НБАЛилард повтори достигнување на Џордан Демијан Лилард го повтори достигнувањето на легендарниот Мајкл Џордан.Ѕвездата на Милвоки стана вториот играч во историјата на НБА кој победил на едно од саботните натпревари и потоа бил прогласен за МВП на Ол-стар натпреварот следниот ден. До денес единствениот играч кој го постигна ова беше најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан. Во 1988 година, легендарниот играч на Чикаго победи на натпреварот за забивање и стана најкорисен играч на натпреварот на сите ѕвезди. Лилард ја освои својата втора последователна титула на натпреварот за 3 поени во саботата и ја заслужи титулата МВП на Ол-стар мечот одигран ноќта недела кон понеделник постигнувајќи 39 поени. Dame receives loud boos from Indiana after winning All-Star MVP pic.twitter.com/va72dDVuUs — NBACentral (@TheDunkCentral) February 19, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВоздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите во близина на МекаВоздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите јужно од Мека пред да влезе во забранетиот воздушен простор над светиот град, изјави портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен.Дронот, кој беше пресретнат синоќа е втор обид на Хутите да ја таргетираат Мека по лансирањето балистичка ракета во јули 2017 година, а следува по една недела напади од Хутите кои се сојузници на Иран..Претставниците на Хутите негираа дека ја нападнале Мека. Нападите врз Саудиска Арабија ги шокираа глобалните енергетски пазари, потресени од шестмесечната војна меѓу САД и Иран, која го забави бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец. Хутите во последните денови ја презедоа контролата врз делови од брегот на Црвеното море на Јемен, кои се наоѓаат на Баб Ел-Мандеб, еден од најважните бродски теснеци во светот, заканувајќи се на извозот на нафта од Саудиска Арабија пренасочен од Ормутскиот теснец.Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман, минатата недела му телефонираше на американскиот претседател Доналд Трамп барајќи воена поддршка, која досега беше ограничена на разузнавачка помош.Тагови: дрон Саудиска Арабија Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСудот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВКСудот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.Американската амбасада во Приштина веќе издаде безбедносно предупредување поради очекуваните масовни протести во Косово. Вчера во Скопје беше одржан собир за поддршка на обвинетите. Настанот, се одржа на плоштадот „Скендербег“ и траеше околу половина час.на собирот покрај организаторите од албанскиот младински форум, се обрати и поранешниот командант на ОНА и поранешен пратеник во собранието Џезаир Шаќири – Хоџа. Присутните на настанот носеа маици со ликовите на поранешните водачи на ОВК и од настанот упатија порака дека очекуваат ослободителна пресуда за обвинетитеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВИДЕО: Телевизиски хеликоптер што снимал сообраќајна несреќа се урна во САД, тројца загинатиХеликоптер на американската телевизиска станица KNBC се урна синоќа во Лос Анџелес. Во несреќата загиналенајмалку три лица, вклучително и пешак на паркинг, а едно лице е пренесено во болница. Хеликоптерот се урнал нешто пред 19 часот по локално време, на околу 40 километри северозападно од центарот на Лос Анџелес. Екипи за итна помош и новинарски екипи се наоѓале во близина во тоа време, известувале за посебна несреќа со автобус во која исто така имало жртви. „Знаеме дека станува збор за хеликоптер на информативната редакција и знаеме дека изгубивме контакт со нашите луѓе“, изјави во етер водителката на KNBC, Колин Вилијамс. Претходно истата вечер, таа соопштила дека станицата изгубила контакт со екипажот на хеликоптерот. Противпожарната служба на Лос Анџелес соопштија дека на местото на несреќата се пронајдени три починати лица, додека едно лице е пренесено во локална болница; неговата состојба е непозната. "IT CAME AND SLAMMED INTO THE BUILDING" EYEWITNESS DESCRIBES AFTERMATH OF NBC HELICOPTER CRASH IN CHATSWORTH An eyewitness has described the aftermath of the NBC 4 Los Angeles helicopter crash in Chatsworth, near the site of a Metro bus crash. Emergency crews rushed to the scene as debris from the helicopter was scattered around the crash site. — Subodh Kumar (@kumarsubodh_) September 16, 2026 Едно од починатите лица било „пешак кој се наоѓал на паркингот“, изјави капетанот на противпожарната служба, Бранден Силверман. Причината за несреќата сè уште не е позната, а властите не го соопштија бројот на лица кои се наоѓале во хеликоптерот. Силверман изјави дека леталото е речиси целосно уништено и дека истражителите ќе треба да ги пребараат остатоците за да ги идентификуваат жртвите и да го потврдат идентитетот на хеликоптерот. BREAKING: TV news helicopter crashes during live shot of bus crash in Los Angeles. The helicopter belongs to NBC Los Angeles (KNBC-TV). No word yet on casualties. https://t.co/kXwgr5meOP — BNO News (@BNONews) September 16, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter