се бројни итни служби и тим за итни медицински интервенции (ММТ). Подрачјето е оградено. Истрагата е во тек. Следуваат повеќе информации, соопшти локалната полиција.

притисни ентер