3Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
ФудбалЛион ја прекина мини серијата од два поразаФудбалерите на Олимпик Лион ја остварија најубедливата победа во 24.коло од француската Лига 1 и ја прекинаа серијата од две загубени средби по ред. Три бода освои и Ница и не му дозволи на Монако да се одвои на лидерската позиција. Домашниот терен го искористија и екипите на Мец и Олимпик Марсеј. Постигнати резултати: Анже – Рен 0:0, Лориен – Тулуз 1:1, Олимпик Лион – Нанси 4:0, Мец – Дижон 2:1, Ница – Сент Етиен 1:0 и Олимпик Марсеј – Генгамп 2:0. Мечот Бастија – Нант е одложен. Одиграно во вторникот: Монпеље – Монако 1:2, Каен – Бордо 0:4 и ПСЖ – Лил 2:1. Табела: Монако 55 бодови, ПСЖ 52, Ница 52, Олимпик Лион 40, Сент Етиен 36, Олимпик Марсеј 36, Бордо 36,.../МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба. Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на СкопјеМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации. Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден ДончевСпоред неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook