Линдзи Вон покажа како изгледа одзади без фотошоп (ФОТО) - Канал 5

Линдзи Вон покажа како изгледа одзади без фотошоп (ФОТО)

Американската пензионирана скијачка Линдзи Вон одлучи да биде целосно искрена на Инстаграм, социјална мрежа позната по нереално разубавување на сè, особено на женските тела.

Линдзи Вон покажа како изгледа одзади без фотошоп (ФОТО)

Русокосата Американка сподели фотографии со своите придружници во бикини на кои се гледа целулитот.

I’ve posted quite a few swimsuit pics lately, which is scarier than it seems. Even as an athlete there are ruthless comments and media stories that tear apart my body and I admit it sometimes hurts me. I’m a normal person and sometimes I slouch, my stomach folds over, my cellulite shows on my butt, or I don’t fill out my swimsuit top just right....But, I always remember how my body has helped me achieve amazing things in my life and I am proud of how strong I am. I’m not a size zero and that’s perfectly fine with me. One thing I can promise all of you is that I never Photoshop my photos and am proud to officially never had any plastic surgery of any kind. No Botox, no fillers, no mini surgeries. Literally nothing. I am 100% natural and 100% Lindsey. So to anyone who is feeling self conscious or down about their appearance; stay strong, stay healthy and love yourself no matter what the haters say. Special thanks to all of you who have been positive and supportive... lets keep up the culture of body positivity going! ❤️🙏🏻💪🏻

A post shared by L I N D S E Y • V O N N (@lindseyvonn) on

"Во последно време објавив неколку фотографии во костим за капење, и тоа е многу пострашно отколку што изгледа на почетокот. Иако сум спортист, добивам грди коментари за изгледот на моето тело, кои понекогаш ме повредуваат. Исто како секоја нормална личност и јас понекогаш се опуштам, стомакот ми расте и целулитот може да се забележи на мојот задник. Сепак, секогаш се сеќавам како моето тело ми помогна да постигнам неверојатни работи “, напиша таа.

"Горда сум на тоа колку сум силна и среќна. Можам да ви ветам дека никогаш нема да го фотошопирам своето тело, и исто така сум горда што никогаш не сум направила никаква пластична операција. Нема ботокс, филер или мини хирургија. Буквално ништо. Јас сум 100% природна и 100% Линдзи. Затоа испраќам порака до секој што не се чувствува добро со својот изглед: останете силни, бидете здрави и сакајте се, без оглед на тоа што велат хејтерите. Посебна благодарност до сите што ме поддржаа “, додаде таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

30-дневен притвор за 20-годишникот што повреди малолетник во тепачката меѓу навивачите на МЗТ и Работнички

Кривичниот суд му биде одреди 30-дневен притвор на 20-годишник кој е осомничен дека во саботата, за време на тепачката помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје  и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ повредил малолетник.

30-дневен притвор за 20-годишникот што повреди малолетник во тепачката меѓу навивачите на МЗТ и Работнички

Кривичниот суд му биде одреди 30-дневен притвор на 20-годишник кој е осомничен дека во саботата, за време на тепачката помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ повредил малолетник од спротивниот табор.

Според информациите на Обвинителството, за време на конфликтот осомничениот 20-годишник му задал удар во глава на дете од спротивниот табор, кое се онесвестило и паднало на земја. Малолетникот бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Против осомничениот е поведена постапка за кривично дело насилство и му е одреден притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоци, како и да го повтори делото.Тепачката помеѓу навивачките групи на кошаркарските клубови мзт и работнички се случи во саботата околу 19 часот пред спортската сала „Јане Сандански“ во скопски Аеродром.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Според најавите на УХМР во текот на денов не очекува облачно  време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. 

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 14 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 12 степени.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

1 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, Лазарополе, 5 Крушево, 6 Крива Паланка, Берово, 7 Претор, 8 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Охрид, Тетово, Прилеп, 9 Скопје-Петровец, Битола, Велес, Виница, 10 Штип, Кавадарци, Демир Капија, 11 Струмица, 13 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

50 Демир Капија, 45 Гевгелија, 43 Попова Шапка, 38 Крушево, 34 Струмица, 27 Кавадарци, 24 Берово, 20 Скопје-Петровец, Битола, 17 Штип, Виница, 16 Претор, Прилеп, 15 Тетово, Велес, 13 Охрид, 12 Скопје-Зајчев Рид, 10 Лазарополе, 8 Крива Паланка, Куманово.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од среда и во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали и во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 3. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 3. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 3. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи.

Кариера

На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај.

Здравје и совет

Потсетете се на сопствените приоритети.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено.

Кариера

Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор.

Здравје и совет

Ќе бидете креативни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите.

Кариера

Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата.

Здравје и совет

Внимавајте на здравјето.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири.

Кариера

Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате.

Здравје и совет

Сигурен пад на имунитетот.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега.

Кариера

Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука.

Здравје и совет

Сакате да престанете со нездрав живот .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања.

Кариера

Иако ги имате сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник.

Здравје и совет

Делувајте паметно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема.

Кариера

Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност.

Здравје и совет

Контролирајте го своето однесување.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна.

Кариера

Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна.

Кариера

Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден.

Здравје и совет

Следете ја својата интуиција.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога.

Кариера

Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени.

Здравје и совет

Не се откажувајте од своите идеали.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос.

Кариера

Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите.

Кариера

Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето.

Здравје и совет

Бидете подготвени за акција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер