МакедонијаЛишен од слобода 19-годишник, му биле пронајдени ловечка пушка и разновидна муницијаДеветнаесетгодишен неготинец бил лишен од слобода, му биле пронајдени ловечка пушка и разновидна муниција, информираше денеска Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. - Синоќа во 17.40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Т., на возраст од 19 години, затоа што кај него биле пронајдени и одземени ловечка пушка и повеќе парчиња разновидна муниција. Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, појасни Самарџиев. Рано утрово во 01.56 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1, правец Градско-Велес, настанал пожар во патничко возило „форд фокус“ со романски национални ознаки, во движење, управувано од А.С.А., на возраст од 52 години, од Романија. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Велес. Вчера пак во 14 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека од Здружението на граѓани на улица „Браќа Хаџи Тефови“ биле одземени седум лап-топ компјутери и делови за компјутер. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедум активни пожари во МакедонијаДо 13 часот регистрирани се седум активни пожари, информираат од ЦУК. Гори во општина Сарај кај село Копаница, кај гостиварско Трново, како и во општина Македонски Брод кон селата Битово, Заград и Страјане. Активни пожари има и над село Нежилово во Чашка, во општина Јегуновце кај село Копанце, над касарната во Прилеп и кај старите гробишта каде горат дива депонија и ниска вегетација. Пожар има и во околината на охридските села Велмеј и Брежани.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаПравославните верници денеска го празнуваат Успението на Пресвета БогородицаВо време на болести од неа се барало здравје, во војни се барал мир, а во очај се барала надеж, скопјани со векови најмногу клекнувале пред својата заштитничка Богородица – шепотејќи и ги своите молитви. Празникот Голема Богородица не е само црковна прослава, туку празник на духовноста, традицијата и едно од најстарите наследства на Скопје – а за тоа сведочат и бројните храмови кои со векови се издигале во нејзино име во градот кој ја смета за своја покровителка. Онаа на која денеска дојдовме молитвено да и се поклониме е избраната девојка од Назарет, скромната и понизна Марија која светот не ја знаел, но небото ја знаело, која немала круна, над неа се поклонувале ангелите – порача во своето обраќање Австралиско – новозеландскиот митрополит Никола кој ја водеше литуригијата. -Денеска земјата го испраќа своето најчисто чедо кон небото, а небото ја прима мајката на животот, денес не плачеме зошто Богородица заминува од нас и се радуваме затоа што гледаме каде води патот на оној кој што целосно му се предал на Бога. Прими ги денес нашите молитви, ти која го носеше Христа во своите раце, научи не како да го примиме во нашите срца. - Никола – Митрополит Австралиско – новозеландски Илјадници верници денеска се упатија во храмовите низ Скопје, а добар дел од нив традиционално го посетија еден од најзначајните споменици во околината на градот – средновековниот манастир кој го носи името на денешниот празник – Успение на пресвета Богородица, издигнат во кањонот Матка пред повеќе од седум векови. -Секојдневните грижи и брзање, по минувањето на оваа капија остануваат надвор – верниците ги препуштаат мислите на Бога и молитвите во целосен духовен мир Здравје, спасение и простување на гревовите беа најчестите молитви меѓу верниците, кои запалија свеќи и се поклонија пред мајка Богородица. Дел од нив денеска го завршија и 14-дневниот пост и се причестија. -Секоја година доаѓам овде, на тие што не биле им препорачувам да дојдат во овој прекрасен манастир и ова прекрасно место. Духовен и телесен е постот, се чистиш од тие телесни грешки, гревови ги правиме. Секогаш доаѓаме во овој манастир и секогаш сме тука, помагаме, се трудиме да биде се во ред и така. Целта на постот е за духовно да се изградиме себеси, ако можеме да речеме „НЕ“ на некои основни работи, понатаму во животот ќе можеме и за други. Да запалиме свеќа, да се посветиме на бога. Сите да се добронамерни, добри, со добри мисли. Празникот не е само ден на молитва и духовност, во чест на Голема Богородица со децении трае хуманата, крводарителска традицијата. Димче Филипов, кој во својот живот 83 пати донирал од својата крв, веќе 5та година по ред тоа го прави и во Манастирот на Матка. -Сум имал можност да видам работи кои не треба да се видат, да кажеме сообраќајки и слично, на некој некаде можеби му треба, спасување живот едноставно. - Димче Филипов – Крводарител Додека се кажуваат молитвите, не можат а да не се забележат и фреските во овој историски манастир, кои биле нацртани од охридската сликарска школа уште во 1497 година, а денеска живописот стои на забот на времето. Во Јуни министерството за култура испрати ургенција за итно постапување до конзерваторски, но два месеци подоцна, сликата останува иста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Сејф сити“ почна автоматски да ги детектира и санкционира и мотоциклитеОтсега и моторџиите ќе бидат под лупата на „Сејф сити“, а брзото и несовесно возење ќе значи и директна парична санкција. Со ова се става крај на досегашната пракса во која дел од прекршоците на мотоциклистите не можеа да бидат процесуирани преку системот. ОД мвр појаснуваат дека е пронајдено техничко решение со кое системот автоматски ги регистрира мотоциклите кои ја надминуваат дозволената брзина. Со тоа, и за нив почнува автоматско санкционирање на местата каде што функционира системот за безбедност во сообраќајот. -Преку системот на Сејф сити отсега ќе се детектираат и санкционираат мотоциклистите кои ја надминуваат дозволената брзина. Целта на ваквата мерка е не само да се дисциплинираат мотоциклистите, туку да се зголеми безбедноста на нив самите но и на останатите учесници во сообраќајот. – Михајло Видимлиски – Репортер Новината доаѓа во период кога токму мотоциклистите често се мета на реакции од граѓаните поради брзо и ризично возење, особено во вечерните часови. Ќе го сопрат ли камерите дивеењето на моторџиите или без полициски патроли и контроли на улица ефектот ќе биде ограничен? -Се надеваме. Очекуваме, нормално. Како што се намалија прекршоците благодарение на Сејф сити, се надевам дека истото ќе биде за моторите и во најблиска иднина се надевам и за електричните тротинети. -Нема да се запре, тешко да се запре. Поготово навечер многу брзаат. А да се запре тешко. Би требало полиција да има често. А возат ненормално. Надминувањето на дозволената брзина на мотоциклистите досега беше казнувано како дел од акциите на полицијата. МВР пред два дена соопшти дека во периодот од 18 мај до 31 јули 2026 година спровело засилени контролни акции на целата територија на државата, со посебен фокус на возачите на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. Регистрирале речиси 7 илјади прекршоци, најмногу во Скопје, Битола, Велес и Куманово. Казните од „сејф сити“ ќе ги плаќаат и странските возачи кои ќе направат сообраќаен прекршок на македонските патишта. Пред неколку дена, на граничниот премин Табановце, на излез од земјава, се наплатуваа казни на странски државјани и на овој начин, надлежните ќе спречуваат возачите од странство да заминат од земјава без да ја подмират обврската. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter