Лилјана Пандева: Наградата „Григор Прличев" чест, но и потврда на моето образование, искуство, - Канал 5

Лилјана Пандева: Наградата „Григор Прличев" чест, но и потврда на моето образование, искуство,

– „Капетаните" е буквално израз на сето она за што сум се образвувала, и на некој начин почит на ликот и делото на Прличев, кој слободно да кажам ми бил опсесија, изјави таа.

Лилјана Пандева: Наградата „Григор Прличев" чест, но и потврда на моето образование, искуство,

Наградата „Григор Прличев" за најдобра поема за 2020 година за мене пред се претставува огромна чест, а потоа и потврда на моето целокупно образование, животно искуство и литерарно творештво, изјави Лилјана Пандева, годинешниот лауреат на високата награда што секоја година се доделува во чест на ликот и делото на големиот охридски и македонски поет и преродбеник Григор Прличев.

На свеченоста по повод наградата што и е доделена за нејзината поема „Капетаните" Пандева појасни дека преку делото направила спој на епското и лирското, современото и традиционалното, животот и литературата.

– „Капетаните" е буквално израз на сето она за што сум се образвувала, и на некој начин почит на ликот и делото на Прличев, кој слободно да кажам ми бил опсесија, изјави таа.

Пандева за поетскиот израз рече дека претставува лирско дело со наративни елементи, без нарација и приказна нема поема.

– Спојување на тие елементи во поема е доста тешко. Во денешната современа литература, особено во светската па и во македонската поезија се почесто ги среќаваме токму споевите на интеркултуралноста и интерлитерарноста и на епиката и на лириката. Поемата бара и драма, сето тоа да биде споено, а пред се историски настан, подвиг, херојство. Затоа и „Сердарот" е поема во вистинска смисла на зборот, рече таа.

Во нејзината поема „Капетаните" тема е актуелен политички настан, хероите се наши мировници во Авганистан, борци за правда и мир, испратени во хумана мисија, во потрага по доброто, хуманото, алтуристичкото, каде човек ги пројавува своите морални квалитети, за спас на слабите и немоќните.

Зборувајќи за награденото дело, претседателот на жири-комисијата за доделување на наградата д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, истакна дека поемата „Капетаните" се издвоила од петнесеттината доставени творби по својата структурална комплексност, со сложена експликација на развојот на самото дејство земено како основа или мотив.

– „Капетаните" е особено дело по своите структурни, содржински, поетички квалитети. Нив ги доживуваме и како своевиден паралелизам со поемата „Сердарот" на Прличев, бидејќи и во однос на мотивот и во однос ликовите согледуваме поклопувања, рече Тошиќ.

Свеченостите во рамки на „Прличевите беседи" како манифестација што секоја година се одржува во чест на големиот поет почнаа со положување ловоров венец пред спомен-бистата на Прличев, по што беа доделени награди на првонаградените ученици на распишаниот литературен конкурс по повод патрониот празник на основното училиште во Охрид што го носи неговото име.

Претпладнево делегации на градот и институции се поклонаа пред гробот на великанот каде се одржа панихида. Во изложбениот салон на Центарот за култура беше отворена изложба на ликовни дела од колекцијата на НУЦК „Григор Прличев".

Попладнево во градската библиотека ќе биде промовирана книгата „За Прличев и неговиот 19 век" од д-р Вера Стојчевска-Антиќ.

Книгата е симбиоза од научно–истражувачки текстови од д-р Стојчевска–Антиќ објавувани и презентирани во период од близу 40 години наназад на разни домашни и меѓународни конференции и настани и поводи. Од нив извира поврзаноста на Прличев со Свети Климент и неговото силно влијание врз одредени слова кои се мотивирани од заеднички извори. Трудот на д-р Стојчевска–Антиќ ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од 12 век во црковнословенски, за да се дојде до 19 век со потреба од изрaзување на сопствен литературен јазик, различен од бугарскиот, од српскиот, а разбирливо тоа е евидентно и со грчкиот јазик.

Манифестацијата „Прличеви беседи" е востановена пред шест децении, како одбележување на годишнината од смртта на големиот поет, кој почина на 4 февруари пред 128 години. Прличев пред век и половина беше овенчан со Ловоров венец во Атина за неговата поема „Сердарот". „Прличевите беседи" се одржуваат во организација на Центарот за култура и библиотеката во Охрид што го носат неговото име, со поддршка на Министерството за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Артета: Не сум многу задоволен затоа што сакавме да го победиме Баерн во Минхен

Актуелниот европски вицешампион Арсенал одигра одличен меч на гости на Алианц арената во Минхен против германскит првак Баерн, и покрај многуте шанси на двете страни и извонредниот фуддбал мечот заврши без победник, 2:2. 

Артета: Не сум многу задоволен затоа што сакавме да го победиме Баерн во Минхен

Гигантот од Лондон со ремието во Минхен ја прекинаа низата победи во групната фаза во Лигата на шампионите започната уште минатата сезона, но сепак предводникот на топчиите Артета треба да биде задоволен од епилогот на дербито.

По мечот во Минхен, тренерот на Арсенал, Микел Артета израи мало незадоволство зошто неговиот тим не победил. Топчиите имаа поголем посед на топка, упатија повеќе удари кон голот на противникот, изведоа повеќе корнери, но на крајот се задоволија со еден освоен бод на теренот на германскиот првак.

„Го прифаќам ремито, но тоа не значи дека сме многу среќни. Тоа е така затоа што се подготвувавме да дојдеме тука и да победиме. Сакавме од првата минута да го притиснеме Баерн. Бевме доминантни во првите 20-25 минути кога и дадовме гол за водство. Но, во раната фаза се случи повредата на Бујако Сака. Потоа, направивме некои грешки и Баерн Минхен е тим кој тоа знае да го казни. Ова беше дуел на два тима кои сакаат постојано да напаѓаат. Моите играчи покажаа дека сакаат да играат без калкулации, да победат. Тоа многу зборува за нашата екипа и за духот кој го имаме. Честитки за играта на моите фудбалери, успеаа да се вратат и кога бевме во негатива“, рече Артета по дуелот на „Алијанц Арена“.

YouTube video

Стратегот на Арсенал, го искажа својот став и за повредата на Сака воопшто не делува наивно, но дека е потребно да има детални прегледи, за да се знае колку долго ќе паузира.

„Ваквите натпревари имаат голем интензитет во текот на сите 90 минути. Видовте и на ПСЖ – Барселона што се случи, кога се повредија неколку фудбалери. Повредата на Букахо не изгледа добро, но ќе чекаме конкретни резултати“, додаде Артета.

Инаку во вчерашните мечеви од 3 коло во Лигата на шампионите постигнати се следниве резултати.

Астон Вила - Викинг 3:1 (2:0) Баркли 23, Буендија 37.п, Хегхајм 62. аг - Кристијансен 84

Баерн - Арсенал 2:2 (1:1) Дејвис 35, Кејн 61.п - Езе 25, Рајс 81

Бетис - Феенорд 1:0 (0:0) Околу 59 п.н.е

Клуб Бриж - Ленс 3:0 (1:0) Ванакен 45+3, вели 50, Форбс 72

Интер - Шахтјор 1:0 (0:0) 77 август

Реал Мадрид - Лајпциг 4:1 (1:0) Силва 44, Ѓулер 52, Мбапе 83, Диоманде 87 - Гомис 85

Спортинг - ЛАСК 2:3 (1:1) Суарез 5.п, 89 - Ланг 15, Калајџиќ 63, Данек 68

Комо - М. Јунајтед 4:1 Паз 2, 57, Дувикас 49, Рамон 76 - Циркзе 90+1

Лил - Галатасарај 2:4 Дијаун 7, 39 - Акгун 2, Батраков 44, Озер 52. аг, Осимен 61

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска  ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора.

Мицкоски  учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската унија.

На главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.

По повод претстојниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. 

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.

Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

РСБСП укажува:

Почитувајте ги ограничувањата на брзината.

Не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци.

Не користете мобилен телефон додека возите.

Користете сигурносен појас на секое патување.

Обезбедете ги децата во соодветно детско седиште.

Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични маневри.

Проверете ја техничката исправност на возилото пред патување.

Доколку сте уморни, направете пауза и одморете се.

Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома.

Вози одговорно. Секој живот е важен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер