Линда Евангелиста се појави на насловна страница: Нема веќе да се кријам (ФОТО) - Канал 5

Линда Евангелиста се појави на насловна страница: Нема веќе да се кријам (ФОТО)

Поранешниот топ модел Линда Евангелиста некогаш беше позната како најубавата жена на светот.

Линда Евангелиста се појави на насловна страница: Нема веќе да се кријам (ФОТО)

Таа живее во изолација во последните пет години, а неодамна проговори за третманот што тврди дека ја уништил. Таа била подложена на третманот наречен coolsculpting и признала дека ја оставил трајно деформирана. Во интервју за магазинот People, таа сега раскажа како тоа влијаело на нејзиниот живот.

"Сакав да бидам на модната писта. Сега се плашам да налетам на некој што го познавам. Не можам повеќе да живеам во срам. Уморна сум од криење. Подготвена сум конечно да проговорам", рекла Линда. Таа вели дека три месеци по третманот почнала да забележува испакнатини на брадата, бутовите и пределот околу градите. Областите што сакаше да ги намали наеднаш пораснале, а потоа отрпнале.

"Се обидов сама да го поправам, мислејќи дека правам нешто погрешно. Имаше ситуација кога престанав да јадам, мислев дека го губам разумот", признала таа. Во јуни 2016 година, таа конечно решила да посети лекар кој и` рекол дека ниту една диета или вежбање нема да и` помогнат.

Констатирана ѝ била парадоксална хиперплазија на масно ткиво, односно ретка нуспојава по третманот во која процесот на замрзнување предизвикува згуснување и проширување на заболеното масно ткиво. Евангелиста на крајот направила две липосукции, но таа тврди дека ниту тоа не и` помогнало.

„Не беше ништо подобро. Нерамнините се испакнати. Не се гледам во огледало. Отсекогаш знаев дека ќе остарам и знам дека има работи низ кои поминува моето тело. Но, едноставно не мислам дека би изгледала вака. Физички не се препознавам, дури не се препознавам како личност. Линда Евангелист повеќе не е супермодел“, признала Линда.

"Се надевам дека ќе се ослободам од срамот и ќе им помогнам на луѓето кои се во иста ситуација како мене. Тоа е мојата цел. Но, едно знам сигурно - нема да се кријам повеќе", заклучила таа.

Инаку, Линда беше една од најуспешните и највлијателните модели во 1990-тите. Во една прилика изјавила дека не станува од кревет за понуда помала од 10.000 долари.

„Ниту еден модел не бил подобар од неа“, изјавила за People поранешната главна уредничка на Vogue, Ана Винтур.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника во Ниш: Ученик влегол во училиште со пиштол и имал список за отстрел- уапсен е маж за ширење лажна вест

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Ниш, по наредба на Основното јавно обвинителство во Ниш, го уапсија М. Ј. (1979) од овој град.

Паника во Ниш: Ученик влегол во училиште со пиштол и имал список за отстрел- уапсен е маж за ширење лажна вест

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Ниш, по наредба на Основното јавно обвинителство во Ниш, го уапсија М. Ј. (1979) од овој град, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и неред, додека против Б. И. (1973) од овој град, осомничен за истото кривично дело, во редовна постапка е поднесена кривична пријава, објави Телеграф.

М. Ј. е осомничен дека вчера од својот профил на социјалните мрежи споделил лажни информации дека ученик во средно училиште во Ниш донел пиштол во училиште и дека имал список на луѓе за отстрел, што предизвикало загриженост кај родителите и учениците.

Оваа објава, како што се сомнева, е преземена од профилот на Б. И., кој бил достапен за мал број луѓе.

На М. Ј. му е одредено притвор до 48 часа и ќе биде приведен во Основното јавно обвинителство во Ниш со кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон погоди нуклеарна електрана во Русија- итно се огласи МААЕ

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека дрон удрил во ладилна кула во нуклеарната централа Курск во Руската Федерација.

Дрон погоди нуклеарна електрана во Русија- итно се огласи МААЕ

Се наведува дека електраната работела во времето на нападот, но нејзиниот режим на работа не се променил и немало пожар.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави дека сите напади врз нуклеарните постројки се „неприфатливи бидејќи можат да ја загрозат нуклеарната безбедност, без оглед каде се случуваат“.

Генералниот директор Гроси, исто така, го повтори својот повик за максимална воена воздржаност за да се спречи ризикот од нуклеарна несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Добила отказ зашто се заканувала дека ќе ја убие колешката, судот пресуди во нејзина корист- ќе добие и отштета

Порано оваа година, една компанија во покраината Зеланд во Холандија отпушти жена поради закана дека ќе убие колешка.

Добила отказ зашто се заканувала дека ќе ја убие колешката, судот пресуди во нејзина корист- ќе добие и отштета

„Подобро да не ја сретнам, бидејќи ќе ја средам“, рекла жената, по што била отпуштена.

Сепак, Окружниот суд на Зеланд и Западен Брабант пресуди дека отказот без претходна најава е престрога казна за заканата и ѝ наложи на компанијата да ѝ исплати на жената повеќе од 10.000 евра.

Жената почнала да работи во финансиската администрација на организацијата на почетокот на 2024 година. Во февруари 2026 година, таа била суспендирана поради, како што рекол работодавачот, лоши резултати.

Таа била обвинета за вознемирување, заплашување и намерна саботажа и поткопување на колегите. Таа имала конфликт со колешката поради озборувања, објавува NL Times.

По суспензијата, жената морала да му го предаде компјутерот на ИТ менаџерот, кој ја испратил до излезот. На излегување, таа рекла: „Подобро да не ја сретнам, бидејќи ќе ја фатам. Можеш да ѝ го кажеш тоа“.

Работодавачот верувал дека жената се осврнува на колешката со која се расправала. Таа била отпуштена веднаш поради таа изјава, врз основа на тоа дека станува збор за „сериозна закана за насилство“.

Отпуштената вработена се обратила на суд, тврдејќи дека таквата казна е прекумерна и неоправдана. Таа изјавила дека нејзината изјава не се однесува на некое конкретно лице и дека била емоционално вознемирена бидејќи суспензијата дошла како целосно изненадување за неа.

Работодавачот, од друга страна, тврдел дека заканувачката изјава не била изолиран инцидент и дека колегите и клиентите претходно се жалеле на нејзиното однесување.

Окружниот суд Зеланд-Западен Брабант пресуди во корист на жената. Судот утврдил дека нејзината изјава била „заканувачка и неприфатлива“ и дека нејзиното објаснување дека не мислела на некој конкретен колега не било веродостојно. Сепак, судот ги зел предвид олеснителните околности.

Судијата сметала дека е „разбирливо“ што жената била вознемирена од суспензијата и дека ја дала заканувачката изјава „во жештината на моментот“.

Судот, исто така, не ги зел предвид претходните жалби за нејзиното однесување, бидејќи тие не биле наведени како причина за отпуштањето. Покрај тоа, работодавачот не можеше да докаже дека овие жалби некогаш биле покренати до жената.

Затоа, судот го поништи отказот со моментално дејство.

Жената не сакаше да се врати на работа бидејќи во меѓувреме веќе нашла друга работа, па судот ѝ наложи на компанијата да ѝ исплати повеќе од 10.000 евра. Оваа сума вклучува законска отпремнина од речиси 2.700 евра, отказен рок од повеќе од 4.300 евра и дополнителни 3.500 евра за неоправдано отпуштање.

Жената побара 47.000 евра отштета, но судот ѝ досуди значително помал износ бидејќи наскоро нашла нова работа, па нејзините финансиски загуби биле ограничени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер