ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?
1Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?
ЗабаваЛили во февруари ќе биде интимна со 1.000 мажи за 24 часа- сака да постави нов рекорд Во февруари ќе биде поставен нов светски рекорд, а Австралијката Лили Филипс (23) ќе направи нешто што никој досега не го направил.Имено, таа планира да спие со 1.000 мажи за 24 часа! Тоа значи дека секоја нејзина интимна врска ќе трае точно 1,44 минути, објави Марка. -Почнав да вежбам. Минатата недела бев интимна со 101 маж за 10 часа. Тоа беше само загревање бидејќи во февруари ќе бидам првата жена која ќе достигне четири цифри. Да, ќе имам односи со 1.000 момци за 24 часа – објави таа на мрежата „Х“. - Сакам да знам какво е чувството после толку многу мажи. Се чувствувам како да ме удрил автобус. Толку сум нервозна – признала таа. OnlyFans creator Lily Phillips says, "I'm going to be the first ever person to be with a 1000 men all in 24 hours!!"#LilyPhillips #LillianPhillips pic.twitter.com/Xn1Mye2p3b — News Omelette (@NewsOmelette) October 26, 2024 По нејзината објава, загрижените лекари се огласија и го објаснија ефектот врз телото на толку голем број интимни врски. Д-р Зак Тарнер, лекар од Сиднеј и специјалист за превентивно здравје, предупреди дека овој вид на екстремна активност може да има многу лошо влијание врз нејзиното тело. - Интимниот однос во суштина е физички напорна активност која вклучува различни мускули, кардиоваскуларен систем и ослободување на ендорфини. Ако се прави умерено, тоа е слично на вежбањето кое нѐ ослободува од стрес, е добро за кардиоваскуларното здравје и емоционалната поврзаност. Меѓутоа, кога се впуштате во крајности како што е 24-часовен интимен маратон, физичките и физиолошките последици можат да бидат многу сериозни - предупреди тој. Вообичаени проблеми кои можат да настанат се модринки, „искината“ вагина и болки по целото тело. - Замислете да трчате маратон без претходен тренинг. Повредите, дехидрацијата и целосната исцрпеност се речиси загарантирани – додаде д-р Тарнер. Сепак, и покрај предупредувањата на лекарите, Филипс нема намера да се откаже. Напротив, таа веќе смисли како ќе изгледа сѐ. Ќе има личен асистент кој ќе ги пропушта мажите во точно одреден временски интервал, како и обезбедување. -Планот е да добиеме соба со две врати, едната за влез, другата за излез. Момците кои сакаат да учествуваат треба да испратат слика на која има лична карта, а мојот личен асистент ќе ги организира кога ќе влезе некој од нив - рече Лили. Претходниот рекорд го држи порно актерката Лиза Спаркс, која во 2004 година во Полска била интимна со 919 мажи во еден ден. Наводно рекла дека во одредени периоди ѝ било толку досадно што нарачувала брза храна. Откако го постави рекордот по број на партнери, Лиза призна дека барем една недела после тоа чувствувала болки во целото тело од прекумерниот напор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари. Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен. Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира. Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба. Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизФото: Ангел на ВС како „подарок“Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“. По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања. Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура. Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе. За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПознати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачкаФудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки. За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес. „Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган. Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска. Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина. На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација. Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook