Судот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека граѓански судија не извршил одлука на Уставниот суд за слободи и права на новинарката Наташа Стојановска
1Судот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека граѓански судија не извршил одлука на Уставниот суд за слободи и права на новинарката Наташа Стојановска
3ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Филипче и талогот од СДС кога биле власт, ниту ги решавале, ниту понесоа, ниту пак повикаа на одговорност за случаите со небезбедна вода
СкијањеЛиндзи Вон потврди, нема да настапи на ЗОИ во СочиАмериканската скијачка Линдзи Вон потврди дека нема да настапи на претстојните Зимски олимписки игри во Сочи.- Сторив се што беше во моја можност за повторно да се натпреварувам, но реалноста е поинаква. Моето колено е премногу нестабилно за да можам да скијам на највисоко ниво, изјави Вон, која на минатата Зимска олимпијада го освои златниот медал во спуст. Вон пред 11 месеци имаше операција на коленото, а по долготрајната рехабилитација неколку пати се обиде да се врати на белите патеки. Сепак, Американката никако не успеа да се врати во препознатливата форма, па во неколку наврати таа се здобиваше со повреди. Последната на стартот на новата сезона од Светскиот куп кога го повреди менискусот на истото колено. Инаку, 29-годишната Линдзи Вон важи за една од најдобрите светски скијачки во историјата, а во својата кариера четири пати го освојуваше Светскиот куп./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ФудбалМанчестер Сити го продаде резервниот голман за 50 милиони евра Манчестер Сити го продаде голманот Џејмс Трафорд на Лидс. Според „Атлетик“, Сити ќе добие 50 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, за својот резервен голман. Покрај тоа, Сити задржа клаузула од 20% од наредната продажба. Овој трансфер претставува нов клупски рекорд за Лидс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМЗ: Осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот Фостер од аптеките без доплатаМинистерството за здравство е известено од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек.Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа важи и за другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ). Министерството за здравство во континуитет спроведува активности насочени кон обезбедување поголема достапност на лековите за пациентите по поприфатливи цени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКога чаршијата пее...Битола добива свој фестивал на чалгијатаБИТ ФЕСТ, со уште еден посебен настан, посветен на чалгијата, потврдува дека, визуелниот идентитет на фестивалот соодветствува со културата, историјата и музичкото богатство на градот.Долгогодишната чалгиска традиција, која во Битола зазема истакнато место уште од крајот на минатиот век, оваа година добива своја посветена манифестација. Оригиналните песни, инструменти и препознатливиот звук, кои за Битола и битолските боеми значеле многу и денес оставаат силен печат во секојдневието на градот. Оваа година чалгијата на посебен начин ќе ја заживее Битола, а посебно Старата битолска чаршија. Во организација на Културно-информативниот центар (КИЦ), а во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, од 14 до 16 август ќе се одржат „Битолски Чалгиски Денови“ - првиот фестивал во градот посветен само на оваа специфична музичка форма. Чалгиската музика во Битола потекнува од богатата градска музичка традиција, којашто со векови комуницирала со големите светски музички центри. Влијанијата од Истанбул, Солун, Дамаск, како и од Виена и Париз, го обликувале она што денес го знаеме како чалгиски звук. Слично на модата од тоа време и музиката се делела на „Ала Турка“ и „Ала Франга“. За Битола и битолските боеми, оваа музика со нејзините оригинални песни и инструменти значела премногу, што е потврдено и од бројните преданија и легендарни музички имиња кои оставиле неизбришлив траг во културното наследство на градот. Овогодишното прво издание на фестивалот „Битолски Чалгиски Денови“ го претставува идејниот концепт кој означува патување низ времето, инспирирано токму од боемскиот живот и музичката традиција кои со децении претставуваат препознатлив дел од идентитетот на Битола. Целта на овој настан, кој е во организација на Културно-информативниот центар е да се оживее автентичната атмосфера и духот на Старата чаршија. Реконструкција на некогашниот амбиент Во текот на фестивалот, Старата битолска чаршија ќе се претвори во вистинска, жива сцена на старото битолско боемство. Вечерната програма ќе биде резервирана за концертни настапи на главната сцена, додека во текот на денот, во чаршијата ќе се движат седум пајтони со мали чалгиски состави. Десетина чалгиски оркестри ќе настапуваат на повеќе локации, исполнувајќи го просторот со автентични звуци. Свеченото отворање ќе биде означено со впечатливо дефиле што ќе тргне од Офицерскиот дом (КИЦ) и ќе се движи кон чаршијата. Во дефилето ќе учествуваат седум пајтони со музичари и околу сто статисти облечени во староградски носии, создавајќи впечатлива реконструкција на некогашниот градски амбиент. Како дел од фестивалската понуда, во централниот дел на чаршијата, кај Монмартарот, ќе биде поставен угостителски простор со неколку традиционални кафеани. Промоција на новиот албум „Песни од Офицерски“ Музичкиот врв на фестивалот се очекува да биде на 15 август, кога публиката ќе има можност да го проследи концертот на Оливер Јосифовски и неговите пријатели. На овој настан ќе биде официјално промовиран новиот албум „Песни од Офицерски“, дело кое директно ја продолжува оваа музичка традиција. Претходниот ден, на 14 август, на главната сцена ќе настапи Битолскиот чалгиски оркестар. Завршницата на фестивалот ќе се одржи на 16 август, кога во утринските часови, на Тумбе Кафе, ќе се одржи последниот концерт „На кафе со чалгиите“, со што ќе биде заокружено ова уникатно културно искуство. Првиот фестивал „Битолски Чалгиски Денови“ претставува значајна можност за вреднување и промоција на ова музичко богатство, со директна организација на Културно-информативниот центар, укажувајќи на посветеноста на локалните институции кон зачувувањето и промоцијата на културното наследство во рамките на Битолско културно лето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter