Лилјаците, „најнеправедно“ третираните животни на Земјата; човекот не смее да ги изгуби во природата - Канал 5

Лилјаците, „најнеправедно“ третираните животни на Земјата; човекот не смее да ги изгуби во природата

Лилјаците имаат „лош углед“ во западниот свет, па и во нашето поднебје..

Лилјаците, „најнеправедно“ третираните животни на Земјата; човекот не смее да ги изгуби во природата

. Застрашувачкиот изглед, митовите, народните преданија, популарната култура, но и негативното медиумско известување довеле до тоа - овие летачки цицачи да бидат поврзувани со вампири, со злото или да бидат „главни обвинети“ за епидемиите ширум светот... Сепак, реалноста е дека бројот на лилјаци во светото се намалува, а целиот екосистем ќе страда ако тие целосно исчезнат.

Инаку, во цел свет има повеќе од 1.400 видови лилјаци - една петтина од познатите видови цицачи во светот. Тие ја користат својата високо развиена ехолокација за да се движат и да ловат плен ноќе, а некои можат да намирисаат работи мали - како прамен коса. Меѓу најзначајните улоги на лилјакот во екосистемот е јадењето штетници. Така, на пр., 30 милиони лилјаци по должината на северната граница на Мексико истребуваат 300 тони инсекти секоја вечер. Покрај тоа, лилјаците што јадат овошје, летајќи на долги растојанија по храна, имаат клучна улога во разнесувањето на семето. Родриго Меделин, виш професор по Eкологија на Универзитетот на Мексико (во Сиудад де Мексико), си зел задача да го промени начинот на којшто луѓето ги гледаат овие животни, преку едукација, истражување и застапување. Фасцинацијата со лилјаците кај него трае уште од негови 13 години, кога првпат држел лилјак в рака.

- Тогаш решив да го посветам мојот живот на проучување и заштита на лилјаците... Пештерите се среќно место. Мирно, темно, тивко и по некој пискот на лилјак. Тука се чувствувам опуштено и сè што правам е да се обидам да го пренесам тоа чувство на луѓето околу мене, вели проф. Меделин за „Си-ен-ен“.

Тој е наградуван за својата работа и е основач на латиноамериканската мрежа за зачувување на лилјаците, наречена „Глобална јужна база“ каде што членуваат и други научници.

Одредени видови можат да живеат повеќе од 30 години. Но, сите лилјаци се размножуваат бавно - обично со по едно младенче годишно. Следствено, бројот тешко се опоравува по опаѓањето.

- Тие се многу мистериозни. Многу луѓе се плашат од нив, ги напаѓаат, или ги презираат. Тие се веројатно најнеправедно третираните животни на Земјата, вели Меделин.

Лилјаците честопати се споредуваат со злото и темнината, особено во Европа - главно поради преданијата со вампирите и натприродното во фолклорот. Тие народни приказни раскажуваат и за ѓаволот, зли духови и вештерки. Во источната култура има поинакви гледишта. Во кинеската традиција, на пр., лилјаците се сметаат за симбол на среќа и успех.

Погледите на лилјаците се влошија за време на корона-пандемијата, кога се појави верувањето дека овој вирус потекна токму од лилјаците.

- Сигурно нема повеќе болести кај лилјаците отколку кај Вашите кучиња или мачки. Тоа е ужасно преувеличено... А пак, обновувањето на шумите во голема мера зависи од лилјаците, истакна Меделин.

Тој вели дека со разнесувањето семки подалеку од дрвјата-домови, лилјацте помагаат во обновувањето на шумите, одржувањето на разновидноста на растенијата и поддршката на животниот циклус во однос на другите организми.

- Натаму, тие се клучни опрашувачи за голем број растенија, вклучувајќи ја и агавата - растение што се користи за производство на текила. Замислете што би се случило ако ги изгубиме лилјаците преку ноќ. Гладните инсекти би ги уништиле посевите, а и бројот на комарци би бил огромен, драстично менувајќи го нашиот начин на живот, предупреди Меделин.

Според своето искуство, секој кој имал каков било допир со лилјаци - го одржува тој контакт и го шири пријателството.

И покрај сите нивни позитивни придонеси, лилјаците се соочуваат со многу предизвици - повеќето предизвикани од човековото делување. Овде спаѓа уништување на живеалиштата, прекумерно користење ветерници, употреба на пестициди и, во последно време - тн. синдром на бел нос (габична болест). Ова се некои од причините зошто лилјаците се загрозен вид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер