СкијањеЛиндзи Вон најави дека се враќа на терените по шест години– се знае и датумот Линдзи Вон најави дека ќе се врати на Светското првенство за прв пат по речиси шест години во два супер-G во Сент Мориц во Швајцарија на 21 и 22 декември.40-годишната американска скијачка се пензионираше во февруари 2019 година, но го најави своето враќање минатиот месец. Вон се врати во конкуренција минатиот викенд со натпреварот на четири трки во Копер Маунтин, Колорадо, што ја поттикна да одлучи да се натпреварува во Сент Мориц. „Се борам со повреди од 2013 година и секоја година после тоа сум прилично повредена. Последните неколку години од мојата кариера беа попредизвикувачки отколку што мислев“, рече таа. „Но, сега се чувствувам посилно отколку во доцните 20-ти. Страста за скијање никогаш не исчезна, едноставно веќе не бев физички способна да го правам тоа.“ "Па сега, кога имам можност физички да го работам она што го сакам, зошто не би се обидела? Животот е краток. Треба да го живеете секој ден во потполност и тоа е сѐ што правам", додала Вон. Таа рече дека целиот нејзин изглед се променил откако коската на коленото ѝ била заменета со титаниум, што ѝ овозможило целосно да ја исправи десната нога за прв пат по неколку години. „Многу брзо по операцијата и во процесот на рехабилитација веќе правев работи што не ги правев со години“, рече таа. „Моето тело функционираше подобро. Очигледно сум многу посреќна бидејќи не ме боли 24 часа на ден. Станувам посилна, подобра и побрза отколку што бев“, додаде четирикратната победничка на Светскиот куп, која има 82 победи на Светскиот куп и три олимписки медали од кои еден златен. „Иако сум многу возбудена што ќе учествувам, дефинитивно имам цели и очекувања“, додаде таа. „Се обидувам да бидам колку што е можно трпелива на ова патување. Направете го чекор по чекор, не прескокнувајте чекор. Знам дека може да ми требаат трка или две за да стигнам до натпреварувачко ниво, но дефинитивно имам намера да се вратам таму каде што бев порано“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да го „реши прашањето за Куба“ пред да ја напушти функцијата и додаде дека неговата администрација „многу внимателно ја следи ситуацијата“. Американскиот претседател го кажа ова во разговор со конзервативниот радио-водител Хју Хјуит. Трамп ја опиша Куба како пропадната држава. „Многу внимателно ги следиме; ситуацијата е многу лоша. Тоа е, во суштина, пропаднато место, нација – како и да сакате да го наречете“, изјави тој. Трамп истакна дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида. „Би сакал да можам да направам нешто за тие луѓе – за Кубанците кои дојдоа овде откако таму се однесуваа многу лошо кон нив“, рече тој. Тој додаде дека државниот секретар Марко Рубио, чии родители се од Куба, „со задоволство би го направил тоа“. „Би ја разгледал воената опција“ На прашањето дали би употребил воена сила за да ја ослободи Куба од нејзиниот комунистички режим, претседателот одговори дека „секако би ја разгледал таа опција“. Трамп и во неколку претходни наврати навестуваше можна интервенција. Претходно оваа недела, тој изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“. „Куба се распаѓа. Тоа е земја што не функционира. Тие имаат идеологија многу слична на онаа што ја застапуваат Демократите. Тоа е комунистичка, социјалистичка земја – всушност, сè од тоа во едно“, рече тој на брифинг за новинари во понеделникот. Трамп го изјави ова одговарајќи на прашањето дали сè уште планира да ја преземе Куба, додавајќи дека САД ќе ѝ помогнат на Куба „на хуманитарна основа“. За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, Трамп изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот. Во март, пак, тој наведе дека верува оти ќе ја има „честа“ да ја преземе Куба. „Мислам дека можам да правам што сакам со неа. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам што сакам“, им рече тој тогаш на новинарите. На почетокот на овој месец, администрацијата на Трамп најави нов пакет санкции против Куба. Мерките се насочени кон 10 поединци и субјекти поврзани со кубанската влада, војската и нафтената индустрија.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИталија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нацииИталијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, воФранција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0. Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот. Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути. Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот. Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“. Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1. На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит. Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби. Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички. Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство. Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот. Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter